top of page
Writer's pictureinfoislam

Исламот пред науката: „Покријте ги садовите, заклучите ја вратата и изгаснете го светлото“

Шејх Абду-л-Меџид Ез-Зиндани, прв секретар на Институтот за научни достигнувања, обземен е од љубовта за водење на научни дискусии со водечки стручњаци од разни научни области како би докажал дека Куранот и хадисите за научните факти за светот и човекот.

Ова е една од дискусиите водени на еден од тие научни состаноци со истакнатот професор Нилсон, познат британски предавач по паразитологија. Учество во дискусијата земаа и проф.Мухаммед Јусуф Секр, Мухаммед Садик Арефе од универзитетот “Крал Абду-л-Азиз” од Џеде. Ќе пренесеме еден дел од дискусијата која е во врска за заштита од паразити и микроби во еден број на списанието “Ел-’иџазу-л-илми” при што сосема јасно ќе видиме како хадиските текстови го претекнале она што е потврдено од оваа област во денешно време.

Шејх Ез-Зиндани: Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, вели: “Покријте ги садовите, заклучете ја вратата и изгаснете го светлото.” Што вие имате да додадете на тоа од медицинска страна? Тука е уште и хадисот на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, кој се наоѓа во Бухариниот сахих ”: “Изгаснете го светлото ноќе кога сакате да легнете, затворете ги вратите и добро заклучете ги и покријте ја храната и пијалокот.”

Др Нилсон: Кога луѓето во своите куќи или на пат не би ги покривале садовите од кои пијат, тогаш на нив би се спуштале муви. Мувата во куќата пренесува болест која се вика жолта грозница, а таа грозница се пренесува така што мувата ги положува своите јајца во водата. Тоа е прво. Друга работа е дека во водата може да се рашират и паразити по пат на глувци  доколку не се покријат. Мислам дека заклучувањето на вратата спречува влегување на муви и глувци во куќата. А исто така и гасење на светлата спречува влегување на инсекти и муви кои предизвикуваат болести, а кое по природа ги привлекува светлината во внатрешноста на куќата.

Шејх Ез-Зиндани: Што се однесува до глувците, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, ги смета за штетници кои треба да се убијат, така да во Бухариниот Сахих се наоѓа хадисот на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем: “Постојат пет врсти  на животни за кои нема грев за тој што ќе ги убие: гавран, луња (врста на сокол), глушец, акреп (шкорпион) и куче кое сака да касне. “

Др Нилсон: Незнам за гавраните, но најважен од споменатите е глушецот, затоа што тој е предизвик за пренесувње на многу болести. Тој (пр.) во Саудиска Арабија пренесува бројни паразити како хинливенза и лисманија, како и бројни други болести. Затоа убивањето на глувците се смета за потребно.

Шејх Ез-Зиндани: Вие сте специјалист за проучување на односи помеѓу човекот и животните. Веќе сте запознале некои учења, па дали на нив би можеле да се додадат учењата на исламот?

Др Нилсон: Животните кои ги спомнавте се посебно одбрани. Јас знам дека кучето кое сака да каса нанесува штета, истотака и глушецот, но за гавранот не знам. Во секој случај можеби во иднина ќе откриеме дека гавранот е одговорен за пренесување на некои други болести, затоа што секоја година се откриваат нови болести кои се пренесуваат преку животни и птици на човекот.

Шејх Ез-Зиндани: Дали оваа тема истотака може да се смета за предмет за научно истражување?

Др Нилсон: Да, мислам дека може, затоа што за птиците најмалку се знае, особено нивната улога во преносливите болести, освен од страна на научниците кои се бават со вирусите,така да утврдено е дека птиците пренесуваат многу важни вируси кои не се пренесуваат преку муви.

Др. Мухаммед Садик Арефе: Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосен, Нека е салават и селам на најчесниот пратеник Мухаммед, на неговата фамилија и сите негови другари (асхаби). А потоа: Навистина, оваа интересна дискусија која се одвивала помеѓу истакнатиот шејх Абду-л-Меџид Ез-Зиндани и професорот Нилсон е крајно интересна. Таа нам ни откри многу работи укажувајќи на вистинитоста на Пратениковите , саллаллаху алејхи ве селлем, хадиси особено што се однесува на јадење месо од некои животни и друго што има врска со човечките болести, а особено за болестите чиви причинители се паразити што и беше тема на оваа дискусија. Очигледно е и јасно дека овие хадиси навестиле многу важни научни вистини пред да дознае современата наука за нив. Како што проф.Нилсон објасни во основа за повеќето откритија кои се случиле во 21 век, така да тиестанале познати дури во новото време, а Пратениковите, саллаллаху алејхи ве селлем, хадисите на нив укажувале уште пред 14 века. Тоа е, навистина, едно чудо кое укажува на тоа дека Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем, не зборел по своја волја, туку е тоа само Објава која му се објавува.” (Куран, 53:4) Шејх Ез -Зиндани Вам ви заблагодарува на овој интересен разговор и изобилство од информации кои денес ги слушнавме при што вие објаснивте многу болести откриени во новата доба.

Др Нилсон: И јас, истотака, се заблагодарувам на шејхот Абду -л-Меџиду Ез-Зиндани. Многу научив од овие разговори кои ги имав со него и многу ги ценам неговите нови приоди  во Куранот и хадисите за кои не сум знаел порано.

(Превземено од списанието “Ел-’иџазу-л-’илми”, бр. 7., џумаде-л-ула, 1421. g/h, str. 22-26)

0 views0 comments

コメント


bottom of page