top of page
Writer's pictureinfoislam

Како да се сочуваме од нередот(фитнето) и искушенијата?

Пратеникот саллаллаху алејхи ве селем, ни навестил доаѓање на огромни искушенија. Верникот одвај ќе може да ја распознае вистината од лагата. Секогаш кога ќе го снајде некое од тие искушенија, тој ќе повика „ова ќе ме уништи“. А кога тоа искушение ќе престане, веднаш по него ќе дојде друго. Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Пратеникот с.а.в.с. рекол: „Дочекајте ги со добри дела искушенијата кои се налик на најтемниот дел од ноќта; тогаш човекот ќе осамне како верник, а ќе заноќи како неверник, и ќе заноќи како верник, а ќе осамне како неверник. Ќе ја продава својата вера за незначителна дунјалучка(овосветска) полза.

Од предзнаците на Судниот Ден е да се прошири лагата меѓу луѓето, така што нема да остане никаква морална пречка која човек ќе го спречи да излаже или да пренесе непроверена вест покрај одвратноста на лагата и лошите последици кои таа ги предизвикува меѓу лугето.

Ебу Хурејре р.а пренесува хадис дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с кажал: „Пред Крајот на времето ќе се појават измамници – лажливци кои ќе ви доаѓаат со приказна која не сте ја чуле ниту вие ниту вашите татковци, па причувајте се да не ве заблудат и да не ве залажат.“(Имам Муслим)

Џабир ибн Семур р.а пренесува дека Ресулуллах с.а.в.с кажал: „Навистина пред Часот (Судниот) ќе има лажливци, па причувајте се од нив“ (бележи Муслим)

Што е потребно еден верник да прави во вакви ситуации? Потребно е:

1. Да изградиш свест дека ти си еден од учесниците во нередот и искушението, или дека си им изложен на напад/удар во секој момент, без разлика биле мали или големи и знај дека целта на нередот и искушението – е само твој испит! Паметна личност, која сето ова го има на ум и биде свесна за тајните на искушението – ќе биде претпазлив и ќе се сочува!

Доколку муслиманот почуствува дека нешто се случува, не треба да биде безгрижен и нетреба да дозволи себеси да се вовлече во вртлогот на нередот! Аллах џ.ш. , вели: „Секое живо суштество смртта ќе ја искуси! Ние ве ставаме на искушение и во добро и во зло и Нам ќе ни се вратите“(сура ел-Енбија 35)

2. Чување на јазикот и раката од зло колку е во можност муслиманот тоа да го направи! Аллах џ.ш. вели: „тој нема да изусти ни еден збор, а покрај него да не е присутен тој што бдее“ (Каф 18) Пратеникот алејхис селам рекол: „Престојувајте во вашите куќи!“ (Бележи Ебу Давуд, бр 4262, Тирмизи бр. 2205, а шејх Албани рхм. го оценува сахих, и вели: „Седи во својата куќа и затвори ја устата!“. Силиша ел-Сахих , 4/49)

Во случај кога на некој настан дирекно се врзи одреден човек, или е во прашање одземање на вистината, тогаш:

3. Строга проверка на инфромацијата, обавезно сослушување на другата страна без обsир на тоа кој ни ја пренел одредената вест, бидејќи лагата доминира на јазиците на луѓето тогаш кога нередот е актуелен и жив, како и јазиците на голем број „побожни“ луѓе и во тој момент се движат како реки во своето корито!

Аллах џ.ш. вели: „О, верници, ако некој грешник ви донесе некаква вест, добро проверете ја, не знаејќи некому зло да не му направите, па, заради тоа што сте го сториле да се покаете “ (ел-Хуџурат 6)

Аллах џ.ш. со овој ајет не изоставил никого (бидејќи безгрешна личност не можеме да најдеме оп.пр.) – па дали веќе еднаш ќе се опаметиме!

Еден од најубавите Курански примери кои говорат за оваа појава е:

1. Случајот со Иса а.с.(Исус) кога Аллах џ.ш. ќе каже: „116. А кога Аллах ќе рече: „О, Иса, сине Мерјемин, ти ли им говореше на луѓето: ,Прифатете ме мене и мајката моја како две божества покрај Бог?‘“ – тој ќе рече: „Чист си Ти од тоа! Мене не ми доликува да зборувам за тоа што немам право. Ако тоа јас сум го говорел, Ти тоа веќе го знаеш; Ти знаеш што знам јас, а јас не знам што знаеш Ти; Само Ти, Единиот, знаеш сè што е скриено! 117. Јас им го велев само тоа што ти им го нареди: ,Обожувајте Го Бога, и мојот и својот Господар!‘ И јас бдеев над нив додека бев меѓу нив, а кога Ти душата ми ја зеде, само Ти ги наѕрнуваше; Ти бдееш над сè! 118. Ако ги казниш, робови се Твои, а ако им простиш, Силен и Мудар си Ти!“ 119. Аллах ќе рече: „Ова е Денот во кој на искрените искреноста нивна ќе им биде од корист; ним ќе им припаднат џеннетските градини низ кои реки течат; вечно и довека во нив ќе останат. Аллах ќе биде задоволен со нив, а и тие соНего. Тоа голем успех ќе биде!“ …“ (ел-Маида 116-119)

Дали Аллах џ.ш. е во потреба за проверување на иформацијата – а убаво знаеме дека Аллах џ.ш. најдобро знаел што Иса а.с(Исус) говорел и кон што повикувал и дека не зборувал она што му се припишува!

