top of page
Writer's pictureinfoislam

Како да се победи злото во светот?

Анархисти, радикалисти, социјалисти, наемници и разни платеници маршираат по улиците на Европа, во Брисел, Лондон, Париз, маршираат и во Отава, Канада, барајќи правда за себе и својата група, барајќи политичка власт и рушење на олигарсите и аристократијата кои во екот на пандемијата воведоа строги закони и регулација.

Но, пандемијата на злото, сака да го разгори секој дом и да ја заплени секоја болна душа желна за освета и за реваншизам од сторениот бес кој се здобил со годините поминати во заточеништво. Заточеништво кое тлеело како поданик на системот и на репресивниот апарат. Проговорува секој бескуќник и земјопоседник, секој изгубен младинец и пензионер, се слуша кликот на реваншизмот барајќи еднаквост и единство во борба против неправдата и тиранијата. Крвта која треба да се пролее за да се оправда цивилизациското постоење и желба за човечката слобода ги руши сите пречки на досигање на целта. Гневот ќе го прегази човештвото; гневот на масите кои ќе паѓаат како покосени пред режимскиот репресивен апарат на власта која ќе сака да се одбрани од сопствените гласачи. Системот кој е воспоставен неможе да дозволи „експлозија“ на севкупна анархија и бунт. Илјадници протестанти и милиони незадоволни не се доволна бројка да го сменат курсот на историјата.

Малкумина ќе знаат да се снајдат во такво време. Малкумина ќе го препознаат тоа време. Доаѓаат силни промени, времето иде забрзано и не влече во амбисот во кој сите вредности ќе почнат да исчезнуваат. Човечкиот живот и неговата вредност како да исчезнуваат иако ги слушаме бројките на починати од Ковид 19 секојдневно…

Последната надеж на човештвото и Западниот свет беше демократијата, владение на народот, креирањето на животот според нормите на стара Грција, барајќи излез во паганското и незнабошкото верување кое го величаше човекот. Дали мислеа дека пронајдоа излез во растурени цивилизации кои потонаа во некогашен сопствен терор и сеење страв.

Притоа истите заборавија дека избришаа цела една горда илјадугодишна цивилизција и ја закопаа во прашина на непостоење(Исламот). Но денеска повторно се наѕираат изгубените корења. Изградени и осознаени вредности кои беа пренесени преку Анадалузија (Денешна Шпанија), ја откриваат силата на која се базирани реакционерните сили во Европа. Тие тогаш не го кажаа изворот на својата моќ и вештина на владеење. Го скрија изворот на кој му ја должат привилегијата да научат како да владеат и да воспостават систем на вредности и научната мисла и филозофија. Напуштајќи ја инквизицијата го земаа исламскиот општествен ситем на либерално управување. За жал притоа не го прифатија главното начело од кое што потекнува тој систем. Вербата во Бог ја заменија со атеизам. За тоа им послужи римско-грчкиот модел со кој се послужија за да ја зајакнат љубовта кон безбоштвото и „слободата“ на која ќе почива таквиот систем. Системот на вредности кој важи за идниот свет беше земен со потсмев и целосно му се посветија на овој за нив многу добро познат и привелигиран свет. Манипулацијата за остварување на владеењето со овој свет беше и сеуште е главен мотив на материјалистичкиот концепт на кој почиваат тие сили.

Претстои период кога сето тоа ќе биде наплатено врз сопствена кожа и во сопствениот двор кога ќе ја наплатат таа цена на власт со крв. За жал, колатерална штета ќе бидат сите оние невини поединци кои веруваат и кои потпаѓаат и се наоѓаат во таквиот систем. Ќе биде обезбличено секое прашање кое укажува на моралност и вредност. Бескомпромисно ќе наметнуваат психолошки терор и политички идеи кои ќе го поделат уште повеќе светот во кој живееме. Судбината која ја диктира човечкиот род е повторно во рацете на безумници. Но нам ни треба решение кое е цивилизациско. Затоа сите треба да бидеме убедени ако сакаме прогонот на моќниците и безумните да прекине треба да се најде едно решение кое е универзално и важи за сите. Тоа е да се прифати моделот на човекот кој го промени светот и општеството.

Мухаммед, алејхи селам, е вистински пример на морал, укажувач на улогата и целите на нашата цивилизација. Бог не одбрал како негови претставници на земјата и како негови одговорни намесници кои достојно треба да ја извршат својата мисија на воспоставување ред и хармонија. Подучувајќи се меѓусебно за ова Негова заповед доаѓаме до решение кое е клучно за понатамошното егзистирање на оваа планета.

Според Куранот, војната е „несакана нужност” кон која се прибегнува единствено само во потреба, и која мора да биде извршена во одредени човечки и морални граници. Семоќниот Бог на муслиманите им дозволил војна, бидејќи тие биле изложени на притисок и тиранија. Освен тоа верникот не треба да заборави дека треба да Го обожува Семоќниот Господар и да Му служи посветено, следејќи ги на Пратениците Божји. Најдобрите луѓе се пратениците кои имале најблаг карактер и постапување. Тие не поседувале себичност, ниту се воздигале над луѓето, биле најумерени во говорот и најпосветени во молитвата и постот.

