Исправните предходници му забрануваа на оној кој учел фикх-право самостојно(сам), без шејх, да издава фетви и да ги подучува дугите. Истотака забрануваа да подучува Куран оној кој научил Куран самостојно од Мусхаф.
Ебу Зура Ер-Рази, рахимехуллах, рекол: „Нека на луѓето не им издаваат фетви „сухуфии“ и нека во Куран не ги подучува „мусхафии“. (Ел-Феких вел-Мутефекких)
„Сухуфии“ е оној кој земал знаење од книга сам, без шејх, а „мусхафии“ е онај кој го меморирал Куранот од мусхаф самостојно, без шејх.
Ибн Халикан, рахимехуллах, рекол: „Ел-Меџуб – опседнат, привлечен, манијак, идиот – е тој кој нема свој учител-шејх.“ (Ет-Теалум Ве Есеруху, стр. 67)
Меѓу исправните предходници биле познати изреките:
-„На кого книгата ќе биде шејх, повеќе ќе згреши отколку што ќе погоди.“
-„Најголемата несреќа е книгата да ти биде шејх.“
Но денес кога е раширена бројноста на информациите и е отворена можноста секој да кажува и говори, таквите постапки на тие луѓе треба да се дефинираат со нивното асоцијално однесување и неможноста да добијат внимание во едно општество или средина во која живеат. Често таквите се доста емоционални во своите говори и нивниот говор следи поради иритираноста од општествените аномалии и неможноста да се спротиставуваат на одредени појави. Најголема награда за тие луѓе е да го свртите своето внимание кон нив и да им дадете почит која не само што не ја заслужиле туку истите треба максмално да се ограничат и да не им се даде простор за дискусија по интернет форумите и социјалните мрежи. Како се лечи оваа појава и како доаѓа до таквите ситуации? – Ибнул Кајум ни пренесува:”Кога Аллах сака добро на Својот роб, ќе му ја отвори вратата на работата, и ќе ја затвори вратата за да разговара, и кога Аллах сака зло на својот роб, ќе ја затвори својата врата на работењето за исламот, и ќе ја отвори вратата за да разговараат. “
-, Хасан ел Басри, р.а., како што видел луѓе да се расправаат рекол :”На Овие луѓе им стана досадно обожувањето, говорот им e безвредност , изгубиле богобојазност па расправаат. “
Научниците и психолозите дале повеќе мислења за ваквите постапки, па би било убаво да ги разгледаме.
Иако се вели дека молчењето е злато, сепак за почеток луѓето кои премногу зборуваат(се допишуваат по социјални мрежи) доволно е само да се обидат да се контролираат, а молчењето да го остават за понатаму.
„Дрдорливците“ со својата константна потреба да зборуваат и озборуваат и сакаат да ја пополнат тишината, бидејќи тие не се чувствуваат удобно без да нападнат некоја личност која е подобра или преставува авторитет. Тишината и молкот на луѓето и неукажувањето на внимание им прави голема непријатност која ги вознемирува, па со зборувањето и озборувањето се смируваат. Ова може да биде предизвикано и од стравот дека нема да се вклопат во друштвото, па зборуваат постојано за да го свртат вниманието на себе. Како да се плашат дека другите луѓе не ги забележуваат, па мораат да го истакнат своето присуство. Покрај тоа, нивната потреба да се докажуваат зависи и од нивната позиција во општеството. Луѓето кои не престануваат да зборуваат обично ги гледаат останатите околу нив како потенцијална закана.
Со својата „акција“ тие се наметнуваат, се обидуваат секогаш да го кажат последниот збор и на тој начин да ја имаат контролата над ситуацијата. Така се чувствуваат посигурно.
Се додека не стивнат нивните стравови, желби, фантазии и слично, или не стигнат на некои свесно ниво, потребата за зборување не престанува.
Според горенаведените ситуации, се чини дека заштитен механизам на многу човечки проблеми е токму зборувањето, но, проблемот е во тоа што кога зборуваме постојано, со нашето однесување влијаеме на другите луѓе. Најчесто крајниот ефект е негативен за самите нас. Важно е да станеме свесни за ситуациите во кои имаме тенденција постојано да зборуваме. Најчесто тоа е кога сме нервозни или сме под некој притисок или стрес. Потребно е да свртиме внимание на дишењето – дишете длабоко и издишувајте преку нос и чинете му зикр на Аллах. Тоа ќе ни го смири телото и ќе ни даде доволно време да се справиме со мислите кои ни поминуваат низ глава. Никој нема да забележи дека сме преокупирани со дишењето, само ќе зборуваме помалку и ќе зикриме повеќе.
