top of page
Writer's pictureinfoislam

ИСТОРИЈА НА СОЗДАВАЊЕТО

Кога и како започна создавањето? Како настанале Земјата, Месечината, Сонцето и Ѕвездите…? Какви биле првите човечки чекори на Земјата и од каде тој дошол…?

За сето ова науката го кажала својот збор. Таа има свој став, свои гледишта и докази за овие прашања… Биологија, антропологија, астрономија, органска хемија, геологија, еволуција која денес станала самостојна научна дисциплина, ембриологија и анатомија. Томови и томови се напишани за овие прашања…

Многу за тоа е кажано. Ние не можеме да бидеме изолирани од тоа кога читаме она што Кур’анот вели за историјата на создавањето… Религијата никогаш не била изолирана од животот ниту пак некогаш ја негирала науката. Таа секогаш пружaла и давала крајни граници на научните мисли и секогаш водела со непобитни докази.

Религијата дошла да го каже последниот збор. Не е можно за ова да се расправа од религиска гледна точка пред да го разгледаме од научен аспект или научна страна. Проблемот на создавањето значи треба да го разгледаме научно, религиски, социолошки и политички.

Да се навратиме на животот, на самиот почеток и таткото на еволуцијата Дарвин да ни ги раскаже своите забелешки за животниот од, својата теорија што ја променила целата човечка мисла.

На својот пат околу светот на британскиот воен брод “Бигл”, Дарвин почнал да собира примероци од копното и морето, проучувајќи ги, да размислува и забележува податоци за живите суштества на земјината топка. Резултатот од тоа истражување се следните негови забелешки: Живите суштества се менуваат и прилагодуваат на средината во која живеат.

Човекот што живее на северниот пол е дебел и полн со сало како китот, за да на тој начин се заштити од големите студови. Поларните мечки се покриени со дебела крзнена обвивка. Во екваторските тропски подрачја, човекот е слаб и црн. Неговата црна кожа претставува како чадор кој го штити од силните сончеви зраци. Гуштерите кои живеат во пештерите се слепи и безбојни, додека оние што живеат на копно имаат боја и изострен вид.

Photo by Rifqi Ramadhan on Pexels.com

Устата кај некои животни се разликува во зависност од нејзината улога. Некоја е снабдена со заби кои дерат и тргаат како кај тигарот, некоја е со клун како кај птиците. Некоја е снабдена со рилка како мала игла со која се врши впрскување како кај комарецот, некоја како апарат за шмукање како кај мувите, а некоја како пила како кај глодачите.

Дали е вистина дека сите живи суштества настанале од еден вид, кој еволуирал на безброј други слични видови поради сличностите на настаните и средините. Кај животните кои живеат на копно им се развиле нозе, а кај оние кои живеат во вода наместо нозе им се развиле перки, додека кај оние кои летаат намешто предни нозе им се развиле крила. Ако овој заклучок е точен тогаш тој мора да ни ги открие сличностите во телесната градба кај сите. Тоа е она за што навистина говори и Скалпел:

Кај змијата која нема нозе анатомијата открива скриени нозе во скелетот. На прв поглед птиците имаат само еден пар нозе, анатомијата открива дека крилата им преставуваат втор пар нозе кои се развиле целисходно на новата функција која им е доделена. Четирите перки кај рибата не се нисто друго туку два пара нозе претворени во весла. Човекот има по пет прсти на секоја рака и нозе, мајмунот исто. Глушецот и гуштерот исто така. Па дури и лилјакот има исто толку скриени прсти. Срцето и крвотокот работат на истиот принцип кај китот, глушецот, мајмунот, човекот и лилјакот.

Сите овие врсти имаат вени, а срцето кај сите е со четири комори. Нервниот систем кој се состои од мозок, кичмена срж и нерви исто е кај сите. Мускулниот систем со мускули, скелет и скелетна конструкција… сите коски со помали и незначајни разлики се слични едни на други кај сите животни. Гениталниот систем исто така е ист кај сите животни. Бременоста кај жената трае девет месеци, кај китот и поголемите мајмуни, исто така трае девет месеци… Дури и периодот на доење кај сите е две години.

Потоа втор удар… Во човечкиот скелет анатомијата открива пршленест опаш, кој се наоѓа и кај мајмунот, кој закржлавеле затоа што ја изгубиле својата функција. Кај човекот има седум вратни пршлени, кај ежот и кај жирафата исто така седум, без оглед на должината на нејзиниот врат.

Трет удар… Детето во мајчината утроба се развива во етапи… Во првата етапа детето е слично на риба, има чкрки. Во следната кај него се развива опаш кој подоцна преоѓа во атрофна состојба. Во третата етапа детето е целосно прекриено со влакна како мајмун, а потоа доаѓа до паѓање на влакната од телото освен на просторот на главата.

Детето ја откри целата приказна. Почетокот на создавањето и етапите на развојот.

Скалпел кој се поигрува зад човечкото уво открива нови работи. Мускулите кои го движат увото на магарето, кај човекот закржлавеле бидејќи ја изгубиле нивната првобитна функција кога увото добило нов облик независно од движењето.

Археолошките ископувањата во Јава и во Пекинг откриле човечки череп кој има облик на череп од мајмун. Некои од овие черепи се откриени во пештери во кои се пронајдени и остатоци од дрвен јаглен на огниште што укажува дека нивните сопственици уште пред толку столетија го откриле и употребувале огнот.

