Борба против стресот и лутината
Животот е исполнет со стресови и секој од нас е изложен на некоја врста од тие стресови. Психичкиот притисок не е лош сам по себе, туку е лош начинот на кој ние се судираме со тие притисоци. Луѓето не се подеднакво отпорни на тие притисоци и некои од нив се прилагодуваат и спремно се соочуваат со проблемите. Некои од нив чувствуваат аверзија на таа ситуација, а па некои се предаваат и се прилагодуваат на новите околности. Тие што се среќаваат со тешки кризи обично имаат болка во пределот на главата и во мускулите на вратот и на грбот. Некои се жалат на пролив, вртоглавица и слично. Ибн Абас р.а. го запрашале дали на телото повеќе му штети лутината или тагата. Тој кажал: „И двете идат по исти патишта, но смисолот им е поинаков. Кога се бориш со нешто што е појако од тебе тоа те плаши и ти создава тага. А кога се бориш со нешто послабо од тебе тоа ти создава лутина.“ И навистина и двете чувства го подигаат адреаналинот во крвта, го подигаат крвниот притисок и се штетни за срцето. Постојат луѓе кои се лутат во тешки и кризни ситуации. Божјиот Пратеник ﷺ лутината ја опишува како жарче кое гори во срцето:„Лутината е жарче кое гори во срцето!“
Божјиот Пратеник ﷺ потикнал на намалување на лутината:
„Кој ќе ја совлада лутината кога може да возврати, Аллах ќе му го исполни срцето со сигурност и вера.“
Возвишениот вели: „Kои гневот си го совладуваат и кои на луѓето им простуваат. А Аллах ги сака добродетелите!“
Божјиот Пратеник а.с го опишал лекот за лутина и кажал: „Ако некој од вас се налути нека седне, а ако лутината и тогаш не го напушти нека легне.“(Ебу Давуд, Ахмед)
Ова психолозите во модерно време го нарекуваат промена на „телесната состојба“ и веруваат дека таа промена доведува до слабеење на реакцијата и гасење на лутината. Божјиот Пратеник а.с . Науката утврдила дека нивото на адреалин се намалува кога ќе се седне или легне. Исто така кажал ﷺ , : „Лутината е од шејтанот. Шејтанот е од оган. Тој се гаси со вода. Па кој ќе се налути нека земе абдест.“ Нема сомнеж дека сите овие методи помагаат но најсилен од сите методи е вербата во Аллах субханеху ве те’ала, барање помош само од Него, трпение во потешкотиите и стрпливост во проблемите. Пратеникот ﷺ не предупредил за опасноста на трупање на грижите: „Кој има полно грижи ќе му заболи телото.“(Ахмед) Ибн Абас пренесува хадис од Пратеникот ﷺ дека кажал: „Кој постојано ќе чини истикфар(бара опрост) Аллах ќе му ја отргне секоја грижа, ќе му даде излез од секоја ситуација и ќе го снабди од каде и не се надева.“(Ибн Сунни Ебу Нуајм)
Користта од сонот во борба против стресот
Племениот Куран ни укажал на важноста на сонот кој му дава одмор на телото. Да нема сон, животот на живите суштества не би можел да опстане на Земјава. Дали некогаш сте замислиле што би се случило ако не спиете? Навистина тогаш животот би бил многу неудобен, би превладувала тешкотија би имале нарушена функција, преморени делови од телото до мерка на уништување, ослабено меморија, би се намалил телесниот имунитет и би се појавиле различни заболувања, човекот би се изморил и би немал одмор, телесните клетки брзо би старееле и изумирале и на крајот би била смрт.
Нормално, долго спиење не е ништо помалку опасно од недоволно спиење. Возвишениот Аллах рекол: “…и сонот ваш одмор го направивме” а субат(сонот) во јазична терминологија значи одмор. Исто така, Возвишениот Аллах кажал во преводот на значењето на другиот ајет: „Тој ноќта ви ја направи покривка, сонот ви го направи одмор, а денот за движење.”
