top of page
Writer's pictureinfoislam

Како може Куранот да биде доказ за вистинитоста на Исламот и пратеништвото на Мухаммед а.с.?

Христијаните сметаат дека Мухамед се смета за пророк затоа што го добил „светото писмо“ – Куранот, а Куранот се смета за свето писмо затоа што така го нарекол „пророкот“ Мухамед. Според нив ова е типична логичка грешка: не може да биде доказ, она што и самото треба да биде докажано.

Одговор: Составот на Куранот е чудесен. Почетоците на неговото кажување, неговите пресеци и завршни зборови се проткаени во необичен стил, а сем тоа содржи и прецизни објаснувања, суштинско сознание, убавина на изразот, финеси на алудирањето, течна конструкција и исправност на редењето, со што се збунети умовите и на нај речливите Арапи. Во таа карактеристика се крие голема мудрост, бидејќи на необјективниот бунтовник не му се остава простор за сомневање дека Кур’анот е украден (препишан), впрочем овој говор се разликува од нивниот говор и го надминува, иако писателот, набљудувачот или прозистот вложува голем труд во спомнатите места, поради кои стекнува пофалби и критики. И на секој истакнат писател во грешка му се вбројува ако на убав начин не го искажал фрагментот или ако тој фрагмент го украл од некој друг.

Арапските првенци, и покрај совршеното познавање на тајните на ораторството и непријателскиот однос кон Исламот, за стилот на Куранот и неговиот состав не нашле никаков недостаток ниту пак успеале да ја намалат неговата литературна вредност. Напротив, тие признале дека тоа не се зборови на обичен говорник ниту песни на писател, па затоа, зачудени од неговата литературна вредност и убавина на изразувањето, првпат го опишале како волшебност, а вторпат како измисленост на старите народи.

Возвишениот Аллах ни ги открива нивните зборови во сура Фуссилет, 26:

“Не слушајте го овој Кур’ан, туку правете врева за да го надвикате!” А вака постапува само оној кој останал без текст и кој е воодушевен. Со оваа зачудувачка карактеристика се потврдува дека Кур’анот е чудо (му’џиза) во областа на литературата, јазичното изразување и убавината на стилот. Арапските писатели и оратори биле многубројни и познати по големиот патриотизам, џахилетскиот(незнабошкиот) фанатизам, жртвеността во натпреварите, фалбаџиството и штитењето на племенските корени. Па како да се разбере нивното откажување, од едноставните работи, донесување текст кој не е подолг од најкусата кур’анска сура, а одбирање на потешкото, борби и жртвување на имотите и животот, додека Пратеникот (с.а.в.с.) ги кори и им упатува предизвик како што е оној во сура Ел-Бекара, 23-24:

“А ако се сомневате во она што му објавуваме на својот роб, направете вие една сура слична нему објавена, а повикајте ги и вашите божества, освен Аллах, ако вистината ја кажувате. Па ако не направите, а нема да направите, тогаш припазете се од огнот за неверниците подготвен…”

Сличен повик се повторува и во сура Јунус, 38:

“..Речи: ‘Па, дајте вие една сура како што е објавена нему, и кого сакате, од оние во кои освен во Аллах верувате, во испомош повикајте, ако вистината ја кажувате’.”

Повторно слично барање и во сура Ел-исра, 88:

“Речи: ‘Кога сите џинови и луѓе би се здружиле да направат еден ваков Кур’ан, тие, како што е тој, не би направиле, иако едните на другите би им помагале’.”

Да верувале Арапите дека Мухаммед алејхи селам во пишувањето на Чесниот Куран барал помош од други, тоа, спротивставувајќи му се, можеле да го направат и тие, бидејќи му биле слични во познавањето на јазикот и можностите на барање помош од други лица. Бидејќи тоа не го сториле, туку се одлучиле на војна и вооружена борба против него, наместо борба со јазик, тоа е доказ на нивното признавање на литературната вредност на Куранот и нивната неспособност да му се спротивстават.

