top of page
Writer's pictureinfoislam

Исламот се шири низ целосно христијански села во Романија

eab97c09f6d36f619f012842311ca5da

Убава вест ни пристигна од Романија каде во сред христијанско православно село никна џамија.  Секој кој малку знае за Романија свесен е за посветеноста која тие ја имаат во нивните обичаи и особено за потешкотиите со кои се соочуваат муслиманите. Но тоа не важи за бившиот христијанин кој конвертирал и се посветил на исламот.

Тука на сцена стапува Даниел кој не само што преминал во ислам туку и се охрабрил да изгради џамија покрај потешкотиите со кои се соочува со селаните и властите. Исламофобичните селани кои го слушаат езанот пет пати од џамијата која тој ја изградил сеуште се закануваат нему и на семејството, а особено на децата кои ги напаѓаат во училиште. Тоа што зачудува уште повеќе е дека се поголем број на луѓе му се придружуваат од околните села и многу посетители доаѓаат во Џамијата „Марија(Мерјем)“ за да учат за исламот. Тој има и фејсбук страница на овој линк https://www.facebook.com/pages/Moscheea-Maria-Maryam-Mosque/219996771486745

Аллах да го награди за храброста и упорноста на најубав начин да го прикаже исламот со стрпливост и вистинско владење на невозвраќање со зло во овие мигови на искушенијата кои ги доживува од сопствениот народ.

Пренесува: Дин Шоу

0 views0 comments

Comments


bottom of page