Освен вода, медот содржи и инвертни шеќери, сахароза, декстрин, минерали, витамини, хормони, јаболкова, лимонска, мравја, оцетна и килибарска киселина.
Сите видови мед не се исти по состав, вкус ниту пак по арома, па добро е при купувањето да се знаат некои правила.
Најпрвин треба да се препознае дали медот е природен и квалитетен, или пчелите го направиле од шеќерен сируп. Доволно е во медот да ставите чепкалка за заби и да ја кренете. Ако од чепкалката тече непрекината нишка, медот е природен. Ако нишката мед се прекинува, т.е. ако капе, подобро е да не го купувате.
Многумина избегнуваат да купат зашеќерен мед, сметајќи дека е вештачки. Ова е голема заблуда – природниот мед секогаш, порано или подоцна, се зашеќерува, особено ако стои на ладно. Во некои земји купувачите бараат исклучително кристализиран мед. Доколку тоа, сепак, ви пречи, медот повторно ќе стане течен ако теглата ја ставите во тенџере со вода која постепено ќе ја загревате (но никако над 36 Целзиусови степени).
Различните видови цветен мед, како што се багремовиот, сончогледовиот и слично, обично содржат околу 12 до 13 различни минерални состојки, додека мешаниот мед може да има и до 30. Медот со потемна боја е побогат со минерали, особено со железо, бакар и магнезиум.
Некои видови мед, како што се багремовиот и медот од жалфија, потешко се зашеќеруваат. Затоа, ако купувате поголеми количини кои треба подолго време да стојат, определете се за еден од овие видови.
Медот е производ што може со години да стои, но сепак може и брзо да се расипе – ако се чува неправилно. Бидејќи лесно впива влага, медот треба да се држи на суво место, во добро затворена стаклена тегла, во лимен или во емајлиран сад со чист капак. Без разлика за кој вид мед ќе се одлучите, важно е постојано да го имате вклучено во својата исхрана.
Различните видови мед често целно дејствуваат на поедини тегоби. Така, на пример, медот од липа и жалфија ги олеснува тегобите во дишните органи и настинката, но медот од липа не е препорачлив за срцевите болни. Медот од лаванда се користи против подуеност и грчеви, го регулира работењето на срцето, помага кај чирот на желудникот, го подобрува уринирањето, а делува и против напнатост или мигрена.
Темниот мед од костени ја поттикнува циркуалцијата, го регулира работењето на желудникот, цревата, црниот дроб и жолчката, се препорачува кај анемијата (слабокрвноста), го отстранува уморот и ги јакне мускулите, како и имунитетот на организмот. Медот од багрем се користи кај пробелмите со системот на крвните садови, кај затворот, а бидејќи делува смирувачки, помага и кај несоницата, нервозата и напнатоста. Ливадниот (цветен) мед особено се препорачува за јакнење на имунитетот.
Еве уште неколку интересни работи, кои можеби не сте ги знаеле за медот: – доколку е добро затворен, медот има неограничен рок на траење. – над температура од 41 Целзиусов степен, медот ги губи лековитите својства, а при додавањето во чајот треба да се внимава да не е премногу топол. – кристилизирањето на медот е сосема природно својство кое воопшто не влијае на неговиот квалитет. Оваа уникатна златна течност е многу поздрава алтернатива од белиот шеќер, затоа подобрете го и зачувајте го своето здравје со овој магичен сладок дар од Бога.
Хигиената на усната празнина е многи важна, бидејќи бактериите можат да предзивикаат кариес, воспаление на непцето и непријатен здив. Против нивното размножување помага и медот, со кој треба да ги истриете забите од време на време. Ако измешате една лажичка мед со лимон, ќе добиете одличен сируп за лекување на грлото и кашлањето. Лековитоста на медот се потврдила и кај превенцијата од бактерсики инфекции, односно во лекувањето на уринарните тегоби и намалувањето на нивото на лошиот холестерол. Консумирањето мед ги јакне белите крвни зрнца и ја поттикнува борбата против вирусните инфекции, како и против бактериските болести.
Медот помешан со цимет се употребува за лекување на униранарните инфекции. Две лажички цимет и една лажичка мед помешани во чаша вода го поттикнуваат уништувањето на микробите присутни во мокрачниот меур. Медот се користи и за намалување на желудочната киселина и за лекување на чир. Доколку имате проблеми со астмата, ќе ви помогне домашен гел од мед. Ситно исечкајте една главичка кромид и две парчиња лук, потоа додадете една лажичка мајчина душичка и четири лажици мов. Оваа смеса ставете ја да се вари во 400 мл вода, а кога ќе зоврие, оставете ја да се излади и дури тогаш додадете 200 г мед. Во текот на денот, консумирајте повеќе пати по една полна лажица, затоа што делува смирувачки.
