Прекрасната природа и другите благослови што Аллах им ги дал на луѓето се од непроценлива вредност.
Тие треба да се користат со цел и да се чуваат со внимание. Заштитата и одговорноста за животната средина се меѓу првите должности на муслиманите, потврдени од Куранот и сунетот. Чистата и здрава животна средина е услов за опстанок на луѓето, на растенијата и животните. Во главните извори на нашата вера, сите аспекти на животот и битието на човекот се решени, многу порано и многу подобро отколку што се открива денес. Опфатени се сите области на животот на луѓето, работата и дејноста, заштитата на здравјето и животната средина. Сè е објаснето детално, дури и со која рака треба да се јаде, и со која рака треба да се исчисти телото.
Во врска со односот на човекот со природата, исламот му наредува на човекот цврсто да верува дека Врховниот Бог е Совршен Творец на сè што постои. Нема никакви недостатоци или грешки во Неговото создавање, сè е хармонично и уредно. Премногу е ограничено за верниците кои веруваат дека шеријатот се заснова само на обреди и правила и дека не е поврзан со космосот, природата и животот на човекот, на кого му е дадена еманет и цел. Напротив, има бројни курански ајети и хадиси кои зборуваат за убавината, мудроста и совршенството на создавање и одржување на сè на небото и на земјата и пораки и совети за тоа како да се користи хумано, умерено и без злоупотреба, за доброто на човековото постоење и многуте светови околу нив. . .Совршена хармонија и рамнотежа во природата се од Аллах … Ништо не е случајно и создадено само од себе. Ниту еден процес во природа не се одвива спонтано, без регулирање и контрола на Создателот.
Comments