top of page
Writer's pictureinfoislam

Исповест на една американска лекарка која го прифати исламот

Американска лекарка по име Орифија, која работи како лекарка за жени, гинеколог во една Американска болница, раскажува за денот кога и дошла една муслиманка со арапско потекло да се породи.

Пред породувањето чувствувала силни болки па кога се приближи времето да заврши мојата смена, ја известив дека јас одам дома, а твоето породување ќе го преземе друг лекар. Тогаш таа муслиманката почна да плаче и да вика: „Не сакам маж да ме породи!“

Потоа сопругот на жената и објаснил на лекарката дека: „Мојата сопруга не ја видел никој целиот живот освен нејзините родители, браќа, сестри, чичковци.. (значи нејзините махреми).“

Лекарката раскажува, почнав да се смеам и му реков: „Не знам во Америка дали има човек кој не го видел моето лице!“

Но сепак го примив нејзиното барање да ја породам. Така следниот ден по породувањето отидов кај неа и почнав да ја советувам: „Во период од 40 дена после породувањето се забранува секаков интимен однос, бидејќи најновите медицински достигнувања докажале дека постои голем ризик и опасност од бројни болести и пореметувања од општење во тој период, истовремено во овој 40 дневен период по породувањето неопходна е здрава исхрана и избегнување на секоја тешка работа…“

Меѓутоа, жената муслиманка ме извести дека тоа не е ништо ново за муслиманите т.е. дека во исламот се забранува интимен однос 40 дена со жената по нејзиното породување сѐ додека целосно не се исчисти, исто така во тој период жената не е должна да клања и пости. Кога ги слушнав нејзините зборови останав зачудена, бидејќи она што постои во исламот ние со голем напор и изучување го откриваме дури сега.

Потоа некоја жена педагог влегла кај жената муслиманка и ја советувала: „Најдобро е новороденчето да спие на десната страна за систематизација на срцевите отчукувања.“ Таткото тогаш одговорил: „Ние тоа го практикуваме како пракса (суннет) и препорака на нашиот Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем.“ Имено, Пратеникот, а.с. препорачал секоја позитивна работа да се започнува со десна страна, рака, нога и сл. Тогаш уште повеќе се зачудив.

Оваа лекарка од Америка раскажува: „Ние го трошиме сиот живот за да стигнеме до некои научни достигнувања, а тие(муслиманите) го знаат тоа од нивната вера, па одлучив да ја запознаам оваа вера. Земав одмор од месец дена. Отидов во друг град каде што имаше исламски центар и повеќе од времето го поминав во истражување и изучување на исламот и распрашување со муслиманите, арапи и американци, и само за неколку месеци го обзнанив моето прифаќање на исламот.“

Превод: еф. Ариф Рамадани

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page