Вториот чекор да се справиме со потребата да зборуваме е секогаш кога ќе кажеме нешто да го завршиме нашиот дел со прашање. Така ќе го поканиме слушателот и тој да каже нешто, а ние ќе бидеме тивки и ќе слушаме. Луѓето сакаат кога некој е заинтересиран за нивното мислење, па ќе стекнеме и пријател плус. Исто така, додека правиме пауза во зборувањето, а соговорникот го има делот да раскажува, потребно е пак да се обидеме да се смириме со помош на дишењето или зикр.
Во суштина многу лесно е да се постигне добар резултат, но најважно е да се сфати дека сме имале проблем и да се обидеме да ја преземе контролата. Аллах џ.ш. не предупредува дека зборувањето и озборувањето на другите настанува и поради многуте наши гревови и заборав на Него. Затоа вели „О, верници, плашете се од Аллах, и секој човек нека гледа што подготвил за утре и плашете се од Аллах, бидејќи Тој добро знае што правите.
И не бидете како тие што заборавија на Аллах, па Тој направи самите себеси да се заборават; тоа се вистински непослушни грешници.“(18, 19, Ел Хашр)
Со овој цитат тој наредува богобојазност и забранува на верниците да преземаат својства на оние кои Го заборавиле. Тој ни говори за оние кои ја оставиле богобојазноста дека се казнети со самите тоа што ги сторил да се заборават самите себе, т.е. да заборават она што е добро за нив и она што може да ги спаси од вечната казна и да им даде вечен живот, уживање и благодат.
Аллах субханеху ве те’ала, сторил да тие сето тоа го заборават, заради тоа што заборавиле да Го величаат, да се плашат од Него и да неговите наредби Ги извршуваат. Од оваа причина забележуваме дека грешникот не води сметка за работите кои се од негов интерес и ги занемарува. Аллах сторил да срцето негово не му чезнее кон зикрот. Тој ги следи своите страсти. Неговите постапки се далеку од разборитоста и му поминале неискористени сите добра на овој и на оној свет. Му поминала вечната среќа , која ја продал за безвредно уживање – која е како летен облак или фатаморгана.
Најтежок облик на оваа казна е да човекот заборави на себе и потполно се запостави. Тој тогаш ги пропушта сите работи кои се корист за душата, продавајќи ги за бедна противвредност и незначителна цена, губејќи го она без што не се може и што не возможно да се надомести, земајќи тоа што му е вишок и тоа што не му треба. Се што ќе изгубиш може да го надоместиш, но ако Го изгубиш Аллах нема да можеш да Го надоместиш.
Од предзнаците на Судниот Ден е и да се прошири лагата меѓу луѓето, така што нема да остане никаква морална пречка која човек ќе го спречи да излаже или да пренесе непроверена вест покрај одвратноста на лагата и лошите последици кои таа ги предизвикува меѓу лугето.
Ебу Хурејре р.а пренесува хадис дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с кажал: „Пред Крајот на времето ќе се појават измамници – лажливци кои ќе ви доаѓаат со приказна која не сте ја чуле ниту вие ниту вашите татковци, па причувајте се да не ве заблудат и да не ве залажат.“(Имам Муслим)
Џабир ибн Семур р.а пренесува дека Ресулуллах с.а.в.с кажал: „Навистина пред Часот (Судниот) ќе има лажливци, па причувајте се од нив“ (бележи Муслим)
Поради тоа се случува да кога се обидуваме да срушиме авторитет или да навредиме некого или да му укажеме на грешката тогаш најдобро е, бидејќи не сме секогаш доволно способни да бидеме оние кои ја менуваат состојбата кон подобро, да ги оставиме таквите обврски на оние кои се поучени, попаметни и помудри од нас. Сепак затоа и специјализирале или завршиле одредени школи за да воспитуваат некого. Не може некој што не е воспитан на јазикот или во делата, да воспитува или образува. Потребно е можеби цела една генерација да се изгради за да дојдеме до резултат, а за тоа првин се потребни години и години седење на колена пред поучените од нас, да се научиме на добро однесување и секако помалку да збориме и повеќе да слушаме. Затоа пред да тргнеш по стекнувањето на знаењето треба да имаш морал. Без морал и однесување тоа знање нема да биде од никаква корист.
Ен Невеви рекол:
„Знај брате, Аллах да не исчисти и упати, дека телата на учењаците се заштитени, и дека Аллаховиот закон за оние кои што ќе ја нападнат нивната чест , и при тоа клеветат и изнесуваат на виделина нивни мани и нивни недостатоци , ќе бидат искушани со смртта на нивното срце пред нивната природна смрт.“
Comments