Кога Пратеникот умрел, во 632 година од н.е., исламот бил зацврстен на целиот Арапски Полуостров, носејќи за првпат, по којзнае колку време, мир и единство меѓу племињата. По еден век од неговата смрт, армиите на исламот, зацврстени со верата, освоија огромна територија што се протегаше од Индија до атлантските брегови на Шпанија и на Португалија, вклучувајќи ги Северна Африка и Блискиот Исток. Овој исламски свет, изграден врз интелектуалните достигнувања на римската и на персиската култура кои ги узурпираше, и даде поддршка на една вистинска експлозија на науката, каква што не беше видена се до времето на ренесансата. Според историчарот Бернард Луис, од Универзитетот Принстон, меѓу анонимните херои на исламот се вбројуваа преведувачите, кои ги зачуваа класиците на античкиот свет во епохалните арапски верзии на грчки текстови за: „математика и астрономија, физика и хемија, медицина и фармакологија, географија и агрономија и за широк спектар други области, особено за филозофијата”. Во време кога Европа чмаеше во раниот среден век, муслиманските научници и мислители му дадоа на светот голем центар на исламската ученост (Ал-Азхар, во Каиро) и внесоа рафинираност во се – од архитектурата до употребата на бројките. Во исто време, муслиманските трговци морепловци ја ширеа верата во Јужна Азија, во Кина и на источниот брег на Африка.
Доживувајќи го својот процут кон крајот на првиот милениум, исламското царство беше ставено на проба кога западна Европа, поттикната од нејзиниот контакт со Блискиот Исток, се разбуди и поведе неколку крстоносни војни за да ја одземе од муслиманите Светата Земја, вклучувајќи ги и христијанските светилишта на Ерусалим.
Иако расцепкани и, отпрвин, совладани, муслиманите се здружија за да ги совладаат освојувачките христијански војски, чие крваво наследство – хаотичното убивање на илјадници невини Арапи, муслимани и христијани, како и на Евреи во Ерусалим живее во спомените на Блискиот Исток до денешен ден. Кога Европа стана славна во времето на ренесансата и по неа, исламскиот свет продолжи да напредува по создавањето на Отоманската Империја, кон крајот на ХIII век. Оваа моќна држава падна со крајот на Првата светска војна, при што нејзината, главно, муслиманска територија беше поделена на оние блискоисточни земји кои ги знаеме денес.
Иако, неколку муслимански држави своето богатство им го должат на нафтените извори, повеќето се сиромашни и се подеморализирани поради нивната позиција во светот… Но нивното население бележи брз прираст; во муслиманските земји, од десетмина четворица се помлади од 15 години.
МУСЛИМАНИ И АРАПИ
Иако исламот започна во Арабија, денес само околу 20% од муслиманите живеат во арапскиот свет. Двете главни гранѓи на исламот сунитите и шиитите – произлегоа од неговите најрани денови, во 11 век; кога малнцинските шиити го изгубија спорот околу тоа кој ќе владее со муслиманскиот свет. Оттогаш наваму, шиитите, главно Иранци и Ирачани, водат битки, понекогаш многу насилнички, против мнозинските сунити.
ВЕРАТА НИЗ БРОЈКИ
Околу честриесет проценти (40%) од муслиманите живеат во Јужна и во Јуѓоисточна Азија, каде што исламот го донеле војници и трговци• триесет проценти(30%) живеат во Африка, чиј северен дел стана муслимански само по еден век од смртта на Мухамед.
Отуѓени и обесправени, многу луѓе во овие општества се свртуваат кон исламот и кон исламистичките политички движенња, за да го потврдат својот идентитет и да го земат повторно животот во свои раце. Освен тоа, голем број муслимани, особено во арапскиот свет, им се гневни на Соединетите Американски Држави поради нивната поддршка на Израел. Муслиманските општества, исто така, имаат долготраен однос меѓу љубов и омраза кон американската популарна култура, а деновиве, овие силни чувства можеби се поблиску до одвратност отколку до почит.
„За многумина муслимани, особено за оние во традиционалните општества, американската поп-култура личи многу на паганизмот, култ што ги обожава парите и сексот’”, вели имамот Анвар. „За таквите луѓе, исламот е оаза на традиционалните семејни вредности”.
Некои муслимански земји, како што е Саудиска Арабија, денес ги темели своите влади врз шарија, законите и учењата на Коранот, кои и самите се подложни на дебати и на интерпретации. Други, како Малезија и Јордан, ги комбинираат традиционалните принципи на правда со современите, секуларни форми на раководење со државата.
За најголем дел од оние 1,3 милијарди муслимани во светот, исламот не е политички систем. Тоа е начин на живот, дисциплина што на светот гледа со очите на верата.
„Исламот ми даде нешто што недостигаше во мојот живот”, вели Џенифер Калво од Вашинстон. Калво е 28-годишна и изгледа како туку што да се симнала од некоја слика на Ботичли, со нежни црти и со крупни сини очи, истакнати со бела шамија, уредно прибрана во долгиот мантил. Калво била воспитана како католик и работи како медицинска сестра.
„Порано ме обземаше депресија додека се обидував да се прилагодам на нашата луда култура и на нејзината претстава за тоа како треба да изгледа жената – за косата, за шминката, за облеката, како и на нашата глад за материјално богатство. Пстојано се чувствувае празно”.
Пред две години, исто онака како што правеле луѓето 1.400 години, Јенифер стана муслиманка со просто изговарање на зборовитеѕ „ла илахе иллаллах, мухаммеден ресулуллах“ – „Не постои друго божество достојно за обожување освен Аллах, Мухаммед е Аллахов(божји) Пратеник““!
„Сега се е мноry поедноставно – вели таа. – Тука сме само јас и Аллах. За првпат во мојот живот, јас сум спокојна”.
За Калво и за повеќето муслимани во светот, тоа е она што претставува исламскиот повик за молитва. Поклонувајќи се пред Алах по пет пати на ден, во еден глас, свртени со лицето кон Мека каде и да се наоѓаат, тие наоѓаат мир во чинот на препуштање. Извадок од
Статија на Национал Географик
Comentarios