И не остана ништо друго туку Дарвин да ја напише својата теорија за настанокот на видовите, теорија која вели дека сите видови настанале од еден корен чиј понатамошен развој имал карактер на разгрането стебло кое се менувало и дивергантно се развивало целисходно на промените на околината и условите.

Дарвин не рекол дека човекот настанал од мајмун, ниту дека човечкиот род настанал од шимпанзо и орангутан. Теоријата во основа не вели дека било кој постоечки вид настанал од друг вид.

Гранката не произлезе од гранката (гранката на човекот не произлезе од гранката на мајмунот). И едниот и другиот преставуваат посебен никулец на стеблото и тие во основа се враќаат на еден извор, првата ќелија, чие стебло се разграни на видови што ги гледаме околу нас. Еден вид не произлезе од друг вид. Секој вид преставува кулминација на својата категорија. Тој е самостоен според својата структура и облик на својот развој. Раѓа само на себе слични.

Размислувајќи и анализирајќи, Дарвин застанал пред појавата на еволуцијата на органскиот свет. Неговото разбирање за прилагодувањето помеѓу живите суштества и средината ја објаснува само измената на конституцијата и функцијата помеѓу живите суштества, а никако нивно еволуирање од понизок кон повисок, по совршен, облик. Тој и за ова нашол решение кога утврдил дека еволуирањето настанало според внатрешен материјален поттик без насочување од надвор.

Photo by Curioso Photography on Pexels.com

Борбата за опстанок била филтер. Оние водени животни кои успеале да се прилагодат на условите на животот во вода, го осигурале својот опстанок, додека оние кои не успеале изумреле. На овој начин животот го продолжиле оние кои успеале да се прилагодат на условите за живот во вода, додека оние кои биле помалку прилагодливи изумреле. Така дојде до еволуирање спонтано, со материјални животни услови.

Бура се дигнала против Дарвин. Години и години поминале во истражување и преиспитување… Еден дел на Дарвиновата теоријата и понатаму живее, додека другиот дел одамна изумре. Тврдењето дека сите видови настанале од еден корен и дека дивергирале во стебло на семејства и видови целисходно на условите на средината и приликите е претпоставка близу до вистината темелена на факти.

Семејниот корен навистина ги поврзува сите живи суштества. Анатомијата тврди дека тие се меѓусебно поврзани со крвна врска и сродство. Меѓутоа, тврдењето дека бирањето настанало единствено со животен поттик без насочување од надвор, не е веќе толку убедливо. Тоа паѓа низ филтер на сигурни и прецизни мисли.

Зошто од семејното стебло на магарето станува нешто како коњ, кога се знае дека магарето е по издржлив и по силен…, со кој поттик од семејството на дивата козата се развива нешто како антилопа која е по слаба, по малку издржлива и по нежна од дивата коза. Слично е и со шарената пеперутка која е по слаба од многу бучната и груба оса… Гулабите, пауните и многу други шарени врапчиња се по нежни и по слаби од орлите, јастребите и соколите.

Настанокот на овие видови не е возможно да се објасни со законот на опстанокот на по силниот, туку со еден друг закон, а тоа е законот на опстанокот на по убавиот. По убав пред чии очи? Ќе рече коментаторот.

По убави пред очите и на едните и на другите. Мажјакот помеѓу нив ја бира по убавата женка. И понатаму се наоѓаме пред животните и материјалните поттикнувања.

Зошто мажјакот ја одбира поубавата женка? Прашањето и понатаму е отворено.

Шареното крило не е по способно за летање од обичното крило. Тука не е во прашање животниот интерес, туку во прашање е високата естетска вредност која самата себе се наметнува над сите останати поттикнувања. Тука дојде до израз разумот на Уметникот-Креаторот кој ги разубавува своите созданија. Неговите траги ги чувствуваме на листовите на дрвјата, боите во цвеќињата, на крилјата на пеперутките и на пердувите на пауните.

Пред сето ова остануваме збунети како и пред некое пустинско дрво кое природата го дарила со крилести семки кои прелетуваат километри неплодна пустина за да паднат таму каде што има вода…, или ако размислиме за ларвите на комарецот ќе откриеме дека тие поседуваат воздушни ќесички со чија помош пловат на површината на водата и не тонат.

Ова единствено може да го објасни Универзалниот разум кој размислува и планира за своите созданија, бидејќи пустинското дрво не е разумно за да ги снабди своите семки со крилца, ниту комарецот го знае Архимедовиот закон за потопување за да им даде на своите ларви некое средство за пловење.

Ова се работи пред кои Дарвиновата теорија е целосно немоќна и единствено ги објаснува Универзалниот, Сеопфатен, разум кој планира егзистенција, проектира и создава.

За да ова подобро го објасниме ќе земеме една имагинарна претпоставка… Да претпоставиме дека страдаме од посебен недостаток на сетилото за вид… Тој недостаток се состои во тоа дека можеме да гледаме разни видови на алатки и машини, ама неможеме да го видиме нивниот конструктор… Така гледаме тркала, дволколка, пајтон, автомобил, воз, ама не го гледаме човекот. Ќе речеме дека овие работи еволуирале една од друга низ серија етапи. Затоа ќе ја земеме како доказ нивната конструктивна сличност.

