Возвишениот во својата книга Куранот вели:
1. Каф–ха–ја–ајн–сад.
2. Ова е спомен за милоста на Господарот твој кон
робот Негов Зекеријја,
3. кога тој тивко го повика Господарот свој,
4. и рече: „Господару мој, коските ми ослабнаа и
косата ми оседе, а кога сум Ти упатил молба,
Господару мој, никогаш не сум останал несре-
ќен.
5. Се плашам од роднините мои по крв, после
мене, а жена ми е неплодна, затоа подари ми на-
следник од Себе,
6. да ме наследи мене и семејството Јакубово, и
стори, Господару мој, да бидеш задоволен од
него.“
7. О, Зекеријја, ти јавуваме радосна вест дека ќе ти
се роди момченце, името ќе му биде Јахја, пред
него никого не сме направиле нему сличен.
8. „Господару мој,“ – рече тој – „како ќе имам син
кога жената ми е неплодна, а веќе длабока ста-
рост доживеав?“
9. „Ете така.“ – рече. Господарот твој рече: „Тоа Ми
е лесно, и тебе претходно те создадов, а ти не
беше ништо.“
10. „Господару мој,“ – рече – „дај ми некаков знак.“
„Знак ќе ти биде тоа што три ноќи со луѓето
нема да разговараш, а здрав ќе бидеш.“
11. И тој излезе од михработ кон народот свој и со
знак им даде на знаење: „Славете Го наутро и
навечер.“
12. „О, Јахја, прифати ја Книгата одлучно!“ – а му
дадовме мудрост уште додека беше момче,
13. и нежност и крепост, и богобојазен беше,
14. и на родителите свои добар им беше, и не беше
дрзок и непослушен.
15. И нека е мир над него, на денот кога се роди и
на денот кога умре и на денот кога од мртвите
ќе стане! (Поглавје Мерјем, 1-15)
Исто и:
37. Па Господарот нејзин убаво ја прими и стори
да израсне убаво и за неа да се грижи Зеке-
ријја. Кога и да влезеше Зекеријја кај неа во
михработ , кај неа храна ќе најдеше. „Од каде
ти е ова, Мерјем?“ – би запрашал тој, а таа би
одговорила: „Тоа е од Аллах!“ Аллах навистина
снабдува кого сака, без никаква сметка!“
38. Таму Зекеријја Го замоли Господарот свој:
„Господару мој, подари ми од Себе честит по-
томок, бидејќи Ти, навистина, молбата ја слу-
шаш!“
39. И додека тој стоејќи во михработ се молеше,
мелеците го повикаа: „Аллах ти јавува радосна
вест: ќе ти се роди Јахја, кој во Аллаховата Реч
ќе верува, кој ќе биде првак и скромен, и веро-
весник и потомок на добрите.“
40. „Господару мој,“ – рече тој – „како ќе имам син
кога староста ме совлада, а и жена ми е не-
плодна?“ – „Ете така,“ – рече Тој – „Аллах прави
што Му е по волја!
41. „Господару мој,“ – замоли Зекеријја – „дај ми не-
каков знак!“ „Знак ќе ти биде тоа што три дена
со луѓе нема да можеш да разговараш, освен со
знаци. И често споменувај Го Господарот свој
и заблагодарувај Му на крајот на денот и рано
наутро!“(Али Имран)
Зекерија ибн Ледун ибн Муслим ибн Садук ибн Ханшебан ибн Давуд ибн Сулејман ибн Муслим ибн Садикаибн Берхија ибн Белата ибн Нахор ибн Шелум ибн Бехшафат ибн Ејнамин ибн Рухајам ибн Сулејман ибн Давуд е татко на Јахја алејхи селам и еден од израелските пратеници. Тој го напуштил Дамаск и заминал за Бетанија барајќи го синот Јахја. Други пак велат дека веќе бил во Дамаск кога Јахја бил убиен. А Аллах најдобро знае. Што се однесува до родословот постојат и поинакви мислења.Едни неговото име го читаат Зекеријја а другите Зекеријј, без вокалот „а“ на крајот.
Но сепак Аллах му наредува на Мухаммед алејхи селам да ја пренесе приказната за Зекеријја алејхи селам кому Аллах му подарил машко дете иако бил стар, и иако жена му била стара и немала пород дотогаш.
Тоа е бидејќи никој не губел надеж во Аллаховата милост и добрина и бидејќи Аллах го познава чистото срце и го слуша тивкиот глас.
Некои учени од поранешните генерации велат: „Зекерија една ноќ станал и сокривајќи се од оние околу себе тивко го замолил Аллах : „Господару мој, Господару мој, Господару мој“, па Аллах му одговорил: „Ти се отповикувам, ти се отповикувам, ти се отповикувам!“ и кажал: „Господару мој коските мои се истрошени“, т.е. изнемоштени од старост, „и главата ми е обелена.“ Овде се употребува преносно значење бидејќи така се вели за палење на огинот со што сака да се каже дека косата му побелела откако била црна. Значи слабоста го обзела и одвнатре и од надвор.
