Од предзнаците не Судниот ден спаѓаат и следните појави: Исчезнување на побожни луѓе, мал број угледни и почитувани и голем број расипани, така да нема да остане освен расипници над кои ќе настапи Судниот ден.
Во хадисот Абдуллах ибн Амр, радијалаху анху, се пренесува дека рекол: “Рекол Аллаховиот Пратеник, саллаллаху аллејхи ве селлем: ‘Нема да настапи Судниот ден се додека Аллах не ги земе добрите верници, така да ќе останат само оние во кои нема никакви добра; кои нема да познаваат доброчинство а ниту ќе спречуваат никакво зло.’” (Муснед Ахмед, 11/181-182)
Што значи: Аллах, за Себе ќе ги земе верниците, а ќе ги остави најлошите луѓе, во кои нема ни трошка добро; што ќе биде резултат на повлекување на знаење, така луѓето ќе земат за себе водачи незналци кои ќе донесуваат одлука без потребно знаење.
Амр ибн Шуајб пренесува од својот татко, од својот дедо, дека Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем рекол: “Ќе дојде време кога ќе владеат само клеветници, олоши и расипани, кои нема да се држат за својот договор и поверение, кои ќе се разидат во мислењата и ќе бидат вака (како меѓусебно испреплетени прсти).” (Муснед Ахмеед, 12/12)
Снемување на побожници ќе следи со зголемување на грешењето, оставањето на наредување на добро и одвраќање од зло. Кога побожниците би гледале некој од неубавите дела, а не би настојувале да го тргнат или да укажат на него, ќе дојде до проширување на нередот на земјата (фесад), така да и на нив ќе се спушти Аллахова казна, заедно со оние кои го направиле тој престап.
На ваков став нас не упатува и хадисот во кој му е кажано на Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем: “ Зар ќе бидеме уништени а меѓу нас има побожни особи? А Пратеникот одговара: “Да, кога ќе се зголеми расипништвото.” (Бухарија, 13/11)
Извор: “Предзнаци на судниот ден”
Автор: Шеик Јусуф ибн Абдуллах ибн Јусуф Ал-Вабил
Приредил: Намик Е Галијашевич
Comments