top of page
Writer's pictureinfoislam

Исламот во виртуелниот свет

Секој нов муслиман може да потврди дека потрагата за исламско знаење е како жед која едноставно не може да се угаси. Откaко човечкото срце ќе се спои со свелото и вистината на Исламот, гладта за конечната Божја објава расте како цвет во плодна градина.

Ова може да биде и тешко, посебно во овие денови кога тешко се наоѓа автентично исламско знаење. Иако интернетот е докажан како благослов за промоција на исламот, исто така е прогласен и за проклество.

Може да се каже дека најтешко им е на новите муслимани, кога треба да направат разлика помеѓу правилната исламска информација, или намерната дезинформација од страна на непријателите на Исламот, или некоја информација која е превеземена од страна на сектите кои Исламот го прилагодуваат на своите гледишта.

Потпирањето на интернетот како единствен извор за исламско знаење може да биде проблематично, и може негативно да влијае на знаењето на оној кој е во потрага по истото, затоа што некои информациите може да не се во склад со Куранот и Суннетот.

Сурфањето по интернет, посебно за новите муслимани, може да биде збунувачко, од причина што многупати е тешко да се направи разлика меѓу автентичното исламско знаење и знаењето кое е погрешно, но е преставено како исламско.

Меѓутоа, постојат безброј веродостојни исламски страници кои нудат непроценливо знаење за муслиманите и кои зборуваат за ширењето на правилната порака на исламот за милиони корисници.

Кога бараме исламско знаење на интернет, корисникот не само што треба да биде претпазлив од содржините на кои им пристапува туку би требало и цврсто да ги разбира основите на исламот, како што е верувањето во Аллах и животот во склад со учењето на исламот.

Кога ќе ја достигнете оваа основа на разбирање, таа ќе ви биде од голема помош да ги избегнете погрешните информации кои се далеку само еден клик.

Јас лично паднав во замката на погрешните информации за исламот кога во 1996 година преминав во ислам.Немав никакви книги ниту ресурси на кои можев да се потпрам, освен интернетот. Како резултат на тоа, поминав неколку месеци во состојба на тотална збунетост.

Кога го прочитав англискиот превод на Куранот сватив дека тој значајно се разликува од она што го прочитав на веб страните. Можев да кажам дека бев во потполност збунет. Дезинформацијата која ја најдов на интернет ме неведе да се запрашам за својата нова вера и причините на моето преоѓање во неа.

Само со Аллаховата милост, доверливи пријатели ми ги отворија очите и ми ја покажаа дезинформацијата за исламот која можев да ја прочитам на интернетот. Сватив дека половина веб страници на кои јас се потпирав немерно или ненамерно ширеа погрешни информации.

Со текот на времето моето знаење за исламот растеше низ касети и книги, па бев во можност да ја распознаам лажната информација од вистинската пред тие да можат да ми го расипат моето срце. За жал, многу нови муслимани кои бараат информации само онлајн веројатно ќе бидат исто жртви на дезинформации што значително може да им наштети на нивната вера.

Размислувајте за изворот

Значи штотуку сте гуглале збор или фраза која се однесува на исламската вера и околу 2.5.милиони страници ви излегле како резултат на вашето пребарување. Ќе потрае неколку животи ако се обидеме да ги истражуваме сите.

Кога е во прашање пребарувањето на вистинската исламска информација мора задолжително да се испита изворот на таа информација. Читајте ги малите содржини кои се прикажуваат во пребарувањето. Дали тоа е во склад со Куранот и Суннетот?

Запамтете, исламот е вера на здравиот разум, така да, што и да прочитате, ако тоа на било кој начин ви е двосмислено, едноставно повеќе личи на погрешна отколку на вистинска информација, или содржи било каква примедба или клетва; тогаш шансите дека тоа не е вистина се многу големи. Меѓутоа, ако ви е чини дека содржината е во склад со исламот тогаш е сигурно (за тој пат) да ја отворите таа страна.

Откако ќе ја отворете одбраната страна, прво правило во сурфањето е да се отвори „ЗА НАС“ на веб страницата. Дознајте кој стои зад веб страницата и дознајте која е нивната мисија.

Поголемиот дел од веб страните во нивниот увод во делот „ЗА НАС“ ќе кажат дека се страница која работи за Аллахово задоволство и треба да кажат дека сите информации се во склад со Куранот и Суннетот.

Нешто сомнително

Нашата фитра или вроденото внатрешно водство, често ќе не предупредува кога ќе примаме информации кои се во спротивност со исламската вера. Меѓутоа оној кој е во потрага по знаење мора да биде свесен за информациите кои ги прегледува, а не само слепо да верува на она што го чита.

Ако нешто што сте го прочитале на наведената страна на било кој начин не личи на нешто што е во ред или нешто што вашата фитра не го смета за исправно тоа може да значи дека сурфате на лажна интернет страница.

Постојат неколку начини на кои можете да дознаете дали веб страницата е автентична или не. Дајте го линкот од страната на некој познат имам или водач на заедницата кој што може да провери за вас.

Пред да ја проверите страната никако не го ширете линкот од истата на сите кои се онлајн, од причина што, ако страната е лажна, тоа ќе ја шири заблудата понатаму и ќе го зголеми бројот на “хитови“ т.е., посетата на таа страна и со самото тоа високо ќе се рангира при пребарувањето и најверојатно ќе ги мами и останатите муслимани да ја посетат.

Можете исто така се потпрете на Куранот и Суннетот кои се два автентични извори на учењето на исламско знаење. Овие два извора се непогрешливи и совршени. Ако она што сте го прочитале на интернет не одговара или не е она што сте го научиле од Куранот и Суннетот тогаш можете да бидете сигурни дека дека страницата дава лажни информации.

Воспоставете врска

Може да се обесхрабрите кога ќе сватите дека постојат толку грешни души во виртуелниот свет кои се обидуваат новите муслимани да ги воведат во погрешни информации додека тие се во потрага по знаење. Меѓутоа, постои далеку поголем број на муслимани кои се во виртуелниот свет исклучиво да бидат подршка во водењето едни на други низ единствената вистинска вера, Ислам.

Колку повеќе вашето исправно исламско знаење ќе расте, вие исто така ќе бидете во состојба да создадете врска и со еден поглед да ја препознаете лажната страна.Стекнувањето на исламско знаење кое одговара на Куранот и Суннетот на Пратеникот, с.а.в.с., е благородно дело и за него има полно награди од Семоќниот Аллах. Точната исламска информација може да го осветли срцето и да ја зголеми верата во Семоќниот Аллах, џ.ш., во секојдневниот живот.

Мора да се посвети големо внимание при користењето на моќта на интернетот како алатка за зголемување на своето исламско знаење или кога ги советуваме другите.

Мимбер.ба

0 views0 comments

Comments


bottom of page