Овај ајет е јасна порака од Аллах џ.ш., до сите оние кои само ги слушаат своите шејхови, главешини, своите пријатели – значи само една страна, без проверување на дадена информација, чинејќи со тоа неправда и насилство према останатите Божји робови! Па, има ли кој од ова да земе поука?

2. Аллах џ.ш. го советува еден од своите пратеници – Давуд а.с.(Давид) – зошто не ја сослушал и другата страна пред да донесе суд! Аллах џ.ш. вели: 26. О Давуде, за Ние намесник на земјата те поставивме, затоа суди им на луѓето праведно и не поведувај се според страста за да не те одведе од Аллаховиот пат; тие што скршнуваат од Аллаховиот пат ги чека болно страдање на оној свет затоа што забораваа на Денот на пресметката. 27. Ние не ги создадовме небото и Земјата и тоа што е меѓу нив залудно; така мислат неверни- ците, па тешко на неверниците кога ќе бидат во Огнот! 28. Зарем со тие што веруваат и што прават добро ќе постапиме исто како и со тие што прават неред на Земјата, или, зарем со тие што се чуваат од гревовите ќе постапиме исто како и со грешниците? “ (Сад: 26-28)

Давуд не ги сослушал двата парничари, туку само едниот и врз основа на неговиот исказ, донел пресуда. Потоа се сетил дека несмеел така да постапи и се покајал.

Зарем нема предходните ајети да ги земе во обsир оној кој издава фетви и зборува за Аллах џ.ш. без предходно знаење!

Имам Ибнул Ареби рхм, во своето дело „Ахкамул-Куран“, зборувајќи за овој ајет, вели: „Судење, без предходно сослушување на спротивната страна не е дозволено по ниеден од имамите, дури таква постапка не е дозволена во ниедна од религиите на земјата!

Личноста која ги проверува информациите, го сослушува спротивниот страв од другата страна – таа личност е праведна, умерена и упатена, додека личноста која не ги проверува информациите и не го сослуша другиот став и одговорот од другата страна – таа личност е насилник, злосторник, и која после ќе се кае заради својата неумереност!

4. Употребата на општите исламски правила:

• Обврзителност на правење разлика помеѓу фетва и пресуда. • Обврзителност на правење разлика помеѓу вест и реја. • Обврзителност на правење разлика помеѓу убедување и итџихад . • Обврзителност на правење разлика помеѓу бејина и тезјина. • Вистината е побитна од движењата луѓето и странките. • Вистината е побитна од моето семејство и моите шејхови. • Несмее да се биде пристрасен!

5. Да се земе во предвид едебот(моралот) и убавиот бонтон и однесувањето на личноста со која во нешто не се сложуваме по некое прашање. Правила за праведност и инсаф мораме секогаш да ги спроведуваме во пракса. Мораме да бидиме претпазливи од секоја врста на неодмереност и фанатичност. Колку е разликата и несогласувањето кое никако не смее да биде повод за меѓусебна поделба и да знаеме само колку ли твои истомисленици ја погрешиле вистината во нешто и колку твои неистомисленици ја погодиле вистината во нешто! Нема човек да се врзи фанатично за друг – а да не погреши и вистината и хакот да ги промаши и нема човек да биде праведен спрема другите, а да тевлик и подршка од Аллах џ.ш. не заслужи и да не добие упатство, за да се упати на правиот пат како потикнување!

6. Пазење на Аллаховите граници, кои лично Тој џелешануху ги одредил, во врска со прашања за одредени прашања и на основа на Аллаховите џ.ш. докази и со запознавање на ставовите и мислењето на улемата/научниците по даденото прашање – а после треба постапување по тоа! Не смееме да се залетуваме и да брзаме со прописите во прашањето судејќи на луѓето према своите страсти и желби!

7. Ќе се вратиме, во тешки и сомнителни прашања, на добро учената улема, до нивните фетви да се пдридржуваме, каде никаде не смееме да се концентрираме само на еден човек, на една група, партија или организација, станувајќи фанатичен следбеник на истите!

Преземено од книгата: „”Menhedžul-I’itidal”, str.174-176.“ Шејх Аднан Арур

Користен е дел од книгата„Предзнаци на Судниот ден“ Шеј Мухаммед Арифи

0 views0 comments

Коментарі


bottom of page