Претходното значење на ајетот го потврдиле научници, т.е сонот е одмор за органите на телото и да не е тој, телото би се заморило, изнемоштило и оболело. И ден денес научниците недвоумејќи се по прашањето за појавата на сонот не нашле уште адекватно појаснување. Ова е чудо на кое Куранот ни укажал во превод на значењето на Курански стихови: „И еден од доказите Негови е вашиот сон и ноќе и дење, и вашето настојување да стекнете нешто од изобилството Негово; во тоа навистина има знаци за луѓето кои слушаат.”
Постои изрека која вели дека не е паметно да одете во кревет налутени, бидејќи лутината уште повеќе ќе се наталожи. Дека во тоа има вистина покажала студијата во која учествувале 100 испитаници. На учесниците им биле прикажувани ситуации кои предизвикуваат различни чувства – негативни, позитивни и неутрални, а потоа им ја мереле мозочната активност во текот на РЕМ фаза на сонот. Се утврдило дека кај испитаниците кои останале будни одредено време после гледањето на вознамирувачките сцени, повторното гледање на истите ситуации наредното утро не предизвикало еднаква реакција, туку таа била ублажена. Од друга страна, испитаниците кои веднаш по гледањето на вознемирувачките сцени оделе на спиење, наредното утро имале еднакво силна реакција на тие сцени. Изгледа дека токму сонот ја одржува емоционалната реакција таква каква што е до наредното утро. Авторите на студијата истакнале дека многу луѓе после потресните случки имаат проблеми со спиењето, па затоа заклучиле дека тоа е еден од заштитините механизми на мозокот со кој несоницата, вусшност, се обидува да го спречи поттикнувањето на тие емоции во меморијата. Најголема преоптеретеност доаѓа од штетната лутина наречена завист. Во едно прадание се вели: „Јас неправам ништо повеќе од она што го виде, млад човеку, но никогаш не сум заспал со омраза кон еден верник.“ Верникот треба да има широк видик и суптилни чуства така да работите треба да ги гледа од општ интерес, а не низ призма на сопствените задоволства и сопственотот его. Тоа е болест која недава мир. Друг предлог за подобро да се заспие е да се легне на исправен начин. Да се лежи може на грбот, на стомакот и на левата или десната страна. Која од овие положби е најдобра за функцинирањето на организмот?
Д-р Атар вели дека човекот кој лежи на стомак за кратко време ќе почне забрзано да дише, бидејќи тежината е на кичмата и потпирајќи се врз градите ќе го отежне движењето на градите, а така и нивното опуштање при вдишувањето и издишувањето. Освен тоа, ваквата положба при лежење има последици свиткување на вратните пршлени. Треба да се напомене и попречувањето на дишење на мозокот и замор на срцето. Австралиски истражувач приметил дека веројатноста од ненадејна смрт кај новороденчињата е поголема кога жената бремена со бебето спие на стомак, отколку кога спие на страна. Неспорно е дека овие модерни студии се сложуваат со она што Ебу Хурејре, р.а., го пренесува од Пратеникот ﷺ дека рекол: „Пратеникот видел некој човек како лежи на стомак и рекол: Аллах и Неговиот Пратеник не го сакаат ваквиот начин на лежење.“
Мухаммед ﷺ во хадис ни препорачува кус попладневен одмор во форма на сон што е наречено кајлула: „Практикувајте кратко попладневно спиење, бидејќи шејтаните не го практикуваат тоа!“
Изреката „се во свое време“ е навистина втемелена, барем кога станува збор за дневните обврски и начинот на кој функционира човечкиот организам.
Нашиот метаболизам го следи дневниот ритам на обврски, затоа не го занемарувајте. Попладневното дремење за една третина ја намалува смртноста од срцеви болести, бидејќи се прилагодувате на растењето на нивото на хормонот на сонот – мелатонин. Доволни се само 20 минути за да се освежите и да добиете елан да го продолжите денот.
Истражувањата покажаа дека попладневната дремка ја враќа енергијата и го подобрува памтењето. Ако имате шанса, на кратко затворете ги очите, но само на 30 минути, бидејќи во спротивно, ќе се разбудите без енергија. Попладневната дремка е многу здраво за организмот.
コメント