top of page
Writer's pictureinfoislam

Каде за 1-ви Мај?!

Интересно  е како овие нашите Балканци едвај чекаат да се расположат и да го одбележат 1-ви мај.

Со денови се подготвуваат, размислуваат каде ќе одат. А најчесто завршуваат некаде на излет со скара или јагне, задолжително со некое шише пиво, и откако ќе си заминат зад себе оставаат ѓубре. Се сеќаваат на некои наводно добри времиња кога бил жив Тито и никогаш не прежалената Југославија. Бидејќи тогаш тие празници им биле од големо значење. А денеска кај нас има огромен број невработени кои и понатаму слават, се луксузираат, купуваат месо и ќебапи и се останато.

Но одбележувањето на 1-ви мај, ако го погледнеме историското настанувње и обичаи кои се врзуваат со тој ден ќе заклучиме дека, нема никаква поврзаност со исламот бидејќи: „Во 1889 година Интернационалната (светска асоцијација на социјалистички партии) одржа конференција во Париз и даде поддршка на барањата на работничкото движење во Америка кое бараше дневно работното време да се ограничи на осум часа. Присутните го одбрале 1-ви мај 1890 година за протести и поддршка на оваа одлука. Од тој датум 1-ви мај стана празник наречен Празник на трудот, а во повеќето светски држави го нарекуваат Мајски празник.

Исто така, повеќето арапски и исламски држави не се поштедени од новотариите на овој празник. Во тој ден се престанува со работа т.е. работниците земаат службено отсуство. Овој празник води потекло од идолопоклонскиот невернички празник и стана почитуван и кај групациите на ехлул -китабиите, а е годишен обичај кај останатите. Имено, Празникот на трудот го воведоа обожувачите на дрвјата кои се припишувале на групацијата Дројд. Исто така, се вели дека први го вовеле старите Египќани и Индијци, а бил наречен и како Празник на пролетта. Англичаните го презеле од Римјаните во текот на нивните походи на Англија, а Римјаните го славеле тој ден како Празник на цвеќето и го бирале цвеќето за бог на цвеќето, нека Аллах е Возвишен од  нивните клевети.

Во средниот век овој ден кај Англичаните станал посебен празник. Тие за овој ден имаат посебни обреди и обичаи, бидејќи берат цвеќе и со него ги украсуваат своите домови и цркви.

Во Франција 1-ви мај е земен како верски празник, бидејќи тие, поврзано со Марија, го сметале мај за свет месец. Младите девојки биле крунисани во црквите како кралици за подоцна, од почит кон девицата Марија, излегувале во посебни поворки. Аллаховиот пратеник саллаллаху алејхи ве селлем рекол: „Кој имитира еден народ, тој му припаѓа нему.“

И нашите пријатели едноставно не размислуваат за последиците кои ги носи овој празник кој во повеќето случаеви завршува со грев. И секогаш те прашуваат каде ќе одиш за 1-ви мај или ти упатуваат честитка за убав помин на празникот. За мене тоа е само ден како и сите други…

Акос.ба

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page