Исламот од својата појава на просторите на тогашната идолопоклоничка Арабија, каде што немало никакви траги од науката и културата, ги поттикнува и обврзува муслиманите да ја бараат и изучуваат науката со цел ширење на верското и културно напредување.
Во текот на првото столетие, со почетокот на објавата на Куранот, исламот се ширел од Арабија на запад до Шпанија, завземајќи го просторот на Северна Африка, сè до брегот на Атлантскиот океан, Медитеранот, целата Шпанија до Пиринеите, јужна Франција, па на исток накај Кина сè до Големиот ѕид. Ова не било само воено освојување, туку и хумано спасување на народите и заедниците од лудото и заблудено верување, во повик на чиста монотеистичка вера во еден Бог (Создателот).
Овие освојувања со себе ги носеле и моралните пораки на исламот како што биле: човековата еднаквост, укинување на тиранијата, почитување на човековите права, просветлување на умот, итн. Исламот со своите пораки оставил големо влијание на многу култури и традиции, а многу битно е неговото пресудно влијание на почнување на зачетоците на човековата цивилизација и научен напредок. Историските факти ни сведочат за вредните и плодните напори на муслиманските научниците на научните полиња, а посебно на полето на експерименталните науки.
Многу западни историчари и истражувачи пишувале, и уште пишуваат за допринесот на исламот врз развојот на цивилизацијата, културата и научните дисциплини како што се математиката, медицината, технологијата итн. Ваил Дурант во делото „Историјата на цивилизацијата“ истакнува: „Две стотини и петнаесет години по хиџрата, абасидискиот халиф Ме’мун ја основал „Куќата на мудроста“ (Бејтул-хикмех) во Багдад и опремил астрономски обсерваториум и јавна бибилотека за која одвоил 200000 динари.
Исто така собрал голем број на учени луѓе кои ги познавале странските јазици и разните научни дисциплини, како што се Хонаин, Бакхтешо, Ибн Тарик, Ибн Мукаффа, Хаџџаџ бин Матар, Сиргис Рааси и други, издвојувајќи голема сума на парични средства за нивната работа, праќајќи ги низ целиот свет да бараат книги за медицината, математиката, убавата книжевност и другите науки на хинду, пахлеви, салдеан, старосиријски, грчки, латински и старо персиски јазик.“
Ваил Дурант ја истакнува големината и вредноста на библиотеката која е основана пред повеќе од илјада години, а која располагала со 4 милиони примероци на различни книги. Се спомнуваат и историски факти дека некои биле пренесени во оваа бибиотека на преку стотина камилски товари. Освен оваа, во пространата исламска држава егзистирале и многу други библиотеки. Меѓу најпознатите биле: каирската „Султановата бибиотека“ која располагала со милион книги, сиријската библиотека „Триполи“ со 3 милиони книги, шпанската библиотека „Ел–Хаким “ во Кордоба со 600.000 книги, во истамбулските џамии вкупно се наоѓале преку 80 библиотеки и во секоја од нив повеќе десетици илјади книги.
Во врска со ова сведочат западните научници и историчари кои се увериле во тоа и тоа свое уверување го пренеле во пишаните дела на повеќе страници. Така, познатиот француски историчар д-р Густав ле Бон во своето познато дело „Исламско–арапска цивилизација“ пишува: „Восхитувајќи делува озбилноста на муслиманите во својот истражувачки труд. Во секој град кој ќе го завземеле прво граделе џамија, а потоа училиште. Тоа влијаело на создавање извонредни институции за образување во многу градови. Бенџамин Тул вели дека во Александрија сретнал повеќе од 20 колеџи кои активно работеле. Багдад, Каиро, Кордоба и други места имале универзитети со лаборатории, обсерваториуми, големи библиотеки и сите останати помагала за научните истражувања. Само во Андалузија се наоѓале повеќе од 70 јавни библиотеки.
Библиотеката „Ел-Хаким“ во Кордова имала 600.000 книги, а потребни биле 44 книги за да се каталогизира содржината на бибиотеката. Кога „Чарлс разумниот“, четри векови покасно ја основал париската библиотека, бил во состојба да собере само 900 изданија, а и тоа после голем напор, додека една третина од тој фонд содржал верски книги. „Само Кордоба имала 50 болници, 900 амами (бањи) и 600 џамии“. Исто така и Џ.Л. Естренџ во делото „Наследството на исламот“ изнесува воодоошевувачки податоци: „Универзитетот „Мустансарија“ беше прекрасно дело на пространота локација покрај реката Тигар, а инвентарот од уметнички дизајн и квалитет, каков што не било во целиот свет. Познати се неговите четри правни колеџи, секој со 75 студенти и профессор кој учениците ги подучувал бесплатно. Студентите имале редовни месечни стипендии во висина од еден златник.
