1- Затворање на врата и гаснење на огнот и светлото пред спиење.
Во хадисот на Џабир р.а. стои дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: ‘Изгаснете ги ламбите кога сакате да спиете, и затворете (заклучете) ги вратите.” (Бухари, Муслим) Во преданието на Муслим стои: ‘Затворете ги вратите, спомнете го името на Аллах, бидејќи шејтанот не отвора заклучена врата.” 2- Земање абдест пред спиење. За ова постои хадис од Бер„а ибн Азиб р.а. кој вели дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: ‘Кога сакаш да легнеш, земи абдест како што земаш абдест за намаз..” (Бухари, Муслим) Земање на абдест е мустехаб за оној кој сака да легне да спие. 3- Истресување на постелата пред спиење. Ова е од праксата на Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. Пренесува Ебу Хурејре р.а. дека Пејгамберот а.с. рекол: ‘Кога некој сака да легне в постела, нека ја истресе постелата од внатрешната страна на постелнината, три пати едно по друго, пред да легне, бидејќи не знае што би можело да легне на неговото место.” (Муслим) 4- Спиење на десната страна од телото и ставање десната рака на образот од лицето. Ова се наведува во хадисот на Бер„а ибн Азиб р.а. кога Пејгамберот а.с. рекол: ‘Кога сакаш да легнеш земи абдест и потоа легни на десна страна..” 5- Учење делови од Кур„ан. Никогаш Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. не заспивал сe додека не проучел нешто од Куран, бидејќи куранските ајети го штитат човекот од шејтановото играње со него. А соновите тогаш се вистинити. Потврдено е дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. ги учел: ајетул-курси, сурињата Кулхуваллах, Кул еузу би раббил-фелек, Кул еузу би раббин-нас и потоа дувал во рацете и го поминувал целото тело, учење на суре ‘Ел-кафирун”, двата последни ајети од суре Ел-Бекаре, и разновидни зикрови како: Бисмике Аллахумме емуту ве ахја и др. 6- Она што ќе го види човекот во сон или е сон или илузија (сласт). Сонот е од страна на Аллах џ.ш., а илузијата е од страна на шејтанот. Ебу Катаде вели: Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: ‘Добар сон е од Аллах, а лошиот (кошмарот) е од шејтанот. Па кога некој ќе види страшен сон нека плукне на левата страна и нека побара заштита кај Аллах од неговото зло, тогаш нема шејтанот да му наштети.” (Бухари, Муслим) 7- Не е пожелно спиење на стомак. Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. кога го видел еден асхаб како спие на стомак, му рекол: ‘Стани, овој начин на спиење го мрази Аллах џ.ш..” (Бухари, Едебул-муфред, Ибн Маџе) Причината за забрана на таквото спиење е објаснета во хадисот на Ебу Зерр р.а.: ‘Навистина тоа е спиењето на жителите на Огнот.” (Ибн Маџе) 8- Човекот кога ќе се разбуди од спиење поже-лно е да проучи дова. Се наведуваат многу дови и зикрови. Еве една како илустрација: ‘Ел-Хамдулиллах еллези ахјана ба„де ма ематена ве илејхин-нушур.” (Благодарение на Аллах што не разбуди откако пред тоа бевме заспани и кај Него ќе бидеме оживеани.” 9- Да спие насочен кон страната на Кибле. 10- Да легне барајќи опрост од секој грев, со чисто срце кон сите муслимани. 11- Да не легне да спие без претходно да напише тестамент, ако има за кого да остави од својата фамилија, бидејќи не знае дали ќе се разбуди жив.
Ебу Селма
Comments