top of page
Writer's pictureinfoislam

Како завршиле оние што го навредувале Мухаммед, алејхи селам

Како завршиле оние што го навредувале Мухаммед, алејхи селам


Сета благодарност Му припаѓа на Аллах кој го воздига оној кого Тој сака и го понижува оној кој Тој субханеху ве те’ала сака. Кај Него е секое добро и кај Него сите ќе се вратиме. Неможе а да не се изначудиме на настаните кои веќе ден за ден се појавуваат и личат на она што Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ни го навестил за доаѓањето на огромни искушенија како предзнаци на Судниот Ден. Верникот едвај ќе може да ја распознае вистината од лагата. Секогаш кога ќе го снајде некое од тие искушенија, тој ќе повика „ова ќе ме уништи“. А кога тоа искушение ќе престане, веднаш по него ќе дојде друго. Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Пратеникот саллааху алејхи ве селем, рекол: „Дочекајте ги со добри дела искушенијата кои се налик на најтемниот дел од ноќта; тогаш човекот ќе осамне како верник, а ќе заноќи како неверник, и ќе заноќи како верник, а ќе осамне како неверник. Ќе ја продава својата вера за незначителна дуњалучка (овосветска) полза.“ Од предзнаците на Судниот Ден е ширењето на лагата меѓу луѓето, така што нема да остане никаква морална пречка која човек ќе го спречи да излаже или да пренесе непроверена вест покрај одвратноста на лагата и лошите последици кои таа ги предизвикува меѓу луѓето. Лоша вест Еве, денес, еден таков лажливец и познат манипулатор и измамник, како што пренесуваат сите светски медиуми (погледни овде), се снашол како и на друг начин да си го оправда својот криминал. Немајќи веќе простор и понатаму да врши проневери на пари преку својот компјутерски бизнис се нафатил да прави свое „филмско ремек дело“ кое го направил со измама, земајќи дузина глумци кои мислејќи дека играат во филм на некој си „пустински воин“, всушност ќе ги искористи во една мелодрама со која ќе се обиде да предизвика гнев кај милијарда ипол муслимани. Дали успеал? Мора да признаеме дека во добар дел успеа во планот, но истиот заборава дека ова е „јалов“ план. Филмот со кој овој „небитен“ манипулатор и поттикнувач на омраза, за кого патем медиумите рекоа дека е близок со еден „свештеник-исламомрзец“ кој ни стана познат преку „ парадата“ на палењето на Куранот минатата година, укажува дека сето ова најверојатно е заговор на христијански екстремисти(погледни овде). Со тоа тие извеле еден гнасен и подол план и чин. Имено планот им бил, и како што велат сеуште ќе трае со цел навредата врз Мухаммед, алејхи селам, односно исламот и неговите милијарда и пол припадници да биде потполна(погледни овде) . При тоа тие сакаат да се здобијат со симпатии од што поголем број истомисленици со кои ќе си ја тренираат својата „демократичност“ . Нормално, сето тоа ќе го тренираат врз едни постојано дежурни виновници за сите проблеми во светот, а тоа се муслиманите. Немаме намера да образложуваме како исламот и муслиманите се виновни за светската економска криза, војните околу нафтата и светските ресурси, болестите во светот, гладот и бедата, но засигурно дознавме од „таквите исламофоби“ дека ова „ муслиманско племе“ треба да се „дисциплинира“ на начин на кој нив им одговара. Кратко кажано тоа би значело напуштање на сите морални одлики кои треба да го красат еден муслиман и прифаќање и величање на неморалот кој е присатен кај ваквите личности. Тука би сакал да се задржам на една многу побитна работа за нас муслиманите. Тоа што во повеќе наврати го зборувале учените и одредени поискусни даии (повикувачи), а тоа се вестите во кои се пласира „антисламска“ пропаганда не е добро да се шират и не треба да им се дава значење. Ние и незнаејќи пред некој ден имавме текст на оваа тема(погледни овде). Но погледнете го резултатот на тоа, еден бедно глуп филм, со крајно небитна содржина, пропратен со никаква глума, со никакви вложени средства, со како што тврдат измамена и изманипулирана екипа, се најде за кратко време на врвот на сите светски листи на гледаност. Како дојде до тоа? Па многу лесно. Манипулаторот знаел како да го изведе ова. Еден човек, кој патем не е многу глупав, ниту е сам во ова, ги искористил сите можни средства јавно да пласира невистини и навреди кон нашиот Пратеник, алејхи селам. Идејата, потоа, му била да направи нешто што ќе го поврзе со некои влади и држави за да успее во својата намера да ги вовлече во една „блиц“ војна и во една гротексна игра наречена: „Демократијата- правото на говор на омраза“ vs Исламот . „Поттикнувачот“ на овој говор на омраза и на ова гнасно дело поради кое и денес умираат луѓе, својот (за)говор на „демократичност“ го брани кукавички и подло, криејќи се зад псевдоними, при