Една од причините кои се сигурно повод за љубовта на Аллах е скрушено учење на Куран со размислување и разбирање на неговите поуки и пораки. Не е чудно да блискоста сo Аллаховата книга биде еден од најголемите ибадети кои се причина за Неговата љубов. Аллах сакал сходно на својата мудрост да нашето верување во Него биде во облик на верување во невидливиот свет. Тој, џ.ш., исто така сакал неговото обраќање и говор да бидат очигледни. Така Неговите Возвишени зборови останале во пишан облик, ги слушаме со учење, а со постојан изговор на истите тие влијаат врз нашите срца.
Нашите добри претходници(селефу салих) длабоко го чуствувале ова значење додека го учеле куранот. Тие дури Куранот го примале како што одалечените и отсатните го примаат писмото од своите најдраги.
Ибн Кајим ел Џевзи, Аллах да му се смилува, вели: „Учачот на Куранот Славен, треба да види како Аллах Возвишениот е благ према своите суштества при доставувањето на своето значење на Неговиот говор и мора да има на ум за величината на Соговорникот, субханеху ве те ала, и мора да размислува за неговиот говор.“
Оваа почест станува потполна кога Куранот искрено се учи, бидејќи како што вели Имам Невеви, искреноста е првата обврска на учачот. Тој во својата душа мора да има чуство на разговор со Возвишениот Аллах.
Бидејќи Куранот укажува на Аллах и Неговата љубов, тогаш нема сомнеж дека љубовта према нему е пат на срцето и разумот за спознајата на Аллах и на сето тоа што Тој го сака. Од Куранот се осознаваат Аллаховите особини и имиња, она што Нему Му пристојува и она од што Тој е чист, како и наредби и забрани во вид на посебни обреди кои водат кон Неговата љубов и задоволство.
Така еден асхаб ја стекнал Аллаховата љубов само спрема разбирањето и сакањето кон една сура од куранот – сура Ихлас, каде што се спомнуваат имињата и својствата на Семилосниот. Таа сура тој ја повторувал на сите намази. Кога бил запрашан од Пратеникот алејхи селам зошто ја учи тој кажал: „Бидејќи таа е својствво на Мислостивиот и јас сакам да ја учам.“ Пратеникот алејхи селам одговорил: „Известете го дека и Аллах го сака.“(Бухари)
Оној кој ќе го засака Куранот, тој ќе го засака и Аллах, бидејќи во Куранот е Возвишеното Аллахово својство. Тој мора да го сака и Аллаховиот Пратеник алејхи селам кој го доставува тој Куран. Абдуллах ибн Месуд вели: „Кој ќе го засака Куранот, тој го сака Аллах и неговиот Пратеник.“(Ет Таберани и Хејсеми)
„А зошто тие не размислат за Куранот..“(Куран; Ен Ниса, 82)
Ел Куртуби вели :„Возвишениот ги куди овде мунафиците заради одалечување од размислувањето за куранот и неговото значење. Неразмислувањето за куранот е нодостаток, бидејќи кој не размислува за Куранот, тој не се грижи за состојбата на своето срце. Таквиот не обрнува внимание на своите дела и последиците во иднината. Додека оној кој размислува за Куранот, размислува и за последиците на своето учење, а тоа е саканата цел поради која се размислува за Куранот.
Затоа и Куртуби вели за ајетот: „Зошто тие не размислат за Куранот, или на срцата им се катанци !“ укажува на обврзителноста на разумскиот пристап кон Куранот за да се разбере неговото значење.
Photo by Mona Termos on Pexels.com
Сето ова се прави со исчитување на тефсирите на оние кои вложиле труд за да го разберат и да ги спознаат правилата на верата кои произлегуваат од тоа, како и да се олесни подуката и запознавањето на луѓето. Ова е посебен степен на оние кои го сакаат Куранот и кои учејќи го многу за него размислуваат. Таквите постигнале врв на секое добро во овој Уммет. Најелитните луѓе се познавачите на Куранот.
Кажал Пратеникот алејхи селам, : „Најдобрите од вас се оние кои учат и подучуваат на Куранот.“(Ел Бухари)
10 поводи како да се стекне Аллаховото задоволство
Comentários