Кујната на колеџот обезбедувала дневни оброци. Ибн Ел–Фурат бележи дека библиотеката содржела ретки книги на непроценлива вредност во многу гранки од науката, за потребите на студентите. Било обезбедна хартија и перо за секој студент што сакал да ги препишува книгите. Универзитетот имал амами и амбуланти. Нивните доктори обезбедувале дневни прегледи и им препишувале рецепти на сите што биле болни. Амбулантите можеле да ги дадат пропишаните рецепти истиот момент. Да не заборавиме дека сето тоа било во 13 век!“ Зошто треба да не заборавиме?! Затоа што во тоа време над христијанската Европа владеела тиранијата на црквата и хиерархијата која на клада ги палела научниците кои се обидувале да ги докажат своите научни откритија, заведувајќи ги луѓето под изговор дека нивното учење е еретичко и дека се коси со христијанската вера. Се разбира дека се косело со верата која христијанските свештеници ја искривиле и ја прилагодиле во своја корист.
Додека црквата во 1634 година, му судела на Галиео Галилеј поради потврдувањето на Коперниковате теорија, за кружењето на Земјата околу Сонцето, муслиманите веќе го користеле календарот кој го направил големиот астроном и математичар Омер Хаџам од Насапур, петстотини години порано. Овој календар е подобар од грегоријанскиот, затоа што прецизно го одредува почетокот на нашата Нова година, не само во ден туку точно во час, минута и секунда, кога Земјата ја завршува едната орбита и почнува нов круг околу Сонцето на пролетната еквиноција. Доволно е да се спореди тогашната исламска Шпанија која се наоѓала во Европа и соседните христијански земји. Впрочем, секој жител на тогашната Шпанија знаел да чита и пишува, без разлика на општествената класа, додека овие способности во христијанаската Европа ги поседувале само фратарите и клерите. Останатите луѓе, па дури и најголемите племиња сметале дека тоа не е вредно за нивниот труд, па не се обидувале ни да учат. Овој народ не бил свесен во каква очајна, духовна и материјалана беда се наоѓа. Од другата страна, целиот исламски свет, читањето и пишувањето биле веќе завршена работа, нешто сосема нормално. Развитокот на разни научни дисциплини, како што се медицината, фармакологијата, математиката, хемијата, физиката, географијата, индустријата, итн. довело до продуктивни изучувања. Многу муслимански имиња се забележани во светлите страници на историјата како основоположници на науката. На полето на медицината како најпознати имиња се: Мухаммед ибн Захари Рази, Ибн Сина, Ибн Рушд, Ебу Ел–Касим наречен Ебул–Кајс, Ибн Вефид, Али ибн Ридван, Ебу Ел–Мевеффак Менсур, Ибн Аббас. Овие големи луѓе на медицината й понудиле многу големи откритија. На пример Рази, уште во тоа време ја употребувал пумпата во текот на апоплексијата, потоа специјален конец за зашивување на раните направен од животински црева, прв употребил облог од жива. Инаку автор е на повеќе од 200 медицински дела, а најпознати и најпечатени дела се: „Голем и мали сипаници“ (40 изданија) и „Големата енциклопедија“ во 20 томови. Првите пет томови се посветени на болеста на очите. Ова дело се вбројува во најважните извори во медицината во светот. Ебу Ел–Кајс пронашол многу хируршки инструменти, кои ги нацртал и опишал, а биле почетна основа за сите хирурзи. Неговите дела се печатени и публицирани повеќе пати. Делото на Ибн Сина, „Канун“, спаѓа во ремек делата во медицинската наука, чива вредност е докажана со тоа што е преведена на многу јазици и исто така повеќе пати печатена. Восхитувачки е фактот дека муслиманите биле тие кои што први ја поставиле дијагнозата на туберкулозата преку ноктите на прстите; лекувањето на жолтицата; запирање на крварењето со помош на ладна вода; разбивање на каменот во мочниот меур и бубрезите, а потоа негово остранување; операција на килата; употреба на ладна вода во лечењто на тифузната грозница и др. Во врска со фармакологијата, и тука муслиманите предначеле. Го измислиле мешањето на хемиските медикаменти во пилулите и растворите, од кои денеска многу се во употреба. Во врска со ова сведочат имињата на лековите и тревите кои се користат во Европа, а кои имаат арапско и персиско потекло, како што се: алкохол, алкали (бази), априцот, арсен, и многу други називи. Битен е фактот дека тогаш во исламскиот свет постоеле посебни установи, за правење и продавање на лековите, како што се денеска аптеките. Само Багдад имал 60 аптеки кои на пациентите им издавале лекови бесплатно. Освен аптеки, постоеле и болници за потешки и ургентни случаи. Кон крајот на 3-тото хиџретско столетие скоро секој поголем град како Мека, Медина, Багдад, Каиро и Кордоба, имале болници. Д-р Густав ле Бон во врска со тоа пишува: „Муслиманските болници се градени со највисоки медицински и здравстевени стандарди. Можеме да кажеме