„Исламската цивилизација го потврди фактот дека е повозвишена од европската, во нејзината мекост, учење, како и во начините за борба… Што се однесува до литературата, науките и арапската филозофија, Европа била под нивно влијание преку Шпанија (Андалузија) и Сицилија.“[1]
„Кога не би бил Ибн Хејсем (основачот на современата наука за оптиката и потполното сфаќање на зборот), луѓето никогаш не би слушнале за Роџер Бејкон.“ (Роџер Бејкон скоро и да не прави ниеден чекор во оптичките студии без да упати на Ибн Хејсем или да пренесе некои негови зборови.)[2]
Додека, пак, за исламската цивилизација во Шпанија, во „Кисатул Хадаре“, 13. том, вели:
„Арапската администрација (во Шпанија) била судбоносна и среќна во едно релативно кратко време за земјоделците од ова место, затоа што освојувачите не останале со поседите кои биле извонредно големи и кои ги поседувале Готите на запад, а исто така и робовите биле ослободени од феудалното ропство.
Исламот цели пет века (најмалку), односно од 700 до 1200 година од нашата ера, значајно му претходи на светот со сила, цврстина, добра организација, владетелска дарежливост, морал и карактер, благодат и кревање на животниот стандард, хумана и милостива легислација, верска толеранција, литература, научни истражувања, медицина, филозофија.“[3]
Во книгата „Историја на цивилизацијата II“, стр. 47, вели:
„Во 215 година според хиџрата, абаситскиот халиф Мемун ја основал Куќата на мудроста (Бејтул хикмех) во Багдад и ја снабдил со астрономска опсерваторија и јавна библиотека, за што одвоил 200 000 динари. Собрал голем број учени луѓе кои познавале странски јазици и различни научни дисциплини, како што биле Ханаин, Бахтешо, Ибн Тарик, Ибн Мукафа, Хаџаџ бин Матари, Сиргис, Раси и други, одвојувајќи големи материјални средства за нивната работа, испраќајќи многумина од нив во различни места на светот за да собираат книги од областа на медицината, филозофијата, математиката, убавата литература и останатите науки, на јазиците хинду, пахлеви, шалдеан, стариот сириски, грчки, латински и стариот персиски јазик.“[4]
Вил Дурант
[1] Проф. Хани ел-Мубарек и д-р Шукри Ебу Халил, „Улогата на арапско-исламската цивилизација во европската ренесанса“, Скопје, 1420/1999, стр. 38-39.
[2] Проф. Хани ел-Мубарек и д-р Шукри Ебу Халил, оп. цит., стр. 100.
[3] Јусуф Кардави, оп. цит., стр. 58.
[4] Сејјид Муџтеба Мусави Лари, оп. цит., стр. 99.
Comments