top of page
Writer's pictureinfoislam

Како младите го губат моралот во денешно време?!

Да земеме пример на 17-годишна девојка. Таа сега ужива вo внимание на момчињата и се труди да биде кул, привлечна, згодна, и како тие тоа го велат „хот“, и што повеќе забележана. Некоја нејзина врсничка на Фејсбук има многу повеќе пријатели од неа, лајкови и коментари на фотографиите, и таа сега треба неа да ја стигне или престигне во тоа, па се разголува, се облекува привлечно, и чека на коментари кои и ласкаат… Пред неколку дена на Фејсбук се појави страница на која се објавуваа фотографии од повеќето малолетнички кои се наречени неморални и уште многу други навредливи прекари, и само за неколку дена страницата собра десетици илјади членови. Набгу после тоа направени се уште неколку истоимени страници со иста бесрамна содржина. Секако дека е за осуда ваквото однесување и законот би требало да се позанимава со ваквите бесрамници кои стојат зад вакви страници и со оние кои ги посетуваат и ja следат работата на тие страници, бидејќи со своето однесување покажуваат дека ниту тие не се ништо подобри од овие кои сами повикуваат, но, за жал, мора да се признае дека вината не е само нивна. Кога гледаме девојче од 14 или 15 години како позира на Фејсбук во долна облека, нашминкана, со испапчени усни, а нејзината поза, изразот на лицето и таа малку облека зборуваат „повелете“, прво што ни паѓа на памет е тоа: Каде се нејзините родители? Го гледаат ли ова? Што прават тие? Во тој момент кога ќе го сватиме одговорот, едноставно се разочаруваме бидејќи гледаме дека родителите на тие девојки се горди на своите ќерки, особено мајките кои ги подржуваат и им даваат комплименти од типот „убава мамина згодна девојка “, а тогаш се убедуваме дека и нејзината мајка не заостанува посебно од својата млада ќерка, освен тоа што дваесетина години е постара. Се сеќавам како ние, девојките (девојчињата), од мојата генерација се однесувавме на 14 години и колку срам имавме кога наставниците ќе ни наредеа да седиме со другар од одделението во иста клупа, иако тоа и не беше толку одамна, а денес девојчињата во тие години дури имаат и интимни односи со момчиња и се гордеат со тоа. Често се прашувам што донесе до тоа младината во рок од неколку години толку да се измени на полошо? Медиумите, телевизиите, интернетот, разни весници, во најголема мера се заслужни за расипаноста на нашето општество. Женското тело стана роба со која денес најмногу се тргува и заработува, така да ниту една реклама не може да помине без жена, повеќето привлечно облечени, па дури и за реклама на моторно масло се користи женското тело. И така, на своето дете од 8 години му пушташ телевизија да гледа цртан филм во три часот попладне, но после десет минути од цртанот, се пуштаат реклами кои ги гледаат нашите деца, а на рекламата разголена жена со еротска сцена во обична реклама за шампон или купка за тело, или се вметнуваат реклами, инсерти од филм кој ќе биде навечер на тој ТВ – канал, а во прашање се разни интимни сцени. И таквите фотографии се инјектираат во нивните мали мозочиња, па се прашуваме како тоа сега децата рано созреваат и како девојчињата бараат момчиња и симпатии а ние на нивни години игравме криенка и џамлии. На Фејсбук секојдневно, не по наша желба, разни портали прикажуваат „спонзорирани“ објави, на кои индирекно се повикува во неморал, давајќи совети за интимни „игри“, па дури и видео записи со порнографска содржина, а тинејџерски весници кои кај нас можат да се купат во киосците, наменети за средношколците, малолетници, се преполни со неморална содржина, совети околу интимни односи, во кои истите тие малолетници праќаат приказни за своите сексуални искуства, и никој не обрнува внимание на тоа, ниту пак тоа им е законски забрането да се печатат и да се продаваат,потоа ги нарекуваат малолетници, а оние кои се забавуваат со нив ги нарекуваат педофили. Да не е жално би било смешно. Да земеме пример на 17-годишна девојка. Таа сега ужива во во вниманието на момчињата и се труди да биде кул,привлечна, згодна, и како тие тоа го велат “хот“, и што повеќе забележана. Некоја нејзина врсничка на Фејсбук има многу повеќе пријатели од неа, лајкови и коментари на фотографиите, и таа сега треба неа да ја стигне или престигне во тоа, па се разголува, се облекува привлечно, и чека на коментари кои и ласкаат. Машките веќе не се двоумат јавно да им пишуваат вулгарни коментари, ги повикуваат на сексуални односи, им зборуваат какви се работи би преавеле со нив а тоа на нив им ласка и уживаат во тоа и немаат ни трошка срам кон своите браќа кои ги имаат во пријателите, родителите, роднините, и кои имаат можност сето тоа да го видат и прочитаат.И на нив им е сеедно што сите тие момчиња ја гледаат како парче месо, а не како една млада девојка која заслужува почит. И тогаш нивните фотографии кои јавно ги ставале да ги гледа целиот дуњалук се наоѓаат на ваквите страници и тие се прашуваат зошто и со што го заслужиле тоа така да ги нарекуваат , а тогаш родителите се лутат и се вртат кон овие кои ги превзеле фотографиите од нивните ќерки од нивните профили и ги ставиле на страницата. Ти си мајка, татко на таа девојка. Употребете некои воспитни мерки. Наместо да го обвинувате целиот свет за однесувањето на вашите ќерки, седнете и размислете околу своето однесување кон нив и колку труд сте вложиле и вложувате во нивното воспитување. Запрашајте се каков пример вие му давате на своето дете, особено вие мајки кои ги фалите своите ќерки кога се разголуваат по бикини и такви фотографии ставаат таму некаде каде може да ги гледа целиот свет. Размислете околу тоа каде грешите прво вие, па тогаш седнете, поразговарајте со своето дете. Каде исчезна таа љубомора на родителите кон своето дете?

Како мајко не те фаќа тага и срам кога ќе помислиш какви се манијаци ги земаат фотографиите на твојата ќерка? Дали е тоа она што ти го посакуваш за неа? Дали тоа е она за што си сонувала дека еден ден ќерка ти ќе биде? Запрашај се мајко, додека сеуште имаш време, и обиди се својата ќерка да ја насочиш на прав пат. Жената треба да биде вреден бисер до кој е тешко да се дојде, а не евтина роба до која секој може да дојде за да сака и работи како ќе посака. А ти, девојко, која со своето тело и однесување повикуваш на грев, ако себеси се сметаш за вредна ќе сакаш да бидеш третирана како бисер, а ако не се сметаш за таква тогаш сеедно ти е каде те ставаат и што прават со тебе. Изборот е твој! Гордост или понижување…

НУМ Превод: Муслим Систер; Превземено од Исламски Центар

0 views0 comments

Comments


bottom of page