top of page
Writer's pictureinfoislam

Исламската цивилизација е цивилизација на сите луѓе

Куранот го прокламира заедничкото човечко потекло, без оглед на раса, потекло и држава, во ајетот: „О, луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создадовме и на народи и племиња ве поделивме за да се запознавате. Најугледен кај Аллах е тој што најмногу се плаши од Него.“ (Ел Хуџурат, 13)

Кога ја прокламирал оваа сеопшта човечка единственот на полето на вистината, доброто и благородноста, Куранот, исламската цивилизиација ја направил низа во која е вткаена генијалноста на сите народи над кои се завиорило исламското ослободувачко знаме. Секоја цивилизација можела да се гордее со надареноста на синовите само од својата нација и својот народ, а единствено исламската цивилизација можела да се гордее со надареноста на секој кој ќе го издигне нејзиното име, па било од кој народ да доаѓа. Ебу Ханифе, Малик, Шафија, Ахмед, Ибн Тејмијје, Сухејб ер – Руми, Селман ел – Фариси, Билал ел – Хабеши, имам Бухари, и генерации на исламски научници и ученици, луѓе со различно потекло, но со иста цел, токму тие се оние преку кои исламската цивилизација му ги пружила на човештвото најдобрите и најздрави идеи.

Исламската цивилизација е цивилизација на морални начела и правда

Карактеристаика на нашата цивилизација е дека во сите системи и разните полиња на своето делување на прво место ги ставила моралните принципи од кои никогаш не се откажала, ниту ги направила сретство за остварување на интересите на државата, партијата или поединецот. Овие морални принципи се теориски и практично почитувани во власта, науката, законодавството, војната и мирот, економијата, семејството и ја достигнале најодалечената точка која не ја достигнала ниту една стара, ниту нова цивилизација. Со ова исламската цивилизација оставила траги поради кои заслужува восхитување, што ја прави единствена меѓу останатите цивилизации, затоа што на човештвото му загарантирала потполна среќа.

Можеби најистакната одлика на исламската цивилизација е нејзиниот успех да воспостави државен систем заснован на принципите на вистината и правдата, потпирајќи се на верата која не преставува пречка за државниот напредок и цивилизацискиот континуитет. Напротив, верата била една од најголемите фактори на државниот напредок. Од џамиите во Багдад, Дамаск, Каиро и Кордоба, блеснала науката во целиот свет. Исламската цивилизација е единствената која не ја оделила верата од државата, при што не се случиле неволји при нивното спојување, како што тоа се случило во Европа во средниот век. Претседателот на државата бил и државен водач (халифата) и верски поглавар (емирул – муминин).

Вистината била над се, законодавството било во рацете на експертите, а секоја група на научници се занимавала со својата струка, но сите биле еднакви пред законот, а сечија вредност се мерела според богобојазноста и според доприност кој му го пружал на народот.

Куранот и суннетот како основа на научниот напредок на човечкиот род

Од дамнина луѓето од предходните поколенија го наследувале постоечкото научно знаење, го развивале со прилагодување на своите моментални потреби и потоа го пренесувале на идните генерации. Покрај оваа т.н., вертикална трансмисија на знаење, преносот на знаењето се одвива и хоризонтално – од едно место или култура на друга по пат на постојана размена на идеи. Сите научно и технолошки напредни цивилизации морале да поминат низ трите следни фази: наследување на знаењето, негово унапредување низ научна работа и допринос и понатамошно пренесување. Имајќи го ова на ум, потребно е да се нагласи дека вистинската вредност на исламскиот допринос  во науката треба да се набљудува во светлото на промените која човештвото ја доживеало после објавата на Куранот.

Џејмс Бурк во својата книга The Day the Universe Changed – Ден кога Универзумот се промени (Back Bay Books, London 1995.) тврди дека односот на човекот кон природата пред објавата на Куранот бил сведен или на страв или на восхитување и обожување. Божјите созданија кои кај луѓето предизвикувале чуство на страв, како што се змиите и слични животни, биле, неузубиллах, обожувани за да се отстрани потенцијалната опасност од нив, а исто така биле обожувани и корисните предмети од природата (вода, оган, Сонце, Месечина) и животните (крави, мачки, глувци).

Од друга страна, Куранот на луѓето им наредил да не ја обожуваат природата или Божјите созаднија, туку да му се покорат и да му заблагодаруваат на својот Создател. Тевхидот – вистинскиот монотеизам, го ослободил човечкиот разум од оковите на ширкот и темнината на празноверието и го наведил да трага по Аллаховите знаци во вселената и од тоа да извлекува лекции поради нивна подоцнежна анализа и усовршување. Токму овде се огледува големото значење на исламот за целиот човечки род, и врз основа на што е потребно да се споредува муслиманскиот допринос во науката во однос на другите нации.

Јасно гледаме дека токму исламот и верувањето во едниот Аллах го овозможиле целиот научен и технолошки сјај на денешната цивилизација, а без кој човечкиот род би бил понижен и заробен.

Благодарение на куранскиот и сунетскиот императив за важноста на стекнување на знаење, муслиманските научници први во историјата на почнале да ја користат логичко – емпириската методологија и докажале дека не постои конфликт меѓу науката и Објавата. Алви и Даглас (Karima Alvi i Susan Douglass, Science and Religion: The Inseperable Traditions, Manuscript, 1995., стр. 9),  идентифицирале пет главни причини на овој создавачки, плодоносен развој на исламската наука:

– неизмерната почит која исламот ја дава на научната работа,

– обилната подршка на владетелите и добростоечките поединци на научниците,

– спремноста на муслиманите да ги разменат своите идеи со другите,

– фактот дека арапскиот јазик станал сретство за размена на идеите во муслиманскиот свет,

– прецизноста и точноста како предуслови за извршување на исламските обврски.

Како заклучок можеме да истакнеме дека сјајот (но и падот) на исламската цивилизација тесно се поврзани за (не) приемната на исламот во животот како кај поединецот, така и во опшеството. Исламот, како универзален модел на животот, нуди излез од секоја ситуација, но за да лекот биде ефикасен, потребно е редовно и правилно да се применува. Не е доволно врзувањето за изворите на исламот (Куранот и суннетот) да се сведе на обично цитирање, туку е потребно да се вложи напор и труд за примена на исламските начела во пракса. Возвишениот Аллах вели: „Ние ви ја објавуваме Книгата во којашто е славата ваша, па зошто не се опаметите?“ (Ел Енбија, 10)

Ел Аср

0 views0 comments

Comments


bottom of page