За да се одлучи да ја упати таа молитва (дова) го навела една случка. Кога и да влегол кај мерјем(Марија) ќерка на Имран ибн Масан, за која се обврзал дека ќе ја чува, кај неа во собата каде што се молеле наоѓал овошје кое го немало во тој период на годината. Оттука видел дека оној кој дава овошје вон неговата сезона може нему да му даде дете иако веќе бил стар.
Тука Зекерија Го замолил Господарот свој: „„Господару мој, подари ми од Себе честит потомок, бидејќи Ти, навистина, молбата ја слушаш!“ и „ Се плашам од роднините мои по крв, после мене, а жена ми е неплодна..“
Изгледа се плашел дека тие (роднините) после него меѓу Израелќаните ќе ги кршат Аллаховите прописи и одредби, па замоли да му се роди машко кое ќе биде праведно и богобојазно и со кој Аллах ќе биде задоволен. Затао кажал: „затоа подари ми наследник од Себе,“ т.е како ти можеш и знаеш „да ме наследи мене“, т.е во пратеништвото и власта над Израелќаните“ и „семејството Јакубово, и стори, Господару мој, да бидеш задоволен од него.“
Како што неговите предци од Јакубовото (Јаков) потомство биле пратеници, така и него дарувај го со тоа што и нив им го дари, т.е. со пратеништвото и објавата. Под ова не се мисли на наследување на имот.
Зекерија алејхи селам бил столар и со свои раце заработувал и така се хранел исто како што бил и Давуд (Давид) алејхи селам. Логично е човек, а посебно Пратеник, да не се труди многу да собира богаство кое после него други ќе го наследат.
– О, Зекеријја, ти јавуваме радосна вест дека ќе ти
се роди момченце, името ќе му биде Јахја, пред
него никого не сме направиле нему сличен.
Кога му стигнала радосната вест тој се зачудил и почнал да се чуди како тоа е можна на неговите години. Се вели дека имал 77 години. Но некои велат дека имал и повеќе. Се чудел за неговата жена која била неплодна, таа и во младост не раѓала.
Но одговорено му е преку мелек(ангел) дека тоа на Аллах му е лесно и тој го создал човека кога ништо небил.
Те создаде кога не постоеше па зарем неможе да ти се роди син кога ти веќе постоиш?
„Господару мој,“ – рече – „дај ми некаков знак.“
„Знак ќе ти биде тоа што три ноќи со луѓето
нема да разговараш, а здрав ќе бидеш.“
Јазикот му беше одземен, но не можеше со никој да разговара освен со гестикулации и единствено можеше да го слави Аллах и да ја учи Книгата. Му беше речено да во тие денови наутро и навечер од срце го велича Аллах. Кога го добил овој радостен знак(одземен говор) сиот среќен излегол од храмот во кој се молел пред својот народ и објавил да наутро и навечер Го слават Господарат: -И тој излезе од михработ кон народот свој и со знак им даде на знаење: „Славете Го наутро и навечер.“
Не се знае како им е објавено но најверојатно со знаци им го кажал тоа.
Потоа се роди Јахја (Јован Крстителот) алејхи селам.
„О, Јахја, прифати ја Книгата одлучно!“ – а му дадовме мудрост уште додека беше момченце,“
Во една прилика на Јахја останатите деца му рекле ајде со нас да се играме а тој им одговорил: „Не сме создадени за игра.“ Со што се укажува на неговата мудрост и сериозност.
„И нежност и крепост, и богобојазен беше и на родителите свои добар им беше, и не беше дрзок и непослушен.“
– со што се мисли на неговата сомилост кон луѓето, а пред се кон родителите односно неговата љубов, внимание и доброчинство кон нив. Во овој ајет се опишува чедноста и чистотата на личност која со ништо не е расипана како и личност која се покорува на Аллах во извршувањето на Неговите наредби и се отргнува од неговите забрани.
Возвишениот понатаму вели:
-И нека е мир над него, на денот кога се роди и на денот кога умре и на денот кога од мртвите ќе стане! (Поглавје Мерјем, 1-15)
Ова се три најтешки моменти врзани за едне човек, бидејќи за секој од нив минува од еден во друг свет и го напушта претходниот кој го запознал и на кој се навикнал. А заминува во друг во кој незнае што го чека. Затоа Аллах џ.ш. за секој од овие моменти вели дека Јахја ќе биде спокоен.
Прекрасно кажал еден поет:
Кога мајка те раѓа ти викаш и плачеш
Додека другите околу тебе се смеат и веселат,
Ти настојувај кога за тебе ќе плачат
На смртната постела да бидеш весел и насмеан!
Јахја и Иса во една прилика се сретнале па Иса му рекол на Јахја :„Замолив да ми се прости, затоа што ти си подобар од мене“, на што Јахја рекол: „замоли ти мене да ми се прости, затоа што ти си подобар од мене“, за ова Иса рекол „Ти си подобар од мене бидејќи јас сам за себе си реков мир и спокој, а за тебе тоа го рекол Аллах!“
Тогаш Јахја сфатил што значи тоа, но Аллах и двајцата ги одбрал.
Животот на Пратениците – Куртуби
ความคิดเห็น