top of page
Writer's pictureinfoislam

Исламски мудрости

Мудрости 1

Имам Шафи во едни стихови кажал:

Дека скромноста е врв на богаство, тоа го согледав па се фатив

за нејзините узди цврсто Никој пред неговата врата нема да ме види

ниту со било кој премногу ќе се завземам

Станав богат без сребреник ниеден

Покрај луѓето минувам како крал

(Диван од Имам Шафи)

Мудрост 2

При една пригода Пратеникот салалалху алејхи ве селлем

само што не се затрча да стигне еден човек бидејќи облеката му ги одминуваше глуждите на ногата па му нареди:

„Подигни ја својата облека“ на што човекот му ги откри колената и му кажа

„Божји Пратенику, јас сум со криви колена и ми се удираат дур одам“ пак му се обрати Пратеникот а.с со зборови:

„Подигни ја својата облека!Навистина секое суштество на Аллах е убаво.“

(Пренесува Ахмед 4/390)

Мудрост 3

Луѓето се како пеперутки

Кажал Пратеникот салалаху алејхи ве селлем:

„Примерот на мене и вас е како пример на човек кој запалил оган па кога светлината на тој оган ја осветлила околината околу неа, пеперутки и останати инсекти почнале да упаѓаат во тој оган, додека тој човек се обидува да ги спречи во тоа, но не му оди од рака.Таквиот е и примерот на мене со вас. Јас ве придржувам за вашиот струк насојувајќи да ве спречам да влезете во оган и ви кажувам:

бегајте од огнот, бегајте од огнот…, но вие ме совладувате и в огин безглаво целите“.

(Бухари бр.3426 од Ебу Хурејра)

Мудрост 4

Кога Пратеникот а.с. ги запрашал асхабите(неговите придружници) дали знаатт кој е муфлис, тие одговорија дека тоа е некој што банкротирал, некој што е шворц.

На тоа тој им кажа:

„Вистински банкротирала таа личност која на Судниот ден ќе дојде со добри дела, со намаз , со пост, со зекат, но при тоа некого навредил, некого наклеветил..

па ќе ги даде своите добри дела на едните и на другите, и доколку му исчезнат добрите дела пред да се пресуди помеѓу нив, ќе биде натоварен со гревовите на оние према кои грешел, и потоа ќе биде фрлен во оган.

(Муслим бр.2581 од Ебу Хурејре)

Мудрост 5

кажал Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем:

„Очи на тројца нема да го здогледаат пеколниот оган: окото кое бдеело на Божјиот пат, око кое плачело од страв од Аллах џ.ш., и око кое се чувало од поглед од тоа што е забрането.“

(Таберани во Кебир бр.16347)

Мудрост 6

Кажал Али Тантави:

„Да го имаш иметокот на Карун(кој имал богаство да клучевите го носеле една гомила силни луѓе), и тело на Херкулес, и да пријателуваш со 10 000 најубави жени, со различна убавина, порекло и боја на кожа, зарем мислиш дека ти е сево ова доста?!

Никако, гласно ова го велам и со здебелени букви го пишувам!

Една сопруга која ти е халал ти е доволна. Не барајте од мене доказ, бидејќи кај и да се свртиш доказот ќе го видиш,јасен очигледен…“

(Фетви од Али Тантави стр.146)

Мудрост 7

Говорел Језид б. Велид р.а.:

„О потомци на Умевиите, добро да се чувате од музиката, бидејќи таа го намалува срамот, ја зголемува страста, и ја уништува честитоста. Таа е замена за алкохол, и делува како опојно средство. Доколку се случи да ја чуете, тогаш оддалечете ги жените бидејќи таа го стимулира развратот.“

Сијер Еалам ен Нубела 5/376)

Мудрост 8

Во едно предание од Пратеникот а.с. стои:

„Кој на овој свет ќе има две лица, на судниот ден ќе има два јазика од оган.“

(Ебу Давуд бр.4873)

0 views0 comments

Comments


bottom of page