top of page
Writer's pictureinfoislam

Исправното верување во Аллах

За да се верува исправно во Единиот Бог прва и основна работа е знаењето и спознавањето на Создателот, односно на Аллах џ.ш. Знаењето е спротивност на незнаењето

Тоа подразбира познавање на значењето на сведоштвото со двата столба негацијата и потврдувањето.

Доказ е ајетот:

„Знај дека нема друг бог освен Аллах!“ (Мухаммед, 19)

  1. Убеденоста која е спротивност на сомнежот.

Тој што го изговара сведочењето треба да биде убеден дека Аллах е едниствениот кој заслужува да биде обожуван.

Доказ е ајетот:

Вистински верници се само тие што веруваат во Аллах и во Пратеникот Негов и потоа веќе не се сомневаат, …“ (Ел Хуџурат, 15)
  1. Искреното исповедање на верувањето кое е спротивност на многубоштвото.

Секој верник треба искрено да му ги посвети своите дела само на Аллах и ништо од своите дела да не му посвети на некое лажно божество.

Доказ е ајетот:

„…а наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат..“ (Ел Бејјине, 5)

Верувањето во Аллах џ.ш. значи цврсто убедување дека Аллах џ.ш. е Господар, Владател и Создател на сè. Единствено Тој заслужува да му се чини ибадет(обожување) по пат на намаз, пост, дова, надеж, стравување, понизност и покорност. Тој Ги поседува сите особености на совршенство о е далеку од секаков недостаток.

Иманот(верувањето) има шест столба:

1. Да веруваш во Аллах, субханеху ве те’ала.

2. Во Неговите ангели/мелеци

3. Во Неговите Книги

4. Во Неговите Пратеници

5. Во Судниот Ден

6. Во Аллаховото одредување на доброто и злото.

Верувањето во Аллах подразбира:

• Да веруваш во Неговото постоење.(предуслов)

  1. Верување дека само Аллах џ.ш. е Создател и Господар на сè (тевхидур-рубубије)

  2. Верување дека само Нему може да се чини ибадет(тевхидул-улухије)

  3. Верување дека само Нему Му припаѓаат имињата и особеностите на совршенство(тевхидул есма ел сифат)

Затоа човек неможе да биде верник во Аллах џ.ш. се додека не верува дека Тој е Господар на сè, дека друг Господар нема; дека само Тој е Бог и дека само Тој може да се обожува и дека Тој е потполно совршен во своите својства и имиња и дека никој друг не е совршен и потполн.

Овие се трите врста на тевхид(едноштво) кои влегуваат во значење на името на Аллах џ.ш.

Ова е прв и најбитен столб.

0 views0 comments

Comments


bottom of page