Сите тие се слични затоа што се од железо, дрво и кожа, имаат труп и тркала… а ќе приметиме дека автомобилот и возот имаат мотор кој се состои од цилиндри и клипови и кој работи на бензин, нафта или пареа. Со оглед дека не го гледаме нивниот конструктор ќе кажеме дека тие се развиле пот влијание на внатрешните фактори како резултат на нивната борба со средината и опстанокот на по силниот после маратонската борба за опстанок.

Photo by Todd Trapani on Pexels.com

Ќе го негираме надворешниот фактор затоа што не го гледаме. Меѓутоа, гледаме дека се движат со помош на внатрешен мотор. Токму ова е грешката што ја направил Дарвин во својата теорија за еволуцијата кога рекол дека факторите на развојот се внатрешните фактори и дека животот се развива со внатрешни поттикнувања без надворешни насочувања… Се развива со делување на внатрешните материјални фактори само затоа што не го гледа Креаторот, Конструкторот, Создателот кој создава и креира.

Значи, се наоѓаме пред теоријата која ги открила семејните корени на органскиот свет, но истата не можела да ни објасни како дошло до еволуција помеѓу нив. Ако преминеме на други научни дисциплини кои кажуваат за историјата на создавањето ќе се најдеме пред мислењето кое вели дека, животот настанал од вода во која дојде до создавање на материјата со непозната сила во прв животен облик … (протоплазма)…, за која никој не знае како настанала од вода и земја. Ако и ова го оставиме и се упатиме кон космосот…, ѕвездите и планетите ќе се најдеме повторно пред мислењето на астрономот дека сé настанало од облаци прашина и гасови. Толку во најкуси црти за овој проблем од научна страна.

А сега да видиме што за тоа кажал Куранот уште пред 14 векови. За што зборувал неписмениот Божји пратеник кој не знаел, ниту тој ниту неговиот народ во тоа време, што значи зборот биологија, органска хемија, ембриологија, анатомија и антропологија.

Куранот има свој метод на изнесување кој се разликува од сите останати методи. Кога тој укажува на некое научно прашање не го изнесува како што тоа би го изнел Ајнштајн, ниту пак онака како што тоа би го направил некој биолог изнесувајќи ги сите па и најситните подробности.

На научното прашање Куранот укажува со знаци, симболи, метафори, со молскавичен блесок, со израз кој осцилира во разумот како блиц. Понекогаш Куранот употребува и некој збор кој неговите современици не се во состојба да го разберат или протолкуваат, но Тој знае дека историјата и иднината во подробности тоа ќе го објасни и протолкува.

“Ние ќе им пружиме наши докази во вселенските пространства а и во нив самите, додека не им биде сосема јасно дека Куранот е вистина.” ( Фуссилет 53).

За својот говор Возвишениот Аллах го вели следново:

“Само Возвишениот Аллах го знае неговото толкување.” ( Али Имран 7). А за Куранот вели: “А потоа Ние сме должни да го објасниме.” (Ел Кијаме 19). Односно Возвишениот Аллах навистина, Куранот ќе го објасни во иднина, во времињата и епохите кои доаѓаат.

Што кажува Куранот за историјата на создавањето. На самиот почеток на создавањето Куранот за Бога вели: “Потоа одлучи (да направи) небо додека тоа сеуште било магливо.” (Фуссилет 11).

Во почетокот се било во гасовита состојба од која настанал космосот и ѕвездите со планетите. “Тој ноќта ја обвива со денот и денот го обвива со ноќта.” (Ез Зумер 5).

Овој ајет е возможно да го разбереме само ако претпоставиме дека земјата има топчест облик, а ноќта и денот се две полутопки кои се обвиваат една со друга благодарение на непрекинатото движење на Земјата.

И самиот збор “теквир” што тука е употребен е необичен, редок збор и тој ни наметнува вакво толкување: “На месечината и одредивме мени и таа секогаш повторно се враќа како стар свиткан стап од палма.” (Јасин 39).

“Урџун” на арапски јазик значи стар свиткан стап од палма во кој нема зеленило, вода ниту живот. Тоа е идентична споредба со месечината на која исто така нема зеленило, вода ниту живот. “Ниту сонцето може да ја достигне месечината, ниту ноќта да го престигне денот. Секој (од нив) се поместува според една патека (орбита) со своите сопствени движења.“ (Јасин 40).

Опишувајки го Космосот Куранот констатира дека во него се наоѓаат патеки, премини и стази: ”Се колнам во небото со звездени патеки.” (Ез-Зуријат-7).

Опишувајќи ја Земјата тој констатира дека таа е во облик на јајце: ”Потоа на Земјата и дал облик на јајце.” (Ен-Назијат-30).

А потоа ја изнесува идејата за привидното движење зад видливото мирување: ”Ти ги гледаш планините и мислиш дека се неподвижни, а тие се движат како што се движат облаците.” (Ен-Немл-88).

Споредувањето на планините со облаците му сугерира на разумот дека нешто е формирано од распаднати честички, а планините нависитна се формирани од тоа. Неподвижните облаци се само измама. Сé се соштоји од честички и сé е во непрестано движење. Земјата со планините е во поштојано, неиспрекинато движење.

Поранешните коментатори на Куранот сметале дека овој ајет го опишува она што ќе се случи на Судниот Ден. Ова е погрешно. Суднито Ден е непобитен факт. Тој сигурно ќе дојде. За овој ден не се вели: ”Ти ги гледаш планините и мислиш…

Нема причина да се сомнева во овој ден.

