top of page
Writer's pictureinfoislam

Исламско банкарство- излез од секоја економска криза

Исламското банкарство претставува дел од исламската економија.

Исламскиот финансиски систем настојува рамномерно да ги распредели општествените и моралните димензии со цел да се обезбеди благосостојба во општеството. Неговите темелни принципи се изведени од основните принципи на Шеријатот според кои кредитирањето во исламските земји се заснова на потполно покритие на сите влогови од страна на населението и на позајмување пари без камата. Имено, во Исламот е дозволена трговијата, но не и лихварството.

Согласно ова, исламските банки на своите клиенти им нудат финансирање без оврска за камата. Во XX век се појавил сомнеж кај некои исламски економисти дали поимот „реба“ што на арапски јазик значи „камата“, е исто што и англискиот поим „intrest“, односно дали секаков вид на камата е забранет. Подоцна било заклучено дека било каков вид на камата е исламски забранета. Според Ебу Хамид ел Газали, каматата ги спречува парите да ја вршат својата вистинска функција како средство за мера на вредноста и средство за размена, а додека функцијата на парите како средство за натрупување на богатство ја смета за лоша функција и непожелна за опшеството. Според исламското банкарство парите, сами по себе, не може да произведуваат пари. Ебу ала ел Мавдудија вели: „Кој рационален принцип, која логика, кој законски пропис и кој исправен економски принцип може да си даде за право да на оние кои го трошат своето времеенергија, капацитет и ресурси, а чиишто напори и способности ги сочинуваат нивниот деловен напредок, не им биде гарантиран профит во некој фиксен износ, а на оние коишто само ги позајмуваат своите слободни средства, притоа обезбедени од било какви ризици и загуби, да им биде однапред гарантиран профит во фиксен износ“.

Суштината на исламските банки е посредување помеѓу оние кои имаат вишок средства а немаат каде, или не знаат како да ги пласираат и оние кои немаат доволно пари да ги задоволат своите инвестоциони или потрошувачки потреби. Всушност, тоа е и суштината и на конвенционалните банки. Но за разлика од нив, исламските банки не им исплаќаат на своите депоненти камата, туку им нудат преку инвестиционите депозити да учествуваат во деловните потфати на банката, и на тој начин сразмерно нивниот влог да учествуваат во распределба на добивката, но и на загубата од тој деловен потфат. Треба да се напомене дека освен што е забрането да се исплаќа, забрането е и да се прима било каков вид на камата. Исто така важно е да се напомене дека овие банки работат за да остварат профит, па така тие заедно со клиентите учествуваат во поделбата на добивката, или покривањето на загубата, но исто така земаат и провизија за вршење на некои банкарски услуги. Според Шеријатот, освен каматата, на исламските банки им се забрануваат и сите видови на шпекулативни активности, како и инвестирање на банките во сектори кои со Исламот се забранети, како што се производство на свински производи, алкохолни пијалацидрогацигари и слично.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page