тоа ставајќи ги своите сонародници, своето семејство, своите пријатели и познаници – претежно Копти, во една крајна деликатна и тешка состојба. Навидум, медумската, политичката, а и воената ситуација укажува дека муслиманите се во дефанзива, дека немаат ништо што можат да сторат освен безглаво да трчаат и палат амбасади во кои нема ама баш никој поврзан со настанот кој е почнат од еден „неранимајко“. Радува веста што во Египет, Коптите христијани станаа на протести против овој „филм“ и тоа е очекувано да го каже секој хуманист, но она што загрижува е невниманието кон чувствата на муслиманите од страна на „демократските“ општества. Одговорноста на укажувањето на вистината и на менувањето на состојбите не е во рацете на обичните муслимани. Тоа е задача на педесетината претежно муслимански држави и влади и нејзините преставници кои доколку се и најмалку љубоморни, свесни и обединети по ова прашање, треба да го покажат тоа на дело. Тие треба да ги прекинат врските со тие што ги подржуваат ваквите говори на омраза, да постават услови за здрава меѓурелигиска комуникација и да побараат одговорност од луѓето кои ова го организираат и потикнуваат. Но дали е се така црно и дали ние муслиманите треба да гледаме црно ? Секако не. Добра вест Пред Мухаммед, алејхи селам, биле навредувани и други Пратеници, бил навредуван Ное, бил наврдуван Мојсеј, бил навредуван и Исус нека е божјата милост врз сите нив. Колкава е разликата помеѓу муслиманите кои ги веруваат и признаваат сите Божји Пратеници и оние кои несакаат да веруваат во тоа? Секако, огромна. Без разлика на се, исламската историја веќе 1500 г. познавала вакви (не)луѓе, ги познавал и самиот Мухаммед, алејхи селам, а ги познаваме и ние поради еден цитат од Куранот кој секој муслиман си го знае: „а тој што те мрази(Мухаммеде) – сигурно без помен ќе остане.„(Кевсер, 3) т.е Мухаммед, оној кој те мрази тебе, навистина упатството, доказите и јасното светло кое го носиш до таквиот е дека ќе биде понижен и без спомен ќе остане. Но не само тоа, Аллах неговиот(Пратениковиот) спомен го воздигнал високо, така да секој ден се спомнува и споменот негов го сторил обврзителен за своите робови , за сите времиња се до Судниот Ден, нека е Аллахов благослов и спас над него се до денот кога ќе се повика. Неговиот помен на илјадници јазици и на илјадници места се кажува секојдневно и се донесува благослов врз него, алејхи селам, со надеж дека тој ќе ни биде заговорник за нашите лоши дела на Судниот ден, на ден кога ќе нема кој друг да посредува. Неговото чесно име го изговараат луѓе кои вдишуваат чист воздух, кои не си го извалкале својот јазик со пцовки, со неморал, алкохол или блудни дејства. Со што можат да се пофалат оние кои спонзорираат порнографија, педофилија, кои се главни одржувачи на тие блуднички дејства, оние кои немаат ништо свето во својот живот, кои само со своите усти говорат дека веруваат во Бог, а во секое свое дело го негираат или Му припишуваат ортаци. Колку ли лажни усни, колку ли лажни срца. Зар не е тоа исто она срце за кое Исус во евангелијата кажал: – 7. Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи: 8. »*Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене; 9. но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби(Матеј) Еден од тие кои што го навредувале Мухаммед алејхи селам , бил и неговиот чичко и кога Пратеникот Божји а.с. ги повикал луѓето и кажал: „О луѓе кажете нема друг бог освен Аллах и ќе се спасите!“ и кога луѓето околу него би се собирале, тој би го прател, би стоел позади него и би говорел: „Лаже,тој ја напуштил својата вера!“ Би го пратил и не би му дал никаде мирно да помине. Возвижениот вели во Куранот за Ебу Лехеб: „Ќе влезе тој сигурно во огнот разгорен“ т.е со огин со искри и пламен кој се пред себе ќе пржи, ќе жари и ќе пали. „ и жена му која носи дрва“која својот маж го бодрела и помагала во инаетот и неверувањето. Затоа со него на Судниот Ден ќе ја дели заедничката казна и маките во пеколниот(Џехеннемскиот) огин. Затоа Возвишениот вели: „на вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано!“. Сеид бен Мусејд кажува дека таа имала скапоцена огрлица и дека говорела: “Ќе ја продадам и ке ја потрошам во борба против Мухаммед!” Па Аллах наместо нејзе во Џехеннемот ќе и даде јаже од пламен исукано. Некои учењаци велат дека по зборовите на Возвишениот:” на вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано!