По опсежни разговори за исламот, голем број луѓе го прифаќаат исламот во селото Малави
After extensive talks on Islam, large number of people accept Islam in Malawian village pic.twitter.com/RwBCAa4frZ — @ieraorg (@iERAorg) May 31, 2022
Многубројни видеа се објавуваат од Африка во кои масовно се прима исламот со посредство на даветски организации. Се гледа дека хуманитарните активности кои се спроведуваат последните години со изградба на бунари, џамии, кујни и куќи за живеење, како и набавка на основни намирници и средства за живот го олеснуваат прифаќањето на исламот помеѓу претежно домородните африканци во различни Афрички држави.
52 people accepted Islam in Malawi today pic.twitter.com/uII9T9kfrT — @ieraorg (@iERAorg) May 29, 2022
Оддтаму ни доаѓаат и многу интересни приказни како што е приказната за едно село, длабоко во рурална Уганда, каде што едно дрво стои повеќе од 1.000 години. Тоа дрво станало предмет на обожавање на локалното население. Нивното верување е дека во него има душа на жена која умрела овде пред многу години. Овие организации помогнале да тоа верување во дрво се пренасочи во верување во Аллах Единствениот и таа трансформација од паганство е благодетно дело.
За да овие луѓе се одржат во ислам сепак е потребна едукација и познавање на исламските прописи и правилно насочување во изградба на одржлив систем на живеење кој ги исполнува шеријатските норми, но и нормите на современото живеење и напредок. Им посакуваме успех!
Comments