И те прашуваат за планините. Речи: ”Господарот мој во прав ќе ги претвори и распрска” (Таха-105).

Значи, тука се работи за Судниот Ден. Цитираниот ајет пред ова ја опишува состојбата на планините на овој свет и нисто повеќе. После ова Куранот ни говори за кружењето на водата во природата: ”Зарем не гледаш дека Аллах од небото го спушта дождот, па во извори во земјата го разделува.” (Ес-Зумер-21).

Со ова Тој го обајснува ова кружење. Дождот кој паѓа на Земјата се собира во подземни резервоари, потоа низ извори повторно излегува на површината на земјата, испарува и така кружи во природата. После тоа Куранот го спомнува животот: ”Ние од вода се живо создаваме.” (Ел-Енбија -30).

“Сите животни Аллах ги содзава од вода.” (Ен-Нур-45).

“Зарем не веруваш во Оној кој те создаде од земја.” (Ел-Кеф-37) ”И кога Господарот твој им рече на мелеците: ”Јас ќе содзадам човек од глина, од збајатена кал.” (Ел-Хидзр-28).

На едно мешто Куранот спомнува дека животот е создаден од вода, на друго од земја, а потоа од глина, од збајатена кал или попрецизно од ферменитрана вода помешана со земја, а ова е спротивно со она што го вели науката во најново време.

Во поглавјето Ел-Еараф за овој проблем Куранот говори нешто по опширно: ”Ние ве создадовме а потоа ви дадовме облик, а потоа на мелеците им рековме: ”Поклонете му се на Адем!” и тие се поклонија, освен Иблисот, тој не сакаше да се поклони.” (Ел-еараф-11).

Во овој ајет прецизирано е дека човекот е создаден во временски етапи. ”Ние ве создадовме а пота облик ви дадовме, а после на малецелите им рековме: Поколонете му се на Адем.” Во Божјото значење времето е многу долго. ”Само еден ден кај Господарот твој трае колку илјада години, според ваши пресметки.”

На друго мешто штои: ”Кон него се искачуваат мелеците и Џибрил во ден кој трае 50.000 години.”

Значи ова се Божји денови…Тие се во однос на нас нешто како друго време, нешто како бесконечност. И кога Бог вели, Ние ве создадовме и потоа облик ви дадовме и тој процес го потполнивме со создавањето на Адем, а потоа на мелеците им рековме да му се поклонат на Адем, тоа значи дека Адем настанал низ етапи на создавање и обликување за кое био потребно милиони години, според наше време, а само неколку денови според Божјото време.

”Тој во фази постепено ве создаваше”, значи дека и пред Адем биле суштества и дека Адем дошол како кулминација на сето тоа. “Дали на човекот му изминал еден дел од времето во кое тој не бил вреден за помен.” (Ел-инсан-1). Значи, се укажува на изминати етапи на времето во кое човекот не бил вреден за помен.

Куранот за Аллах вели дека Тој, “Оној што за сето она што го создал дал она што му е потребно, потоа како со тоа да се користи, го надахнал” т.е. Тој го надахнал тој еволуционен развој, кој во Адем достигнал кулуминација: ”Сите животни кои одат по земјата и сите птици кои летаат на своите крилја се народ како вас.” (Ел-Енам-38) . ”Аллах ве создава од земја како растение.” (Нух-17).

“Ние го создаваме човекот од сржта на земјата.” Јасно укажува дека човекот не е создаден од земја во самиот почеток во создавањето туку дека е создаден од посебна срж која настанала од земјата, а тоа е сржта која претходила на појавата на човекот како посебен вид. Куранот исто така говори за етапите на развојот на ембрионот и наведува дека на формирањето на коските му претходило формирањето на мускулите: ”Од месо (соџвакано) правиме коски, а потоа коските со месо ги обвиваме.” (-Ел-Муминун).

Од ембриологијата е познато дека скелетот се формира пред мускулите. За ова формирање Куранот ни вели: ”Тој ве создава во стомакот на вашите мајки, креација за креација во три ноќи.” (Ез-Зумер-6).

Ни открива создавање внатре во матката и опишува дека тоа минува низ етапи, создавање после создавањето кои се одвива во три ноќи а тоа се: штомачна празнина, матка и обвивката на фетусот (постелка, мембрана и амнионска течност). Тоа се неспорни анатомски факти.

“И Тој создава пар машко и женско, од капка семе кое се исфрла.” (Ен-Неџм-45-46).

Денеска знаеме дека сперматозоидот го одредува полот на детето, дали тоа ќе биде машко или женско, но никако јајце клетката. Сперматозоидот е единствен кој го опфаќа полот како детерминиран фатор.

Како дојде Куранот со овие факти кои се во склад со најновите научни истражувања?! Случајно?!

Ако прифатиме една случајност дали ќе речеме дека и сé останато било случајност?

Како на ум му паднале на Божјиот пратеник сите овие проблем и овие факти кои не биле познати во неговото време, иако се обелоденети после неговата смрт на илјада па и повеќе години.

