Со негативните луѓе тешко е да излезете на крај и ако не сте внимателни, таквиот однос може да ја поткопа вашата сопствена позитивност.
Меѓутоа, барем до некаде, можете да научите како да разговарате со таквите луѓе. Еве неколку корисни совети:
1. Избегнувајте ги Прва работа која можете да ја направите кога се во прашање негативните луѓе е да ги избегнувате (ако можете). Ако секогаш им недостасува надеж и секогаш имаат негативни и понижувачки забелешки, тогаш најверојатно се личности кои не ги сакате во својот живот. 2.Сватете во што е проблемот Често кога среќаваме негативни луѓе, се обвинуваме себеси за проблемот. Мислиме дека ние сме виновни што не не сакаат или дека сме направиле нешто што ги вознемирило. Ако ја проанализирате свјата комуникација и не најдете грешка, т.е ако секогаш сте имале добар, почитувачки и позитивен став а пак сте дочекани со негативност прифатете го тоа дека не сте виновни и дека таа друга личност треба да превземе одговорност за сопствената негативност. 3.Прашајте што не е во ред Ако сте дочекани со негативен став понекогаш (често да, отколку не) тоа може да биде исправено ако пристапете на вистински начин. Затоа, не пресудувајте туку културно и смирено прашајте нешто како: „Дали е се во ред?“ или „делуваш вознемирено зошто?“. Личноста со негативен став може всушност да биде среќна што има можност да разговара за тоа како се чувствува, а тоа обично е најмил начин за решавање на негативностите. 4.Останете позитивни Не дозволувајте негативноста на другите личности да ве влечат надолу и самите да станете негативни. Понекогаш ќе запознаете личности кои уживаат во тоа што се негативни. Тоа им е како игра и ќе уживаат во противречењето на се што ќе кажете. Не допуштајте тоа да влијае на вас и самите да станете негативни. Вие и само вие сте одговорни како се чувствувате. Имате моќ да одберете дали ќе им дозволите на другите со нивната негативност лошо да влијаат на вас. Во тој поглед, мора да прифатите дека тоа се разговори на двонасочен процес и морате да се ослободите од својата потреба за контролирање на насоката на разговорот. 5.Бидете охрабрувачи Можно е личноста која вообичаено е негативна всушност да е во депресија и ѝ треба стручна помош. Предложете и го тоа на дискретен начин. 6.Бидете подробен Негативните луѓе често генерализираат како на пр: „Се е криво“ или „не можам веќе тоа да го правам“. Често можете да им помогнете во намалување на нивната негативност така што ќе се фокусирате на деталите од проблемот, а така ќе можат да видат дека работите и не се така црни како што им се чинело на почетокот. Меѓутоа, немојте да се навредувате ако вашето мислење биде одбиено. Одлучете да завземете позитивен став. Како што спомнав претходно, вие самите сте одговорни како се чувствувате. Кога ќе се сретнете со негативни луѓе не мора и самите вие да станете негативни. Останете исправени и сетете се дека деталите се важни за разговор со негативните луѓе. Често можете нивната негативност да ја преобратите за добар исход на разговорот на сите кои се вклучени. Извор: Акос.ба
Comentários