Доколку размислуваш во себе „Јас сум подобар од тебе“ додека те споредуваат со некој друг размисли за следново:
1.Разгледај ја поговорката – „Поедини добри луѓе имаат минато и многу грешници имаат иднина“
На ниту една личност не и е гарантирано дека ќе биде добар човек цел живот и обратно. Но вратата на Аллаховата прошка секогаш е отворена и посебно е прилагодена за оние кои ќе направат грешки и се покајат и настојуваат да се променат, дури и ако тоа е секогаш одново.
Да размислиме за нашите гревови и маани.
О, чекај, не можеш да се сетиш ниту на еден? Доколку не можеме, тогаш шејтанот не измамил и сме во многу полоша состојба од оние чии очигледни гревови ги перципираме.
Сетете се дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Нема да влезе во Џенет оној во чие срце ќе има ароганција и колку една мала семка.“ (Бухари)
Понекогаш делата кои ги гледаме кај другите можат да бидат грев, но не може да се така сериозни како самиот проблем на ароганција. Во желба другите да почнат да се однесуваат како да се жители на Џеннетот да бидеме внимателни сами да не станеме оние на кои Џенетот им е забранет. Аллах да не сочува од тоа!
Да се запрашаме – Дали таа личност е родител?
Ако е, а ние се уште не сме, тие се веќе неколку светлосни години пред нас. Доколку е мајка. Џеннетот потенцијално е под нејзините нозе. Ако е мајка или татко, тогаш за секое добро кое го подучиле своето дете и ако тоа постапува по наученото, тие ќе добиваат награди за тоа. Како тогаш можеме да се споредуваме со нив? Доколку тие се родители, а и ние, размислете – за кое големо дело нивното потомство може да направи само од една лекција на која таа личност ги научила?
Да се потсетиме – Ние немаме поим за тоа низ што таа личност поминува или од каде всушност доаѓа.
Колкумина буквално добивале тепање за да научат да клањат, колкумина од нив биле под притисок да носат хиџаб или злоставувани од страна на „верници“, поединци? Нашата кратка интеракција со поединците не е премин во нивното потекло и борба од минатото.
Ние не ја знаеме болката низ која поминуваат. И понекогаш поради тие болни искуства, луѓето го оставаат практикувањето на исламот или го напуштаат исламот во целост. Но понекогаш избираат да се вратат. И кога тоа ќе го направат, тогаш им треба време.
Тие мораат да поминат низ своите емоции, отровните односи кои првобитно направиле раскол со исламот и потешкотиите да пронајдат свој простор во џематот откако го напуштиле за некое време. И сето тоа е борба. Секојдневно тие водат свои интерни битки.
Она низ што тие поминуваат не може да се спореди со момчето или девојката кои израснале во семејство приврзано кон верата која секогаш пружала поддршка, која била дел од негуваната џамијска заедница, која одела во мектеб уште од забавиште и поседувала секојдневно часови по Куран.
Дваесетгодишен хафиз може да биде импресивен, Аллах да го награди и да го подигне неговиот статус, но тоа нужно не значи дека тој е поблиску до Аллах или дека стекнал повеќе награди од оној Аллахов роб кој се бори со неверојатни тешкотии и се бори да се врати на правиот пат.
Но за да прекинеш да ги осудуваш другите за нивното минато погледни што би сакал да видиш кај нив во иднината. Сметај ги сите луѓе повредни од тебе и барај оправдување во секоја нивна постапка како што би сакал тие за тебе да бараат оправдување за твоите постапки.
Извор: Акос.ба
Превод: Велид Хикмет
Превземено од islamski-centar.org
Comments