top of page
Writer's pictureinfoislam

Како до правилно осамостојување на децата

Децата во денешниот образовен систем не се добро подготвени за утрешниот свет. Човек не може да знае што го очекува. Никогаш нема да можеме да дознаеме што навистина не` чека во животот во наредните 20 години.

Никогаш не можеме да бидеме добри во предвидување на нашата иднина, бидејќи иднината е во рацете на Аллах, такашто нашето воспитување и образование на децата веруваме дека е најдобро, но не секогаш знаеме што правиме. Тогаш, како да ги подготвиме децата за еден непредвидлив и непознат свет? Можеби најважно за нив е да ги научиме да се прилагодат, да се справат со промените, да ги подготвиме за неочекуваната и секогаш да бидат подготвени да учат.

Ова бара сосема поинаков пристап кон воспитувањето на децата и образованието. Тоа значи дека треба да ги оставиме нашите стари идеи и да се насочиме кон новото.

Ова се некои од најважните вештини за кои децата треба да знаат покрај основните работи кои треба да ги познава и осознава секој верник. 1. Поставување на прашања

Она што најмногу сакаме за нашите деца е се` она што треба да го знаат, да го научат сами. Да научат било што. Бидејќи ако тоа можат да го направат, тогаш не треба да ги учиме се` по ред. Прв, доста важен чекор кон учењето е тие да знаат да постават прашање. За наша среќа, на децата ова природно им е вродено – а нам ни останува само да ги охрабриме. Одличен начин да се направи тоа е дадениот пример. Кога вие и вашето дете работите или учите нешто ново, поставувајте прашања на глас и истражувајте можни одговори со вашето дете. Кога вашето дете тоа истото ќе го направи и ќе започне да поставува прашања, наградете го наместо да го казнувате. 2. Решавање проблеми

Ако детето е способно да ги реши проблемите, тогаш тоа може да направи било каква работа. Новата работа може да бида застрашувачка за било кој од нас, но тоа е само уште еден проблем кој треба да се реши. Нова вештина, ново опкружување, нова потреба… Тоа е се сите проблеми кои треба да се решат. Немојте веднаш да им ги решавате проблемите на вашите деца – нека тие самите се обидат да најдат различни решенија, а вие наградете ги таквите напори.

3. Изведување на проекти

Пишувањето книга е проект. Продажбата на книги е проект. Ако работите на проект со вашето дете, оставете го да види тоа како се работи, заедно со вас, а потоа оставете го да работи само. Кога ќе ја стекне вашата доверба, оставете го да се занимава со работите кои го интересираат и нека ги направи само. Набрзо, неговото учење ќе биде проект поради кој ќе биде возбуден.

4. Пронаоѓање на инспирација Она што ги води луѓето е инспирацијата. Помогнете му на вашето дете да ја пронајде инспирацијата за да може да го реализира проектот кој сака да го прави и кој го исполнува. На тој начин ќе научи важна лекција – дека работата може да се сака.

Photo by Ketut Subiyanto on Pexels.com

5. Независност

Децата треба да научат да бидат самостојни. Секако, постепено. Полека охрабрувајте ги работите да ги прават сами. Научете ги како да ги направат работите сами, дајте им модел, помогнете им малку да направат и дозволете им да направат грешки. Самодовербата во себе ќе јас текнат кога ќе ги стекнат сопствените успеси, а тогаш ќе имаат сила и да се изборат и со неуспесите. Кога ќе научат да бидат независни, ќе научат дека не им треба учител или газда да им кажува што да прават. 6. Да бидат среќни сами

Голем дел од родителите ги разгалуваат, држејќи ги во своја близна, правејќи да се чувствуваат среќни и безбедни само со тоа што се родителите во близина. Кога детето ќе порасне, не знае како да биде среќно само. Нормално дека тагата и среќата доаѓаат од семоќниот Аллах, но кај луѓето тоа веднаш го бараат во пријатели, маж/жена… Ако нема друштво, детето ќе бара среќа во другите надворешни работи – храна, видео игри, интернет. Но, ако детето учи од мали нозе дека може да биде среќно само, играјќи, читајќи и размислувајќи, тогаш ја има една од највредните вештини кои постојат. 7. Сочувство

Една од најважните вештини на човештвото воопшто. Децата треба да знаат да соработуваат со другите, да се грижат за другите луѓе, да бидат среќни кога другите се среќни. Развивањето на сочувство е клучот на успехот. Покажете сочувство кон вашето дете во секој момент, како и кон другите. Покажете му дека емпатијата значи интерес за тоа како другите се чувствуваат и обид да им се помогне.

8. Толеранција

Пречесто децата растат во изолирани области, каде што воглавно луѓето се слични, па кога ќе дојдат во контакт со луѓе кои се различни од нив, тоа може да биде непријатно, шокантно, па дури и да предизвика страв. Зборувајте со нив и покажете им дека е во ред да се биде различен бидејќи тоа е слобода на секој човек и она што животот го прави убав. 9. Соочување со промените

Ова е една од најважните вештини за децата, бидејќи светот секогаш се менува, па децата треба да научат да ги прифатат промените и околностите. Тоа е вештина која се учи цел живот, и која прави позитивна разлика во однос на оние кои се спротиставуваат на промените. Стравот од промени знае да биде значајна кочница кон прилагодувањето и успехот воопшто. Животот е авантура и работите некогаш ќе тргнат наопаку, не онака како што сме очекувале, но затоа животот никогаш не е досаден.

0 views0 comments

Comentários


bottom of page