top of page
Writer's pictureinfoislam

Искушенијата се милост за верникот

Користи од искушенијата:

а. Правење добри дела

б. Бришење од гревови

в. Будење од фазата на непослушност

г. Запознавање на големината на Аллаховите благодетти

Нема сомнение дека многу искушенија имаат корист. На таа тема пишувале многу научници, а особено Ибнул Кајјим и Ибнул Џерије и како наистакнат Ел-Ебшејх. Првата корист која ја има оној кој ќе биде искушуван е голема награда со која Аллах ќе му помогне за неговото мало дело, особено ако биде трпелив со искушението и на никој да не му се пожали, туку да му се заблагодарува на Аллах и на него да Му го предаде целиот случај и да не приговара за Неговата моќ. Една од истакнатите користи и потреби на секој муслиман, посебно на Судниот ден, е бришењето од гревови. Па кое живо суштество греши толку на овој свет како што греши човекот? Искушенијата во тој случај доаѓаат како Аллахова милост, за да ги избрише нашите гревови. Искушението е будење на верник од овосветска немарност и повлеченост, предупредување за да не се одалечи од Оној свет (ахирет). Искушенијата се предупредување од Милостивиот и Сомилосниот кои ги дава на оние робови кои Тој ги сака, за да се вратат на вистинскиот пат и да прават добри дела па затоа Аллах го создал искушението, не губејќи време во она што не му носи добро и спас на Судниот ден. Искушението е исто така и запознавање на големината на Аллаховите благодетти, затоа што човек е наречен ИНСАН (арапски-заборавко), бидејќи многу заборава, го заведуваат благодеттите и заборава на Оној кој му ги дал. Искушенијата доаѓаат за да го потсетуваат на големата Аллаховата добрина , откако тој ја заборавил.

НЕ ОТФРЛАЈ

Немоќ е болест од која страдаат многу луѓе. Ќе наведеме неколку вида на слабост и начини за надминување.

1. Иманска слабост(слабост во верување) – ефективни средства за нејзиното лечење се:

a. Грижа за извршување на фарзови(наредбите).

б. Потсетување за правење ибадет како што се: доброволен пост, спомнување на Аллах и помагање на сиромашните.

2. Образовна немоќ- средства кои се користат за лечење се:

а. Хифз- памтење на Куранот

б. Памтење на хадисите на Аллаховиот Пратеник и

в. Задолжително читање.

Научни методи за надминување на слабостите во читењето: човек треба да прочита барем една мала книга секој месец, барем една поголема книга од секој квартал, и голема, па макар и една огромна книга секоја година. Пожелно е да чита текстови од голем број дисциплини. Со читањето на исламските списанија може да се запознае со состојбата на муслиманите во светот, од Исламското образование , може да учи од методите на одгој, а од интернет сајтот Islamic Q&A на шејх Салих Мунеџид да дознае што повеќе за фикски прописи. Покрај наведеното, потребно е да :

г. Слуша вести, но претпазливо и селективно.

д. Да слуша предавања со исламска содржина.

3. Даветска немоќ

Научни средства за лекување на даветска немоќ се:

а. Да разбере дека тоа е минлива фаза која мора да се ослободи.

б. Вежбање на храброст и пријателство, избегнување на страст и несакани ситуации.

Превод: Муслима

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page