Во природа на човекот е да го сака оној кој говори со благи зборови кои не се бестидни и кои не ги навредуваат чувствата. Исто така ги сака оние луѓе кои се со светло лице и со насмевка, оној кој има исправно мислење и упатува убав совет. Заради тоа Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, придавал внимание на работите со кои се придобива срцето.
Тој кажал: „Вие немате имот за сите луѓе, но можете према сите нив убаво да се однесувате.“
Исто така кажал: „Најмил помеѓу вас ми е оној кој има најдобро однесување, кои се понизни и пријатни за дружење, а најомразени помеѓу вас ми се оние кои се занимаваат со пренесување на туѓи зборови, оние кои ги раскинуваат врските помеѓу оние кои се сакаат и оние кои на невини им бараат недостатоци.“
„Немојте да го сметате за мало и небитно ниедно добро дело, па дури ни тоа да го сретнеш насмеан својот брат верник.“
„Твојата насмевка на братот во лице е милостина(добро дело), наредување добро и одвраќање од зло е милостина, да упатиш човек кој се изгубил е милостина, да го тргнеш од пат она што им пречи на луѓето е милостина и да од својата кофа претуриш во кофата на твојот брат е милостина.“
„Твојот вид со кој му помагаш на оној кој слабо гледа е милостина.“
„И убавиот збор е милостина“
„Хранете ги гладните, ширете селам, убаво говорете и клањајте ноќе кога другите спијат, па ќе влезете мирно во Џеннет.“
Comments