Правата работа што секој заинтересиран би требало да ја знае за Исламот е значењето на зборот „Ислам“. Исламската религија не е именувана според некоја личност, како на пример, христијанството, кое е што именувано според Исус Христос, будизмот според Готама Буда, конфучијанизмот според Конфучије или пак марксизмот според Карл Маркс.
Ниту пак е именувана според некое племе, како јудаизмот според племето Јуда или хиндуизмот според Индусите. Исламот е вистинска религија од Аллах, и како таков неговото име ни го претставува централниот принцип на божјата религија : целосно потчинување на сопствената волја кон Бог.
Арапскиот збор Ислам значи покорност или потчинување на човековата волја кон Едниот вистински Бог заслужен за обожување – „Аллах“, и секој што работи според овие принципи се именува како муслиман. Овој збор исто така значи и „мир“ кој што е природна последица на целосното потчинување на волјата кон Бога. Значи, исламот не е нова религија донесена од Пратеникот Мухамед а.с, ( нека е божјиот мир над него ) во Арабија во седмиот век, туку е вистинската религија на Бог изразена во нејзината крајна форма.
Според новиот завет, тој ги подучувал своите следбеници да се молат на следниот начин :
„Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое ; да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја како на небото, така и на земјата…“ Лука 11:2
Исламот е религија која му беше дадена на Адам првиот човек и првиот божји пратеник, а исто така била религија на сите пратеници пратени од Бог на човековиот род. Името на божјата религија, Ислам, не беше донесено од подоцнежните човечки генерации. Тоа беше избрано од самиот Бог и беше јасно истакнато во Неговото последно откровение за човештвото. Во последната книга на божественото откровение, Куранот, Бог го изјавува следното :
„Денес ви ја усовршив верата ваша и го исполнив благодатот Мој кон вас, и задоволен сум Исламот да ви биде вера“ Ел Маиде ( Софра ) 3
„На оној кој сака друга вера освен Исламот ( потчинетост кон Бога ) – нема да му се прими“ Ал Имран ( Семејството Имраново ) 85
„Авраам не беше ни евреин ни христијанин, туку беше честит муслиман“ Ал Имран ( Семејство Имраново ) 67
Никаде во Библијата нема да најдете пасус во кој Бог им вели на луѓето на Мојсеј, или на неговите наследници, дека нивната религија е јудаизмот, ниту пак на следбениците на Христос дека нивната религија е христијанството. Всушност,„Христос“ не е ни негово име, ниту било Исус. Името „Христос“ доаѓа од грчкиот збор „христос“ што значи „помазаниот“.
Односно, „Христос“ е грчкиот превод од еврејскиот наслов „Месиха“. Од другата страна, пак, името „Исус“ е латинизирана верзија од еврејското име „Исау“ ( Есау).
Поради полесно разбирање ќе продолжам да го именувам пророкот Иса а.с како Исус. Што се однесува на неговата религија, тоа е она на што ги повикуваше неговите следбеници.
Исто така и пратениците пред него, и тој ги повикувал луѓето да и се покорат на волјата на Бог, и ги предупредил да останат од лажните божества на човечката имагинација.
Comentários