Ако тоа го земеме во предвид според толкувањата на поедини западни коментатори кој за говорот што му дојде на устата на Мухаммед алехји селлам, гледаат облик на внатрешна интелектуална активност која потполно се отворила кон апсолутната вистина. Ако ова го кажеме тогаш научно и многу учтиво ја признаваме Објавата, бидејќи апсолутната вистина не е ништо друго туку Аллах, а отворањето кон Аллах и контактот со него не е нисто друго туку Објава. Но приказната сеуште не е завршена.

Куранот ни пружа многу повеќе од тоа што е многу повеќе од она што го тврди науката. Не известува и за некои тајни што се случиле во царството пред мелеците надоглед создавањето на Адем, како Возвишенито Аллах го сместил Адем во рајот во кој можел да јаде се што ќе посака освен плодовите од едно забрането стебло.

Куранот ни збори како мелеците му направиле сеџда на Адем: ”Освен Иблисот, тој бил еден од џините и затоа згрешил за Божјите заповеди.” (Ел-Кеф-50).

Таа своја злобна горделивост и неговото одбивање на извршувањето на Божјите заповеди иблисот ги објаснил со зборовите: ”Подобар сум од него, мене си ме создал од оган, а него од глина.” (Сад-76).

Тој не ја разбрал Божјата мудрост и почитувањето кој Возвишениот Аллах му ги дарил на Адем. Единствено Бог знаел дека Адем ќе поднесува големи маки бидејќи е создаден од тело и душа кој се во непрестајна меѓусебна борба. Ќе биде преокупиран со многу тешкотии и ќе биде распнат помеѓу желбите на телото и потребата на душата.

Ние го создадовме човекот (да живее) во борба.“ (Ел-Белед-4). Во непрестајна борба и постојани тешкотии. Тој со овие тешкотии и ова борба ќе постигне поголем степен од џините и мелеците, поголема заслуга и милост и од едните и од другите. Поради тоа Бог им наредил на мелеците да му се поклонат и да му бидат на услуга и помош.

Но, на Иблисот во неговата злобна горделивост му се отргна овој факт. Тој наведува дека е создаден пред Адем и тоа од оган, додека Адем е создаден од земја: ”А џиновите ги создадовме уште порано од вжештен оган.” (Ел-Хидзр-27).

Значи, иблисот одбил да му се поклони на Адем поради што е проколнат и истеран од Божјата близина. Наместо да се врати кај Бога, да се покае и побара прошка тој изгубил секоја надеж во Божјата милост и тоа е втората грешка. После тоа станал завидник, осветник и непријател на Адем сметајќи го за главна причина за неговото протерување. Ова е трета грешка.

Тој е шетјан кој се обидува да се извелче од грешка во грешка и кој запаѓа во бездна во уште поголема бездна. Го наговорил Адем да јаде од стеблото кое му го прикажал како стебло на вечноста иако знаел дека тоа е стебло на смртта.

“Така Адем не го послушал Господарот свој и скршнал од патот.” (Та-ха-121).

Бог го сторил Адем слободен (му вдахнал живот) и му дал да одбере: Да биде во Неговата покорност како што ѕвездите се движат во космосот целисходно на одредени закони на движење или да биде слободен и одговорен за еманетот што треба да го понесе.

“На небесата, Земјата и планините ние им понудивме еманет на верата, но тие одбиле, тие се исплашија да го примат тоа. Човекот се обврза на тоа и станал неправеден и безумен кон себе.” (Ел-Ахзаб-72).

Поради своето не знаење човекот не ја разбрал опасноста во која ќе биде изложен поради овој еманет. Тој тоа го прифатил и кон себе направил зулум. Бог знаел на што ќе биде човекот излозен поради прифаќањето на овој еманет, знаел дека овој еманет ќе го фрли човекот во опасност. Па поради тоа од Милоста своја му наредил на човекот да му биде покорен и да се предаде на Неговите зборови.

Му наредил да не јаде плодови од стеблото за да што подолго остане во џеннетот, (џеннет на покорноста и предавањето на Божјите закони). Но човекот ја одбрал слободата и одговорноста. Ја одбил Божјата наредба (со заведување на иблисот) и го изел плодот на забранетото стебло. Уште од тој миг човекот станал одговрен за своето дело, врз основ на што заслужува награда или казна. Казната била протерување од џеннетот во светот на напор и пот.

Разликата помеѓу грешките на Адем и шејтанот се состои во тоа што Адем му се вратил на Бога со покајание и барајќи Негова милост, а шејтанот останал непослушен,губејќи секоја надеж во Божјата милост.

“Адем примал некои зборови од својот Господар, па Тој му простил.” (Ел-Бекаре_37).

Бог го опсипал со својата Милост, му ветил дека неговото поколение ќе го упати на прав пат и ќе го стори за свој застапник на Земјата на која ќе владее според својата волја и разум.

“А кога твојот Господар им рече на мелеците: ”Јас на Земјата ќе поставам намесник!” – тие рекоа: ”Зарем застапник ќе ти биде, оној кој на неа неред ќе прави и крв ќе пролее? А ние Тебе те величиме и пофалуваме и како на тебе ти доликува Те воздигнуваме.” (Ел-Бекаре-30).

Мелеците така резонираат бидејќи виделе дека Адем е со неговиот постанок и етапи на создавање, од оние кој ќе пролеат крв и кој ќе се бори, но затоа Бог вели: ”Јас знам она што вие не знаете.” (Ел-Бекаре-30).