“ се мисли на јаже од огин околу врат кое ке оди до врвот, а тогаш до дно ке ја пали и така наизменично. Како завршил на крај Ебу Лехеб кој толку многу го напаѓал Мухаммед алејхи селам, кој својата омраза и непријателство никаде не го криел. Неговата смрт го снајде на најмизерен начин, од зараза здобиена при една рана, која толку многу се раширила што неговите синови 3 дена неможеа да му се приближат и да го закопаат. Кога се исплашија повеќе да го држат така, го потрпаа со камења во една дупка во која го ставија со стапови, недопирајќи го. Така Аллах го понижил и на двата света и за сите времиња. Слично се случува и со сите оние кои говорат лошо и го навредуваат Мухаммед алејхи селам , со сите оние кои го напаѓаат Куранот, нивниот крај е неминовно страшен и казната е голема. Истото го снајде и синот на Ебу Лехеб, кој во една прилика го нападнал Аллаховиот Пратеник, за да самиот ја погледнал со свои очи смртта која го снашла од еден лав. Кога се појавил лавот пред него самиот рекол пред сите дека ова е она што треба да ме изеде, бидејќи ваква молитва упатил Мухаммед алејхи селам. Исто завршиле и сите оние кои сакале да го убијат Мухаммед алејхи селам, меѓу кои и Ебу Џехл , така завршиле и Ќаб ибн Ешреф и многу други кои го навредувале Аллаховиот Пратеник, а денеска останале без спомен и без траг. Аллах ветил дека кога нема да има муслимани во можност да ја одбранат честа на името на Пратеникот, дека Тој субханеху ве те’ала, ќе го чува и ќе Го освети Својот Пратеник. Дали после ова муслиманите треба да го навредат Исус и да го прикажат како не му доликува. Нормално дека не, ниту го правеле тоа, ниту ќе го прават, туку напротив исто како што реагирале за навредата кон Мухаммед алејхи селам тие треба да станат да ја бранат честа и на Исус алејхи селам. Сите тие пратеници се од Бог пратени за да ни го олеснат и осветлат патот на Вистината, да само Господарот свој Го обожуваме, само на Него да Му робуваме , а своите страсти и пороци да ги изгасиме и да ги совладаме. Затоа секој говор против пратениците е од незнаење, страст, емоции и омраза и ѓаволско дошепнување, во кое се јавува мисла дека некој на некого ќе му ги одземе правата, ќе му ја уништи слободата, пароли на кои денешниот„затвореник и роб на системот и медиумите“ не ги разбира и веднаш реагира. Непознавањето на другиот, неградењето на мостови на разбирање, нетолерантност на чувствата за поинаквиот и различниот доведуваат до ситуација која може да го наруши целото човештво. Секој муслиман треба да знае дека Аллаховата помош е близу. Аллах ни кажал во Куранот дека: „.. Аллах нема да измени еден народ додека тој самиот не се измени.(13/11). Аллах ни дал пропис како да се однесуваме и кон нашите пријатели, а и кон нашите непријатели: 8. Аллах не ви забранува да чините добро и да би- дете праведни кон тие што не војуваат против вас заради верата и кои од родниот крај не ве прогонува – Аллах, навистина, ги сака тие што се праведни – 9. но ви забранува да пријателувате со тие што војуваат против вас поради верата ваша и кои од родниот крај ве прогонуваат и кои помагаат да бидете прогонети. Тие што пријателуваат со нив самите на себеси си чинат неправда. (Куран, Ел Мумтехина) Сите ние треба да сме свесни дека правдата е еден од највозвишените идеали и цели на еден муслиман. Како да постапиме и како да се сочуваме од ваквите напади? Како што видовме ова што ни се случува не е нешто ново. Ние треба да сме свесни дека аманетот што ни останува е да шириме добро мислење за Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и пред се медиумската битка да ни биде приоритет во одбрана на чесниот морал и име на Пратеникот, алејхи селам. Да го шириме и да постапуваме по неговото Упаство, односно по Пратениковиот, саллалаху алејхи ве селам, ахлак (морал) . Неговата жена Аиша, р.а., е таа која му беше секогаш блиску, било во сон или во јаве, во болест и здравје, во лутина и задоволство и се пренесува дека рекла: „Аллаховиот Пратеник Мухаммед, саллалаху алејхи ве селам, не бил бесрамен и неморален, никогаш не викал по пазари, ниту со лошо возвраќал на лошото туку би простувал.“ Радува фактот што бевме сведоци на некои муслимани кои овој „срамен“ чин го искористија да поделат книги и брошури кои говорат за животот на Пратеникот, алејхи селам. Сепак би се изненадиле кога би знаеле само колку луѓе би сакале да ја чујат и другата страна на приказната. Вистинската страна. Аллаховиот Пратеник, саллалаху алејхи ве селем (нека е божјиот мир и спас над него), одбил да го остави повикувањето во ислам и покажал постојаност, стрпливост и нималку не се поколебал во повикувуањето кон својата вера (кон Божјата вера, кон чистиот исламски монотеизам). Ова дело на повикувањето на Пратеникот, алејхи селам, опстанало и денеска и ние како верници треба да сме среќни што овој аманет стигнал до нас и после 1400 години го следиме најсликовиот, најдобриот пример во целото човештво.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page