1. Давање зекат
Зекатот е строга обврска и еден од петте столбови на исламот од него најмногу корист имаат сиромашните и другите кои имаат потреба.
Дознајте веднаш што сте должни да направите за да ја исполнете оваа верска должност и одредете што се од имотот кој го поседувате е подложен на плаќање зекат без оглед дали се работи за накитот на жената или семејниот бизнис. Исто така едуцирајте ги своите децата за оваа исламската должност на еден семеен состанок.
2. Покренете заедничка каса за садака
Зарем не би било убаво да делите садака како семејство? Ова можете да го направите така што кутијата за пари ќе ја ставите на одредено место во куќата, а потоа ќе го убедите секој член од семејтсвото редовно да издвојува дел од својот џепарлак или плата. Едно од постарите деца може да биде задолжено да следи колку пари има собрано. Еднаш месечно состанете се и договорете се каде ќе ги подарите парите. Тоа може да биде сиромашно семејство, јавна кујна или роднини во друг град или држава кои имаат потреба од тоа.
3. Покренете каса за тајна садака
Најдобро е вашата лева рака да незнае што поделила десната. Имајте го ова на ум за да ги потикнете членовите на семејството на тајно делење. Одредете место за тајна садака некаде во куќата. Објаснете им на сите за што се работи и нагласете им на децата дека правило е: никој несмее да става пари кога некој друг го гледа. Заедно решете каде ќе ги подарите парите од тајната садака.
4. Одржувајте редовни контакти со членовите на вашата заедница и џемат
Мислете ли дека единствени сиромашни луѓе се оние кои бараат? Погрешно. Аллах, џ.ш., во Куранот вели: „… па тој што не знае мисли дека се богати поради нивната скромност и воздржливост! Ќе ги познаеш по нивниот изглед, затоа што тие не им додеваат на луѓето просејќи…(Ел Бекара, 273) Постојат луѓе кои поради својата скромност и самопочит никогаш нема да побараат помош од другите дури и кога се во голема потреба. Единствен начин да им се помогне на таквите е членовите на заедницата да се „држат на око“ едни со други и да следат кој во каква состојба е.
Ваквите луѓе неможат да се препознат по тоа како се облекуваат и во какви услови живеат. Во секој случај, единствен начин да се дознаете дека таквите имаат потреба е да бидете блиски со нив и со свои очи да се уверете во нивната состојба. Немојте, откако ќе дознаете за нечија тешка состојба, таа информација понатаму беспотребно да ја разгласувате меѓу другите членови на заедницата.
5. Бидете економични со храната на ифтарите и дружењата
Каде гледате најмногу фрлена храна? Воглавно на ифтарите, дружењата и прославите. Следниот пат кога ќе организирате акика, ифтар или ручек за пријателите, дискретно и на убав начин предупредете ги гостите да не се расфрлаат со храната. Подоцна после јадењето соберете ги остатоците и донирајте ги во јавна кујна или семејтсво кое за тоа има потреба.
Ако организирате венчавка во семејтсвото тогаш храната сервирајте ја како шветска маса, така да секој зема онолку колку што може да изеде. Она што ќе преостане ќе биде чисто и може да се донира.
6. Организирајте семејна распродажба и приходите донирајте ги во добротворни цели
На вашите деца некои играчки им досадиле, а облеката им е премала? Организирајте распродажба преку интернет или во соседството. Нека секој член од семејството земе работи од куќата кои веќе не се потребни, а потоа нека ги постави на интернет или нека се обиде да ги продаде во населбата нагласувајќи дека приходите одат во добротворни цели. Парите кои ќе ги заработите подарете ги на установи кои се грижат за бездомници и стари изнемоштени лица.
7. Посетете заедно јавна кујна или установа за згрижување на бездомниците
Отварањето на полн фрижидер кога сме гладни толку ни стана навика што забораваме дека постојат милиони луѓе кои го немаат тој луксуз.
Побарајте ја локалната јавна кујна и договорете се да организирате еден оброк за корисниците. Ништо посебно, тестенина со сос на пример. Соберете го семејството и пријателите да ви помогнат. Покрај тоа што ќе вежбате кујна, ќе научите и етика на однесување кон сиромашните, т.е., да се однесувате љубезно, грижливо и сочуствително.
8. Навикнете се да се дружeте со луѓето од сите опшествени слоеви
Дали сте забележале дека вашите пријатели и други опшествени контакти се од ист социоекономски сталеж? Ако е така, почнете да комуницирате и со луѓе кои немаат нужно онолку богатство колку што вие и вашето семејство имате. Пријателства никогаш не смеат да бидат засновани на големината на куќата или состојбата на банковната сметка. Научете ја вие и вашите деца оваа вредна лекција. Дружејќи се со сиромавите кај вас ќе се развие чуство за нивните потреби а ќе научите и како на примерен начин да се однесувате кон нив, т.е., со почит, а не со ароганција.
9. Направете еднаш во месецот „сиромашен“ оброк дома
Што обично јадете дома како семејство? Ако тоа се скапи и обилни оброци, паузирајте со таквата пракса макар еден ден во месецот. Тој ден подгответе крајно едноставно јадење. Тоа ќе ви даде пример како изгледа да се живее со многу помалку од она што го имате сега. Потсетете ги своите домашни дека таквите оброци за многумина не се непријатна стварност еднаш месечно, туку начин на живот.
10. Постете и довите за сиромашните
Една од добрите работи поврзани за постот е дека ве прави свесен како се живее со гладта. Постете понекогаш добоволен пост . Предложете им на пријателите да постете заедно. Кога ќе дојде време за ифтар довете за оние кои живеат во сиромаштија и молете го Аллах да им ги олесни нивните страдања.
Bình luận