Убава вест ни пристигна од Романија каде во сред христијанско православно село никна џамија. Секој кој малку знае за Романија свесен е за посветеноста која тие ја имаат во нивните обичаи и особено за потешкотиите со кои се соочуваат муслиманите. Но тоа не важи за бившиот христијанин кој конвертирал и се посветил на исламот.
Тука на сцена стапува Даниел кој не само што преминал во ислам туку и се охрабрил да изгради џамија покрај потешкотиите со кои се соочува со селаните и властите. Исламофобичните селани кои го слушаат езанот пет пати од џамијата која тој ја изградил сеуште се закануваат нему и на семејството, а особено на децата кои ги напаѓаат во училиште. Тоа што зачудува уште повеќе е дека се поголем број на луѓе му се придружуваат од околните села и многу посетители доаѓаат во Џамијата „Марија(Мерјем)“ за да учат за исламот. Тој има и фејсбук страница на овој линк https://www.facebook.com/pages/Moscheea-Maria-Maryam-Mosque/219996771486745
Аллах да го награди за храброста и упорноста на најубав начин да го прикаже исламот со стрпливост и вистинско владење на невозвраќање со зло во овие мигови на искушенијата кои ги доживува од сопствениот народ.
Пренесува: Дин Шоу
Comentarios