Секако, гледајќи ја битноста на тоа да преовладее и да се обезбеди мирот онаму каде што владее неправда се поставува прашањето дали е дозволиво притоа да се оттуѓи и да се уништи дел од нас за да потисне и го анихилира постоењето на неправдата онолку колку може или за тоа постојат услови. Неминовно дека условите се нешто кое што ја попречува практичната реализација на било која цел, но тоа е она што го условува потребата за мирот и хармонијата и складноста на овој однос и баланс на силите кои владеат во светот. Многумина луѓе забораваат на овој развој во кој мораат првин себеси да се изградат а потоа да се обидат да им помагаат на другите, особено поради фактот што тоа треба да се заштити максимално и да ја понуди таа заштита на другите. Прерипувањето на овој чекор кој треба да има отпечаток на поминато искуство и на доволно сознание за пречките кои треба да се поминат е клучна фаза на духовниот развој кој е клучен за духовниот спас на кој се приспособува секоја душа. Заедничкиот концепт на спасување на сите потребни работи за да се сочува конструкцијата која тежнее да воспоставување на духовен идеал и духовни цели во кои пронаоѓаат спас сите оние маргинални елементи како и оние водечки елементи во една заедничка мисија на исполнување на таа колективна задача. Дали останува свеста, или и таа исчезнува како и телото кое наскоро ќе се претвори во прав или во некој друг вид на енергија?

Човечката цивилизација моментално се претставува како прогресивна сила, при што мора да признаеме дека човештвото во овој момент со сиот својот научен занес и технолошки напредок оставил неиспитана една голема енигма која е доста забележителна кај сите луѓе и цивилизации кои постоеле, но денес не е признаена, ниту научно верификувана.

Иако тук – так ќе чуеме некоја вест дека некои научници детектирале постоење на човечка душа, детектирана како една невидлива енергија која е дел од нас, сепак атеистички настроените научници воопшто несакаат да расправаат за овој феномен, како што несакаат да слушнат за животот после смртта. Тоа се независни сложени процеси со кои се разменуваат енергиите помеѓу различни органи, клетки, клеточни состави, днк податоци и други составни делови на еден механизам кој како. Да се жртвуваме со сопствените сили и сопствениот живот кој ни е оставен во аманет да жртвуваме и психички и физички хармонизирана состојба и да се доведеме во состојба на немир, во критична состојба каде може да изгубиме дел од својот телесен интегрит за да оствариме повозвишена цел во тој миг а тоа е заштита на угнетените, на своето семејство и на своето општество. Тука постои трансфер на различни енергии и пренесување на различни идеи за да се исполни целосно енергијата потребна да го стимулира овој заеднички организам кој мора неопходно да се адаптира на промените кои наидуваат.

Поделбата овде се јавува само поради чинење на најголемиот грев и на најголемата неправда. Таа неправда е насочена кон Создателот. Целењето да се спознае Совршенството, раѓа идеал кон совршенство, иако сме со мани и недостиг, Праисконското чувство кое го поседуваме е дадено да ги победи сите моменти на нејаснотија, страв, напуштеност, еуфорија и слично. Тоа е она што суштински ние како луѓе го имаме, но не го бараме во секој од нас. Таа поголема „Сила“ не не оставила без сознание. Сите тие дела му пречат на тероризмот, на насилството и на погрешното толкување и примена на верата. Сите тие дела го ништат злото во корен. Тие не упатуваат дека верник нетреба свесно да чини зло. Многу е битно да се разбере дека нашите дела треба да Му ги посветиме само на Единиот Бог. Верникот треба да прави добри дела на начин кој е искрен и кој е далеку од очите и пофалбата на другите луѓе. Сите ние првенствено се молиме и правиме добро поради самите нас и тоа е чин со кој сакаме да Му се умилиме на Бог. Колку оваа Вселена и совршеност е Божји знак, испратен на луѓето кој треба да им биде патоказ со кој може да се спречи неправдата. Беспрекорното служење и воочување на недостатоците преку поединците кои не ги разбрале добро целите воспоставени од наследниците на Пратениците, односно Веровесниците, кои се најдобриот детектор за инвалидитетот и грешките и застојот на напредокот, било материјален или духовен, води кон колапс на тој систем. Аллах ги потсетува верниците кога вели во Куранот: „Зарем не гледаат дека Харемот сме го сториле свет и безбеден, додека околу нив се краде и пљачка и зарем во лага ќе веруваат, а на Аллаховите благодетти се неблагодарни.“(Ел Анкебут, 67)

Голем број на ајети зборуваат за народот и неговата сила и неговите добри и лоши епитети. Неминовно е за да ги спознаеме сите можни пообемни настани да ја процениме и силата која ја има народот, која е неминовен фактор како дел од една држава, владеење или уредување. Па затоа имаме народот кој сам на себе си прави неправда со прифаќање на лажни божества, идоли и кипови. Постои и народот кој е насилнички и кој ќе ја изгуби благодетта на Аллаховото Упаство. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат на народот кој чини насилство. (Али Имран, 87)

Народот кој поминал и бил во историјата си ја затворил својата книга на добри и лоши дела и тој народ имал судбина како што заслужувал. Тие заслуги ги здобиле по претходното предупредување кое го добиле од Божјите пратеници кои ги повикуваа во спас и на Вистинскиот пат. Најдобрите меѓу нив се оние кои што верувале во Аллах и наредувале на добро и одвраќале од зло. Како што вели Возвишениот Аллах: „Вие сте најдобриот народ кој воопшто се има појавен: барате да се чини добро, а одвраќате од зло, и верувате во Аллах!“(Али Имран, 110)

Но многу народи грешни исчезнаа и беа уништени поради нивните гревови и насилства. „Пред вас многу народи постоеjа и исчезнаа! Затоа, патувајте по земјата и гледајте на кој начин завршија тие што вистината ја негираа!“ (Али Имран, 137)

И против секој народ ќе има сведоци на Судниот ден кои ќе сведочат за нивните постапки. Поради тоа најлоши епитети ќе ги има оној народ кој што е грешен, насилнички, неправеден, во заблуда и народ кој одбива да ја прифати Вистината и да работи по неа откако им стана јасна таа вистина. Тоа е народ кој навистина нема памет и кој изгубил можност да биде спасен.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page