Кашлањето ќе го излекувате со чист мед. Земете една лажица мед и пуштете го полека да ви лизга низ грлото. Најделотворен е медот од мајчина душичка, липа, бор, планинско – ливадскиот, како и шумскиот. Против здодевната и непријатна кивавица, правете инхалации со мед. Додадете 100 г мед во еден литар врела вода. Најпогоден за инхалација е медот од жалфија и мајчина душичка. При инхалирањето обратете внимание на следното – пет минути вдишувајте ја пареата преку нос и издишувајте преку уста, а потоа уште пет минути со обратен редослед. Идеално средство за воспалено грло е мешавината од мед и ананас. Потебни ви се едно дебело парче ананас, една лажица мед и вода. Варете го ананасот десет минути во малку вода, оставете го да се излади, а потоа додадете го медот. Со оваа добиена течност плакнете го грлото околу две минути, а потоа голтнете ја. Оваа постапка применувајте ја повеќе пати дневно во период од една недела.
Медот се состои од шеќер,глукоза и фруктоза, и минерали како магнезиум,калиум,калциум,натриум-хлорид,сулфур,железо и фосфати.Исто така содржи и витамин Б1,Б2,Ц,Б6,Б5 и Б3,а концентрацијата од сето наведено зависи од квалитетот на нектарот и поленот.Медот во мали количини содржи и бакар,јод и цинк. Според тоа, во него се наоѓаат и неколку врсти на хормони.
Медот е даден од Бог како нешто добро за човекот. Овој факт научно е потврден.Откриено е дека медот, кралското желе, поленот и прополисот лечат многу болести.Медот се користи во лечење на пациенти кои имаат мрежа на окото.Од 2094 пациенти во потполност биле излечени 2002.Прополисот,исто така помага во лечење на многу болести како што се проблеми на кожата, венерични болести и многу други пореметувања.
Медот има многу предности:
Лесно се вари: Бидејќи молекулите на шеќерот од медот можат да се претвараат во други шеќери(т.е фруктоза во глукоза)медот,и покрај својата висока киселост ,лесно се вари и кај луѓе со најосетлив стомак.Тој им помага на бубрезите и цревата подобро да функционираат.
Има ниска калорична вредност: Следниот квалитет на медот се гледа во споредба со иста количина на шеќер – тој му дава на телото 40% помалку калории.Иако медот му дава на телото голема енергија, тој не му ја зголемува тежината.
Брзо влегува во крвта: Кога ќе се помеша со млака вода,медот за седум минути достигнува во крвотокот.Слободните молекули на шеќерот од медот ја подобруваат функцијата на мозокот,затоа што мозокот е најголем потрошувач на шеќер.
Помага во изградбата на крвта: Медот обезбедува важен дел на енергија која му е потребна на телото за изградба на крвта.Според тоа,тој помага во прочистувањето на крвта.Медот има одредени позитивни ефекти во регулирањето и подобрувањето на циркулацијата на крвта.Исто така делува како заштита против проблеми со капилари и артериосклероза.
Уништува бактерии: Ова бактерицидно својство на медот е наречено „инхибиционен ефект“.Експериментите извршени со медот покажуваат дека неговите бактерицидни својства се зголемуваат двократно кога ќе се разблажат со вода.
Кралско желе: Кралското желе е супстанција која пчелите ја произведуваат во кошницата.Оваа хранлива супстанција содржи шеќер,протеини,масти и многу витамини.
Медот и оревите се вистинска алтернатива за антидепресивните лекови, велат научници од белгискиот Институт за заштита на здравјето.
– Некои храни содржат големо количество на хормони кои ја зголемуваат проводливоста на нервните импулси. Ако човекот ги сака и тие често се присутни во исхраната му, тој станува подложен на депресија. А телото само бара начин да се лекува, велат белгиските експерти.
Според нив исклучително добра природна алтернатива на антидепресивите се чоколадото, бананите и оревите: Неслучајно Белгија, каде што депресија, поврзана со недостатокот на сонце, е најчеста, се смета за едно од местата каде што е создадено чоколадо, а на менито на скандинавците бананите се секојдневие.
Голем број истражувања покажуваат постоењето на директна врска помеѓу исхраната и психичкото растројство. Има развиено дури и специјални диети, кои се користат при нивното лекување.
Медот во комбинација со оревите, пак, е од корист за подобрување на потентноста, покажуваат податоците од едно британско истражување. Научниците советуваат секој ден да се јадат 2-3 часа пред спиење по стотина грама ореви, измешани со лажица мед. Сируп од мед за вирусни инфекции: Во еден литар вода зовриена вода се става еден килограм мед и се остава да проврие 1-2 минути. Богатата пена која ќе се појави е нормална. Кога течноста ќе се олади се додава еден литар цеден сок од цитрус по желба. Напитокот се пие во количина од 50 мл до 200 мл дневно во зависност од тежината и староста. Се чува во ладилник неколку дена. Во зовриената вода пред додавање ан медот може да се додадат лековити билки по желба.