Тој знае дека човекот, со овој постанок и ова природна борба на телото и душата, заслужува поголем степен од мелеците и дека е заслужен да биде Божји намесник на Земјата.Тој им го открива на мелеците овој факт со зборовите: ”Аллах го научил Адема со имињата на сите работи, а потоа ги предочил на мелеците и рекол: ”Кажете ми ги насловите нивни, ако вистина зборувате! ”Фален нека си Ти! ”- рекоа тие ”ние знаеме само она на што ти не научи. Ти си Сезнаен и Мудар.”О Адеме” – рече Тој-“Кажи им ги ти насловите нивни! ”и кога тој ги кажа нивните наслови, Аллах рекол: ”зарем не сум ви рекол дека само Јас ги знам тајните на небото и Земјата.” (Ел-Бекаре-31-32-33).

Ова е земјанинот Адем. Тој поседува достоинство на мелеци. Од ова подразбираме дека Аллах го сторил Адем за свој прв пратеник на земајта.

Зборовите “Аллах го подучи Адем со имињата на сите работи” означуваат почеток на објавата и божественото подучување.

Од ова Божествено подучување на Адем за имињата на сите работи дознаваме и друга особина на човековиот разум. Човекот е подготвен да научи имиња на работи, но не и нивната суштина. Човечкото знаење се движи само во одредени граници, размери и надворешни односи.Тој не може да ја разбере суштината на работите.

Тоа го потврдува и социологијата. Според Куранот Аллах е “Рабб” со значење Одгледувач, Заштитник, Учител, Упатувач, Благ, Милостив, Сакан, кој се грижи за своите творенија и кој им создава можности и ги обезбедува со опскрба.

Бог на Адем му ветил дека на неговото поколение ќе им испраќа пратеници што ќе ги упатува и на прав пат укажува.

“Од мене ќе ви доага упатство и оние што ќе го следат Моето упатство – од ништо нема да се плашат и за ништо нема да тагуваат.” (Ел-Бекаре-38).

Куранот објаснува што значи следењето на човекот на Божјите упатства. Човекот треба го разбере својот грев и да се врати во џеннетот што го изгубил неговиот татко, џеннетот на покорувањето и преданоста на Божјите закони.

Ова е тоа обраќање и враќање што се повторува на секоја страница во Куранот.

Човекот треба да разбере дека тој не поседува ништо освен својата свест во која тој е целосно слободен.Треба да се предаде на Бога и самоволно да се упати кон неговата покорност. Само така ќе биде подобар од неживата материја и од ѕвездите што се движат по своите патеки, а кои со сила се предале на Божјите закони, а не со своја волја, спротивно на човекот кој се предал на својот Господар самоволно од љубов и покорност.

Човекот ова го прави, знаејќи дека Божјата волја и Божјото предодредување ќе се реализира со мила или со сила. Бог е Создател и Господар на сите причини, едниствено Тој поседува упатување, знаење и мок.

Од останатите помалку јасни ајети во Куранот разбираме дека ние Адемовите поколенија сме живееле со живот кој претходел на овој земски живот: ” и кога твојот Господар од кичмата на синовите на Адем извел поколение нивно и побарал од нив да сведочат против себе: ” Зарем јас не сум вашиот Господар?” – тие одговориле: ”Да, ние сведоциме” – и тоа затоа за да на Судниот Ден не речете: ”ние за ова нисто не сме знаеле”, или да не речете: ”нашите предци пред нас друг на Аллах равен му чинеле, а ние сме поколенија после нив. Зарем ќе не казниш за она што чинат лажливците? и така, ете, ние опширно изнесуваме докази за да тие дојдат при себе”. (Ел-Еараф-172-174).

Во овие ајети Возвишениот Аллах во подробности ни изнесува интересен настан од кој разбираме дека бевме во Божјото царство порано пред да бидеме во матките. Можеби како духовни невидливи створенија. Тоа никој не го знае. Од нас Бог побарал да посведоч име за Неговата власт и од нас зел догвор за ова сведочење, за да не се вратиме во неверство и тоа го оправдаме со фактот дека сме биле жртва на нашите предци.

Се враќаме на овој договор во ајетите под поглавјето Али- Имран што се уште по нејасни – ”Од секој веровесник кому му објавил книга и му дал знаење Аллах зеде обврска: ”Кога после, ќе ви дојде пратеник кој ќе потврди дека е вистина она што го имате, ќе сакате ли сигурно да му поверувате и сигурно да го помогнете? Дали се согласувате и прифаќате за тоа мене да ми се обврзете?” – тие одговориле: ”Се согласуваме! – ”Бидете тогаш сведоци” – рекол Тој – ,”А и јас со вас ќе сведочам” (Али-имран-81).

Вака Аллах ги собрал своите пратеници и од нив зел договор според кој ќе се потврдуваат едните со другите. Како тоа било, каде и кога? Овие ајети укажуваат на духовен живот во Божјото царство пред животот во мајчините утроби што значи дека постоевме пред раѓањето како што ќе постоиме и после смртта.

Во Божјите имиња стои дека Тој е “ Создател, Творец, Креатор”. Создател бидејќи не создаде во вид на душа. Творец бидејќи ни дал право на егзистенција,

слично на кралот кој доделува орден, па тој, на кого ќе му биде доделен стекнува право да го носи. Креатор е бидејќи го креирал материјалниот облик на нашето престојувалиште во мајчината утроба.

