Наједноставните дела и љубезни гестови сугерираат на намален стрес и попозитивно расположение, покажуваат најновите истражувања базирани врз фактот дека, на пример, давањето насока на некој странец, донирање нешто на оние кои имаат потреба или слично покажува дека со самото помагање на друго лице си помагаме и себеси.
На 77 лица на возраст од 18 до 44 години им било зададено 14 денови по ред да ги пријавуваат сите стресни настани кои ќе им се случат и како се чувствуваат во врска со тоа. Истовремено, учесниците пријавувале и колку добри дела направиле, без оглед на тоа колку се мали. На крајот, требало да пополнат прашалник кој имал за цел да ги измери нивните емоции и да го рангира нивното ментално здравје на скала од 1 до 100.
Резултатите покажале дека помагањето на другите придонесувало за помалку негативни емоции и повеќе позитивни денови од останатите испитаници. Оние кои не им помогнале на другите имале помалку позитивни, а повеќе негативни емоции за време на стресните ситуации.
„Стресните денови водат до лошо расположение и послабо ментално здравје, но нашите откритија сугерираат дека ако правиме мали нешта за другите, толку едноставни како на пример ако некому отвориме врата, нема да се чувствуваме толку лошо во текот на тие стресни денови“, вели Емили Ансел од Школото за медицина при Универзитетот Јеил.
Commentaires