Аллах не почастил со Објавувањето на мудриот Куран како со него би се извеле од темнина на светлина.
Го направи порака до луѓето. Го именувал како племенитиот и на тоа се заколна во величенствена заклетва:
75. И се колнам во местата на постепеното спуштање на Куранот, 76. а тоа, да знаете, е голема заклетва. 77. Тоа е, навистина, благородниот Куран (Превод на значење сура Ел Вакиа)“
Возвишениот ни нареди да размислуваме за Неговите благодати и Неговите ајети, да размислуваме за Неговото создавање и владеење. Се’ тоа заради постигнување голема цел: размислување за Аллаховиот говор во племенитиот Куран:
29. Книгата која ти ја објавуваме е благословена, за тие да размислат за зборовите нејзини и за тие што се обдарени со разум да примат поука. (Превод на значење сура Сад)
Во овој ајет Возвишениот Аллах ја објаснува целта со која е спуштен Куранот. Истакнатиот исламски научник Ибн Кајјим Аллах да му се смилува вели:
„Нема ништо повредно за човекот, за неговиот живот на овој свет и опскрба/снадбување за оној свет, и ништо подобро за неговиот успех од проучувањето на Куранот, долго размислување за него и значењето на неговите ајети.“ (Medaridžu-s-salikin, 1/451.)
Што се однесува за оние кои не резмислуваат за Куранот, кои не ги земаат поуките кои се во него, таквите им забранија на своите души големо добро. Возвишениот им порачува:
82. А зошто тие не го проучуваат Куранот? Бидејќи, да е од некој друг, а не од Аллах, тие во него би нашле многу противречности! (Превод на значење сура Ен Ниса)
Навистина, учењето на Куранот, размислувањето за него и земањето на поуките од него, мора да биде една од основите зачади во нашиот секојдневен живот. Тоа е величествен разговор. Нема нешто што е слично на него. Разговорот помеѓу Аллах и Неговите робови, џинните и луѓето. Основата за овај разговор е племенитиот Куран, во кој се содржани Аллаховите наредби упатени до сите луѓе и џинни. Колку ли само наредби чекаат одзив! Колку ли има забрани кои мораат да се почитуваат и да го остават она што им се забранува! Колку ли само поучни случки во кои има голема поука и порака за оние кои поука примаат! Колку ли само срца тежнеат кон задоволство!
Преземено: http://www.nur-islam.com/
Comments