Цвет од бозел и сируп од мед: Цветот и плодот на бозелот (Sambucus nigra) се два дела од билката кои е поврзуваат со настинката, грипот и останатите дишни инфекции бидејќи го стимулираат имунитетот, ја олеснуваат кашлицата, а го засилуваат потењето, што е важно кај покачена температура, која често ги следи овие инфекции. Бозелот делува и лесно диуретички, лаксативно и противвоспалително. Во претходно подготвениот сварен мед ставете цвет од бозел – зависно од количината која ќе ја подготвите, сметајте дека оди една голема лажица цвет од бозел на 250 мл врела вода, во овој случај врела мешавина од мед и вода. Лековитата билка додајте ја дури кога ќе го изгасите пламенот и сирупот ќе го тргнете од оган, а на споменатата количина може да ставите 6-8 големи лажици исушен цвет од бозел. Дури откако ќе отстои десетина минути и дури откако ќе го исцедите сирупот додајте лимонов сок.
Аллах вели во Куранот во поглавјето Ен Нахл(Пчела):
68. И Господарот твој и даде вдахновение на пчелата: “Прави куќа по ридовите, и по стеблата и по она што го прават луѓето;”
69. потоа: “Јади од секаков плод, а потоа оди по патиштата на Господарот твој, послушно!” Од внатрешноста нивна излегува напивка со различни бои, во која има лек за луѓето. Ете, во тоа, навистина, има знамение за луѓето кои размислуваат.
ЛЕКУВАЊЕТО СО МЕД ВО ИСЛАМОТ
Забележале Бухарија и Муслим од Ебу Сеид Ел-Худри, р.а., дека еден човек му дошол на Пратеникот, с.а.в.с., и рекол: „Брат ми се жали на стомакот.“, а во друго предние стои: „Заболел од дизентерија.“ Пратеникот, с.а.в.с., му рече: „Напои го со мед.“ Човекот замина, но набрзо се врати и рече: „Го напоив, но ништо не му помогна.“ Во друго предание стои: „Болеста само му се влоши.“ Доаѓал така два или три пати и секој пат Пратеникот му велел: „Напои го со мед.“, а третиот или четвртиот пат му рекол кога веќе оздравел: „Аллах ја рекол вистината, а излажал стомакот на твојот брат.“ Медот во себе соодржи големи користи, ги чисти штетните материи во вените, цревата и другите органи. Возвишениот Аллах во Куранот медот го споменува како лек: „Од утробата нивна излегува напивка со различити бои која е лек за луѓето. Тоа е навистина доказ за луѓето кои размислуваат.“ (Ен-Нахл, 69) Човекот кој се спомнува во хадисот се разболел од пролив поради слаба работа на цревата, па Пратеникот, с.а.в.с., му наредил да го испие медот, зашто тој ги отстранува штетните остатоци од храната кои се наталожуваат во желудникот и цревата. Кади Ијад рекол: „Во врска со зборовите на Пратеникот, с.а.в.с.: ,Аллах ја рекол вистината, а излажал стомакот на твојот брат.‘, со тоа мислел на зборовите на Возвишениот: ,Во него е лек за луѓето.‘“ Вакво мислење има и Ибн Месуд, Ибн Аббас и Хасан ел-Басри.
Во еден хадис се пренесува дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Ви препорачувам два лека: мед и Куран.“ (Хадисот го забележале Ибн Маџе и Хаким, хадисот е сахих – веродостоен)
Џабир, р.а., вели: „Го слушнав Пратеникот, с.а.в.с., како вели: „Ако во нешто има хајр (добро) од вашите лекови, тогаш тоа е хиџамата (испуштање на штетната крв од човечкото тело) и медот.“ (Бухари и Муслим)
Пратениковата, с.а.в.с., медицина произлегува од објавата од Аллах, џ.ш. Тоа е Божји лек, кој со Аллахова дозвола, ги лечи луѓето од разни болести, додека човечката медицина, воглавно, се темели на претпоставки и пракса. Најквалитетен мед е пролетниот мед, потоа летниот, па потоа зимскиот. Сите лекари се согласуваат дека медот е најкорисниот лек за човекот заради тоа што во себе содржи материи за дезинфекција, го зајакнува телото и желудникот и го подобрува апетитот. Најповеќе е од корист за постарите личности и оние со зголемен слез. Се пренесува дека Пратеникот, с.а.в.с., секоја ден на гладно срце пиел чаша мед помешана со вода. Некои исламски научници велат: „Аллах, џ.ш., направил во медот лек за болестите како што Куранот го направил лек за душата од сомневања и нејасни работи.“
Comments