top of page
Writer's pictureinfoislam

Исламот не е она што муслиманите го прават

Мојата денешна порака се однесува како на муслиманот така и на немуслиманот. Многу приговори кои се упатени кон нас муслиманите, односно многу работи со кои го критикуваат исламот се во врска со работите кои муслиманите ги прават,но повеќето немаат ништо со исламот, или се дури забранети во исламот.

И ќе наведам например неколку актуелни примери овде во Германија. Повторно и повторно се слуша дека муслиманите практикуваат убиства поради чест. Што значи дека исламот не може да биде исправен, затоа што во исламот не постои убиство од чест. Но ако се видат изворите во исламот и ако се видат правните докази на научниците на исламот ,тогаш убиството од чест по консензус, по консензус на сите исламски научници и на сите сунитски правни школи е забрането. Како во Ханифеската така и во Маликиската, Шафиската, Ханбелиската правна школа. Сите тие правни школи велат дека убиството од чест е забрането, дека не е дозволено и дека тоа е казниво. Значи дека тоа е нешто кое е воведено во исламот по пат на културално влијание. Кое не го практикуваат само муслимани туку например и Језиди итн. Од страна на Језиди,алевити итн. Или например брак под присила(принуда). Исламот е единствена религија во која има експлицитен текст кој забранува брак под присила. Пратеникот нека е мир и спас врз него рекол:’Кога некој сака да ја мажи својата ќерка мора да побара нејзина дозвола.” Што значи брак под присила не е дозволен. Пратеникот нека е мир и спас врз него, дури еднаш поништил еден брак бидејќи жената била присилена да се омажи. Што значи дека сите тие работи се воведени во ислам, и кои немаат никаква врска со исламот. И поради тоа е многу важно ако некој се бави со исламот првобитно треба да знае дека исламот не е она што муслиманите го прават туку она што муслиманите треба да го прават. Повторувам:”Исламот не е она што муслиманите го прават,туку она што треба да го прават.” Исто како што христијанството не се одликува на она што христијаните го прават. Например кризата која што постоеше во последната година, или таа кризата, или тие работи кои ги чувме за свештениците или духовни луѓе кои силувале деца. Тоа не е учењето на христијанството. Тоа се грешки на поединци. Тоа се грешки на поединци, а не учење на христијанството. Тоа значи дека тоа не е она што христијанинот треба да направи, и овде во исламот е така… Чудно е тоа што кога ќе се спомене тоа за христијанството тогаш тоа за луѓето е секогаш сосема очигледно и се подразбира во потполност. Но кај исламот тоа и не се подразбира. Зборуваме например со една жена за исламот и таа вели: ”Јас имав момче Турчин којшто беше муслиман и тој ме претепа, тој го направи ова и плукаше во мене и крадеше и правеше ова и она.” Бидејќи вчера водев разговор каде што ми се кажувани вакви работи.На ова секогаш кажувам и тоа би требало да го запамтите и ако сте муслиман да разговарате со немуслиманите за оваа проблематика. Да кажете:”Исламот не е она што муслиманите го прават,туку она што муслиманите треба да го прават.”Што би требало муслиманите да прават? Муслиманите треба да го прават она што стои во Кур’анот и суннетот. Тоа значи Кур’анот , доставена Божја реч и суннет, начин на постапување на Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем,односно она што го рекол Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем, она што Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем го правел и она што го потврдил. Тоа е суннет и кон тоа треба да се насочиме. И така мораме да го разбираме исламот, да би го очистиле исламот од сите нечистотии. Тоа е така да кажам она што денес го слушаме под поимот селефизам.Што значи да се вратиш на предците, да погледнеш што работеле предците. Дали предците, што значи првите генерации на исламот, асхабите, следбениците на Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем,или… реков следбеници за христијаните кои го слушаат ова исто тоа во овој контекст да го разбираат. Што значи асхабите на Пратеникот, што правеле тие и Пратеникот што направил. Дали славеле родендени, дали правеле славење за ноќта Исра и Мираџ, дали посетувале различни гробови и правеле таваф околу нив? Не!

Што значи религијата мора да биде исчистена од тоа. Бидејќи од една страна под ислам се подразбира се она што се нарекува ислам. Но исламот не се наоѓа во се каде што пишува ислам. Туку ислам за нас е она за коешто имаме доказ. На тоа треба да се вратиме. Ако младината например, или оние кои не се младина сакаат да го практикуваат правиот ислам, сакаат да го запознаат правиот ислам тогаш мора да се вратат на изворот. А она убавото во исламот е тоа што изворите се заштитени. Затоа што Аллах вели во сура 15,ајет 9: ”Ние,навистина, Го објавивме Кур’анот и Ние над него ќе бдееме!” Што значи изворите на исламот се заштитени. И како што реков повторно ова да го сумирам, немуслиманот кој со задоволство се бави со оваа религија, на него му велам:”Не гледај во она што муслиманите го прават.”Затоа што кога би се зело тоа мерило за која било религија тогаш секоја религија би била погрешна. Тогаш би морале да речеме дека христијаните ја предизвикаа Првата светска воја, Втората светска војна итн. Но тоа не е пораката на христијанството. Туку гледај која е пораката на исламот и пушти тоа да ти го објаснат луѓе кои навистина имаат длабоко знаење за верата, а не луѓе кои само еднаш го прочитале Кур’анот и тогаш велат:”А да,овде десно го пишува тоа и тоа.” И за муслиманите е многу важно, за браќата и сестрите ако со луѓето зборувате за религијата да на овој начин им одговорите. Например тоа можете и да го речете. Не може автомобилот да се мери по возачот.Можеби автомобилот е добар,SLК,најдобар вид автомобил но возачот е лош.Ако е возачот пијан и ако со еден прекрасен, скап автомобил запука во ѕид, автомобилот не е лош.И поради тоа не сакаме да ги заштитиме муслиманите кои практикуваат лоши дела.Кои например изигруваат гангстерски рапер и пеат лоши текстови, повикуваат на насилство, или например прикриваат криминал, или се дилери на дрога итн. И такви на жалост ги има многу. И затоа ги повикувам и тие луѓе и им велам: ”Браќа и сестри плашете се од Аллах! Зашто секое дело кое ќе го направите,секој грев којшто ќе го направите не е само еден грев на ваш рачун. Туку е нешто со што го валкате исламот и муслиманите.” А на Судниот ден ќе бидеме прашани за секое дело кое сме го направиле. Ги реков овие зборови и уште еднаш:”Исламот не е она што муслиманите го прават,туку она што муслиманите треба да го прават.”

0 views0 comments

Comments


bottom of page