Во еден хадис Мухаммед алејки селам укажува дека духовното егзистирање му претходило на нашето рагање. Тој вели: ”Бев пратеник додека Адем сеуште не бил роден.”

Во Куранот Аллах му вели на Мухаммед алејхи селам: “Речи : ”Клањањето мое и обредот мој и животот мој и смрта моја навистина се посветени на Аллах, Господарот на световите, кој нема соучесник, тоа ние наредено и јас сум прв муслиман.” (-Ел-енам-162-163).

Овие зборови значат дека Мухаммед алејхи селлам постоел пред сите божји пратеници. Сите божји пратеници, Куранот ги смета за муслимани а Мухаммед за прв муслиман. И ова укажува дека духовното постоење му предходило на раѓањето и дека сме биле во Божјето царство, пред да бидеме формирани во мајчините утроби.

Ако се вратиме на стеблото и се запрашаме какво е тоа стебло…Дали е тоа симбол или е реалност?

Некои коментатори на Куранот велат дека тоа е симбол на сознавање. Ова мислење не е прифатено од проста причина што Аллах не му забранил на човекот да бара сознавање, напротив Тој, човекот го поттикнал во барањето наука: ”Кажи: ”Господару мој, моето знаење Ти прошири го.” (Таха-114) “Кажи: “Патувајте по светот и гледајте како настанало создавањето.” (Анкебут).

Некои коментатори овој збор го зедоа во неговото вистинско значење и рекле дека се работи за стеблото што е слично на оние што ги гледаме околу себе. Трети пак рекле дека се работи за стебленце на пченица чиј плод го изел Адем па почуствувал потреба за обавување на нужда поради отстранување на оптадоците.

На тој начин го открил полниот орган и почнал да го покрива со џеннетско лисје како што тоа се гледа од надворешната смисла на самиот ајет. Некој смета дека тоа е симбол на полен однос и смрт кои се не раздвојни во биологијата.

Кога живите суштества почнале да се размножуваат по пат на полно оплодување тие самите на себе неочекувано си одредиле и смрт. Пред тоа тие не умирале туку се обновувале и подмладувале со сопствено кинење. Полното оплодување всушност било забранетото стебло, извор на животот, кој се струполи од вечност во нистовност. Слично било и со бракот помеѓу Адем и Хава, двајца вечни во џеннетот. Во бракот како овој не постоела брачна функција ниту полно оплодување. Вечно бил факторот на егзистирање и немало потреба за поколенија за да се продолжи животот.

Приказната за историјата на создавањето нема свој крај ниту ќе го има. Мислењето на кое треба да се даде предност е она кое го изложивме во овој обид за разбирање на Куранот. Знаењето му припаѓа само на Аллах.

Според ова прашање невозможно е да се заклучи било што. Почетокот на создавањето и по натаму е тајна, но и покрај тоа нам ни е императивно наредено за тоа да размислуваме.

Куранот ни говори и за историјата на создавањето на седумте небеса: ” Аллах ги создаде седумте небеса и исто толку земји.” (Ет-Талак-12). “Оној што ги создаде седумте небеса еден над друг.” (Ел-Мулк-3). “Ние седум небеса создадовме над вас.” (Ел-Муминун-17). “И над вас седум силни создадовме.” (Ен-Небе-12).

Седум небеса е тајна која науката сеуште не ја открила, но во науката постојат интересни работи што ги нудат за размислување. Науката на пример открива, дека светлината има седум бои, боите на спектарот има седум степени бранова должина од црвената до виолетовата боја, потоа скалата се повторува во седум други степени од инфрацрвена до ултравиолетова.

Исто така познато е од ембриологијата дека детето дури во 7-от месец го потполнува својот развој. Ако се роди пред седмиот месец ќе умре. Од времето кога ги запознавме деновите ги поделивме во седум по седум. Така сме добиле седмица како временска единица за сметање. Уште од најстарите времиња лугето од сите идеолошки определувања и боја, се едно гласни во тоа. Зошто и како ? Тоа не ние познато.

На крајот откриваме дека причината за спектарот на боите при сончевата светлина се седум преносни електрони кои се искачуваат во седум сфери околу нуклеусот на водородот. Кога и да скокне електронот во сферата надвор од нуклеусот настанува барање што се одразува во појава на спектар бои. Овие скокови се случуваат внатре во Сонцето (што се состои од хидроген) од преголема топлина која надминува милиони степени. Електроните се распрскуваат надвор од своите атоми и ослободуваат позната сончева светлина.

Од ова разбираме дека електронот кој се префрла од една состојба во друга, во седумте сфери не потсеќа на седум небеса. За да тој се префрли од едно небо на она над него, мора да се ослободи од оковите на енергијата со кое тој е окован во нуклеусот. Оваа енергија во облик на светлосен сноп ослободува одреден спектар, додека не се исполнат сите седум и потоа излегува слободен од својот атом.

И атомот што се наоѓа во космосот претставува седум небеса во мало. Дали ова треба да значи дека еден ден ќе откриеме дека егзистенцијата е распоредена во седум степени во сите ситуации и дека постојано се повторува од најниско до највисоко.

Седум небеса и седум земји. Седум сончеви зраци, потоа бројот седум што е спомнат во Куранот (пеколот и неговите седум врати, седум земји и седум небеса, седум не плодни години, седум дебели крави и дека Бог го завршил создавањето во седмото раздобје)…. Сето ова укажува на тајна, како една од тајните на космосот. Нема сомневање дека Куранот овдека со сета својата тежина, ни укажува на едно многу значајно научно прашање.

