Исламот е религија која толку го вреднува образованието што барањето на знаење се класифицира меѓу најголемите приоритети за секој муслиман. Исламот од самиот почеток го негувал образованието, и продолжува тоа да го прави и ден – денес. Арапскиот јазик има три термини за образование, кои преставуваат различни димензии во воспитно – образовниот процес во исламскиот концепт на живот. Најчесто употребуван збор за образование во формална смисла е та’лим, изведена од коренот ’алиме (да знаеш, да бидеш свесен, да се виде, како би се научило), кој се користи за означување на знаењето кое се бара или пренесува преку наставата и наставниот процес. Зборот тербијех, изведен од коренот реба (да се зголеми, да порасне), подразбира состојба на духовно и етичко воспитување. Те’диб (да се биде културен, префинет, добро воспитан) сугерира на развојот на личноста со убаво опшествено однеување во склад со исламските морални начела.
Според Аттас, поимот те’диб, ако правилни се разбере и протолкува, преставува прецизен поим за исламското образование, а не поимите та’лим и тербијех, затоа што целта на исламското образование е да се формира воспитан и образован човек: „Добар човек е оној кој е искрено свесен за својата одговорност кон едниот Бог, човекот кој ги разбира и ги исполнува своите обврски кон себе и другите во опшеството на правилен начин, кој постојано тежнее да се усоврши себеси во секој аспект кон совршен човечки адаб.“ (Wan Mohd Nor Wan Daud, Syed Muhammad Naquib Al-Attas – образовнa филозофија и пракса , Tugra, Sarajevo, 2010., стр. 163)
Образованието во контекст на исламот се набљудува како процес кој ја влучува целата личност, вклучувајќи ги рационалните, духовните и опшествените димензии на човекот. Како што Аттас наведува, сеопфатниот и интегриран пристап на образованието во исламот е насочен кон „урамнотежен раст на севкупната личност… низ обука на човечкиот дух, интелект, рационално битие, чуства и телесни сетила… така да верата е вткаена во целината на личноста“. (Ибид, стр.161.)
Во исламските образовни теории, знаењето се стекнува за да се актуализираат и усовршат сите димензии на човечкото битие. Од исламска перспектива најголем и најкорисен модел на совршенство е личноста на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, а целта на исламското воспитување е луѓето да можат да живеат како што тој живеел, т.е.,следејќи ја неговата пракса. Образованието во исламот е двојно: стекнување на интелектуално знаење (низ примена на разумот и логиката) и развој на духовното знаење (изведено од Божествената Објава). Според учењето на исламот, во образованието мораат да бидат застапени подеднакво двете компоненти. Стекнувањето на знаење не е само по себе цел, туку служи како сретство за потикнување на поголема духовна и морална свест, што носи кон верата и добрите дела. Многу муслимански педагози тврдат дека фаворизирањето на разумот на штета на спиритуалноста го попреува урамнотежениот раст на личноста. Исклучиво образованието само на интелектуалните капацитети, например, неадекватно е во развојот на чуството на љубов, добрина, сочуство и несебичност, кои се духовен амбиент и можат да бидат ангажирани само низ духовен тренинг.
Comments