дека за целото свое време биле подобро опремени и оспособени од многу денешни болници. Биле големи, добро осветлени и со многу чиста вода. Султанот му одредил на Мухаммед бин Захари Рази да пронајде најприкладно место во околината на Багдад за изградба на нова болница. Он го посетил секој дел од градот и неговата периферија, и на секое од тие места обесил по едно парче месо да виси, додека во исто време ги истражувал заразните болести во соседството и ги проучувал климатските услови, посебно состојбата на водата. Ги споредил сите тие експериментални тестови и на крајот увидел дека сите упатуваат на тоа место, во кое парчето месо било последно кое било опфатено во процесот на распаѓање, како адекватно за градење на болница. Ови болници имале големи заеднички оддели, а посебно оддели за студентите по медицина. Учениците биле обучувани во дијагностиката и усовршувањето преку теориските сознанија и експерименталното набљудување како и искуствата. Исто така постоеле и посебни болници за менталните болести и апотеки кои бесплатно испорачувале лекови.“ Посебна одлика на исламските болници била рамноправноста на сите пациенти, без оглед на потеклото и струката. Бесплатното лечење му било пружано на секој пациент, а во каирската болница, на секој сиромашен болен, после болничкиот третман, заедно со отпусната листа му било подарувано и по еден златник. Во склоп со овие, во тогашно време современи болници и аптеки, делувале исто така и познати хемичари на кои им се одава признание за многу откритија како што се: сулфурната киселина, нитроглицеринот, хлороводородни киселини, амониумски води и соли, нитрати на среброто, сулфорен хлорид, калиум нитрат, алкохол, алкал, аурипигмент, боракс, итн. Сето ова го постигнале благодарејќи на прецизните истражувања, научните анализи и совладувајќи ги корисните хемиски вештини на дестилација и синтеза. Познатиот хемичар, Џабир ибн Хајјан, оставил зад себе 900 книги посветени на проучувањето на хемијата, а за него велат дека е „татко на хемијата“. Муслиманите со помош на овие разни хемиски откритија успеале да направат хартија од памук, со што на науката и направиле непроценлива услуга. На многу други откритија помогнало и многу доброто познавање на математиката. Авторот на поглавјето „Астрономија и математика“ во делото „Наследството на исламот“, Барон Карра де Ваукс пишува: „Муслиманите биле многу напредни во разните области на знаењето. Тие го научиле човештвото на употреба на бројки, а на алгебрата и ставиле научни темели, како што й поставиле темели на аналитичката геометрија. Докажано е дека тие ја откриле праволиниската и сферната тригонометрија, која не била позната кај старите Грци. Кога западниот христијански свет водел вараварски војни, муслиманите Арапи се занимавале со науката и грижливо ги чувале своите верски и морални вредноси.“ Значи, на муслиманите им припаѓа благодарноста за откривањето на алгебрата, тригонометријата и на многу други математички изуми. Најдобар доказ за тоа е самата математичка терминологија: на пример Алгебра = ал – габр. Европа многу математички тези превзела од книгите на познатите математичари муслимани, Ебу рејхан, Ел–Бирунија, Омер Ел–Хајјама, итн. Англискиот историчар Велиз во својата книга за историјата пишува: „Сè што имаме денеска од подрачјето на математиката потекнува од муслиманите.“ Освен математиката, голем напредок постигнале и на полето на географијата, со самиот факт дека имале голем увид и податоци од областа на астрономијата. Љубовта кон морепловството исто така им помогнало да дојдат до многу сознанија. 975 година географот Ибн Хавкал је пропатувал Земјата и во предговорот на својата книга напишал: „Сум ги запишал географските ширини и должини на оваа Земја во сите нејзини држави и простори под исламска власт: Внимателно сум направил карта на секое подрачје на која сум означил многу места, градови, села, реки, езера, земјоделски делувања, патишта, раздалеченоста помеѓу местата и многу други работи од подрачјето на географијата, кои можат да им бидат корисни на владетелите, на нивните министри и на сите луѓе.“ Значи, јасно е тоа на кого му припаѓа благодарноста за развојот на светската наука и култура, како што кажа англискиот историчар Џембер: „Навистина, перото не е во состојба да го напише допринесот на муслиманите во културата, цивилизацијата и животната среќа. Они беа тие кои ги воспитаа Европјаните и го промовираа нивниот прогрес. Муслиманите кои под водство на Тарик ибн Зијад во 711 година да не се укотвиле на ридот Џебелу–Тарик (Гибралтар) и од таму да не тргнале во правецот на Европа, дури тогаш европските народи би станале свесни за загубата, и тоа колку би заостанале во денешниот прогрес.“ Извадок од книгата „Исламот и западната цивилизација“
Comments