Да земеме уште еден пример од Куранот: ”Аллах прави зрното од семка да из’рти. Тој од неживо создава живо а од живо неживо.” Поранешните коментатори на Куранот овој ајет го протолкувале со кинењето на јадрото на урмата кај нејзиното ’ртење со кое палмата го обновува својот живот и така од нежива семка се изведува живо стебло.

Нели е случајност она што ни го открива анатомијата дека ќелијата исто така го обновува својот живот со цепење на јадрото. По овој пат таа раѓа нова ќелија и заедно со неа сочинуваат две ќелии. Случајно ли е тоа што науката нам ни открива дека атомот не се празни кога неговото јадро не е расцепено и на тој начин од неживо изведува живо, (раѓање на атомска енергија од мртва материја).

Ова се само абстрактни размислувања…

Ист случај е и со ајетот од поглавјето Јасин во кое стои: ”Нека е фален Оној кој во се создава пол: во она што од земјата никнува, во нив самите и во она што тие не знаат.”

Знаеме дека Бог ги создал растенијата во парови, машко и женско, дека сме создадени исто така во пар машко и женско а исто така и џините. Она што не знаевме, а што науката ни го открила е и тоа дека и работите се создадени во парови.

Електрицитетот има позитивен и негативен пол. Магнетот е поларизиран со два пола. Во атомот постојат електрон и позитрон. Протон и неутрон. Во органската хемија имаме лев и десен молекул.

Денеска знаеме за материја и антиматерија. Секој ден науката ни открива тајни на бинарноста во структурата на живата и не живата материја. А тоа се капки во Куранското море полно со закопано богатство и многу тајни. Можеби од сите тајни кои се наогаат во Куранот најголема е онаа што се однесува на дескрипцијата на Кијаметскиот ден каде стои дека од морето ќе избие јак и жежок оган.

“И кога морињата ќе се наполнат со оган.” (Ет-Теквир-6).

Во поглавјето Инфитар Куранот повторно се навраќа и укажува на ова.

“И кога морињата едно во друго ќе се влеат, и кога гробовите ќе се превртат.” (Ел-инфитар-3-4).

Во поглавјето Ет-Тур Бог се колне со овој настан и вели: “Се колнам во морето наполнето, казната на твојот Господар сигурно ќе се случи.” (Ет-Тур-6-7).

Тој се колне во морето кога во Кијаметскито ден ќе се наполни со огин и дека казната сигурно ќе се исполни и дека тоа е вистина. Во заклетвата овдека се обрнува внимание на важноста и величината на настанот. “Море наполнето со огин”.

Тоа било тајна се додека не се појави картата на која биле внесени вулканските појаси и земјотреси на земјата во времето кога се известуваше за активностите на вулканите и нивните тајни.

Картата била почеток за секое понатамошно постојано размислување за тоа. Авторот на картата, геологот доктор По, со цртежи и статистички податоци рекол дека од 500-ни вулкани колку нам ни се познати на земјата најмногу се наоѓаат во појасот на Тихиот океан, средоземното море и на работ на Атланскиот океан.

Уште почудно од ова е тоа дека дното на Тихиот океан се состои од базалит, вулкански карпи. Тоа значи дека огнената внатрешност на земјата е многу слична на површината на дното на Тихиот океан, средоземното море и Атланскиот океан. Овие места под водата представуваат слаби точки во земјината кора, бидејќи повремено доага до вулкански ерупции, кои од внатрешноста исфрлуваат на површината лава, пепел и друго.

Понатаму авторот набројува некои од тие вулкани кои го сочинуваат тој огнен појас околу водата и под водата како што се Фуџијама, Мајун, Тал, Оризаба, Котопакси, Цинборазо, Монт Ласен, Монт Худ и Монт Рејнир. Сем овие вулкани во средиштето во океанот постојат и вулкански острови како на пример Хаваите што настанале од вулкански карпи. Меѓу вулканите на средоземното море најголеми се Везув кај Наполи и Етна на Сицилија. Северно од Етна е активниот вулкан Стромболи кој ноќе свети со црвена светлина, поради што морнарите го нарекуваат светилник на Средоземното море.

На исток од средоземното море се наоѓа друга група на вулкани меѓу кои ги наведуваме Арарат, а во Атланскиот океан Азурските и Канарските вулкански острови.

Статистиката наведува и еден друг факт, дека 80% земјотреси се случуваат во појасот кој ги опфаќа Тихиот океан и дека потресите во најголем случај се случуваат на дното на морето.

Треперењето на земјиштето и вулканската ерупција значи се случуваат околу водата и под водата, каде вжештената маса од внатрешноста на земјата е поблиска на површината која единствено од ерупцијата може да сочува меѓусебната рамнотежа на земјината кора и ридовите што ја прицврстуваат земјината кора на нејзиното место и така спречуваат таа да се тресе над морето со зовриена вода во внатрешноста.

За тоа и за неподвижните ридови Куранот вели: ”На земјата неподвижни планини расфрлал за да не ве потресува и на неа насекаде расфрлил животни.” (Лукман-10).

Ова се знаци (ишарети) и недостижни зборови во кој се среќаваат стилистиката со науката.

0 views0 comments

Comments


bottom of page