Кулминација на сето тоа е нивната поделба на оние кои веруваат дека на Мухаммед алејхи селам – Куранот му е објавен од страна на неговиот Господар, и бунтовник кои ги збунил со неговата извонредна литературна вредност. Ова го потврдуваат вестите кои ги пренесува Велид бин ел-Мугира, ‘Утбе ибн Ар-Рабиа’ и останати. Доказ дека не се работи заа обична книга се и настаните кои што следеле и се остварувале. Тие настани никако неможат да бидат плод на ѓаволот кој нели, нема мож на настаните на светот туку само над луѓето кои му се послушници. Кур’анот содржи вести за настаните кои ќе се случат во иднина, а кои се случиле токму онака како што биле најавени, во што спаѓаат:

1.Зборовите на Возвишениот во сура Ел – Фетх ,27:

“…сигурно во Чесниот храм ќе влезете безбедно – а ако Аллах сака – , едните со бричени глави, а некои со потскратена коса, без страв”(Ел-Фетх, 27: На Пратеникот (с.а.в.с.) во сон му е покажано дека во мир ќе влезе во Мекка и ќе направи обиколка окулу Каба, па тој сон им го раскажал на асхабите (р.а.) што силно ги израдува. Истата таа година Пратеникот (с.а.в.с.) тргнува со ахабите (р.а.) кон Мекка. Застанале во Худејбија, каде што Пратеникот (с.а.в.с.) (во зул ка’деи, шестта хиxретска година) склопил договор со Курејшите, според кој таа година неможат да влезат во Мекка. Ја избричил главата и заклал курбан. Лицемерите тоа го искористиле,прашувајки се меѓусебно: ”Каде е ветувањето на Мухаммед?” И како одговор на тие сомневања, Аллах џ.ш. го објавува овој ајет во кој потврдува дека ветувањето ќе биде исполнето. Секако, Пратеникот (с.а.в.с.) не им ветил дека баш таа година ќе влезе во Мекка. Пратеникот (с.а.в.с.) тој договор го искористил за повикување на сите племиња и соседни државјани во Ислам. А наредната година обавува умра- обредот, за да една година по тоа, т.е. во 8. година од хиџрата кога Курејшите го прекршуваат тој договор, влегол со асхабите (р.а.), како победник во Мекка и тоа токму онака како му било ветено и потполно се остварило пророштвото.

2.Зборовите на Возвишениот во сура Ан – Нур, 55:

“Аллах ветува дека оние меѓу вас кои ќе веруваат и добри дела ќе прават сигурно за намесници на земјата ќе ги постави, како што ги поставил за намесници оние пред нив, и дека целосно нивната вера ќе ја зацврсти, онаа, која Тој им ја сака, и дека стравот со безбедност сигурно ќе им го замени; тие само мене ќе ми се клањаат, и нема да ги сметаат другите рамни на Мене…”.

Возвишениот Аллах Своето ветување го исполнил. Ја зацврстил верата на муслиманите уште додека бил жив Пратеникот (алејхи селам). Нејзината стабилност се зголемила за времето на Ебу Бекр Ес – Сидик, радијеллаху анхум, потоа во времето на Омер ибн Ел-Хаттаб, радијеллаху анхум. Зацврстувањето на таа вера продолжи во времето на Осман, радијаллаху анхум, кога исламот се проширува и кон запад и кон исток. И не поминало ниту четвртина век од смртта на Мухамед алејхи селам, а Аллаховата вера ги победила сите останати верувања на Саудискиот остров и пошироко кон истокот и на западот, а муслиманите му се клањале само на Аллах, сигурни и од секој страв ослободени. Исламот сигурно ќе стигне дотаму каде што ќе стигнат денот и ноќта. Аллах нема да остави ниедна куќа во град или во село, а да исламот не влезе во неа, дали со понос или со понижување; со понос со кој исламот уште повеќе ќе се воздигне или со понижување со кое Аллах ќе го понижи неверството.(Ахмед, Бејхеки, Хаким и Таберани)

На светот нема да остане ни една куќа ни село ниту град, а да Аллах во неа не ја внесе пораката на Исламот. (Ахмед, Ибн Хибан Ет Табери)

Пратениковото навестување дека исламот ќе стигне дотаму каде што стига денот и ноќта укажува дека исламот ќе се шири на сите меридијани во светот. Денес нема земја во светот во која нема муслимани, наскоро ќе дојде време кога исламот ќе влезе во сите земји, градови и села и во сите куќи. Денеска во ерата на забрзана глобализација и современите технички средства на комуникација во многу случаеви допринесуваат на брзото ширење на исламот, на неговите идеи и пораки. Со тоа, таму каде што исламот и не стигнал, стигнала неговата порака, по пат на весници, медиуми, радио, телевизија и интернет. Аллах со ова сака да укаже дека е задоволен Неговата вера да надвладее со целото човештво, што преку овој хадис укажува ќе се случи еден ден. Аллах тоа јасно го навестил и во својата Книга, Светиот Куран:

Тој го испратил Својот Пратеник со упатство и со правата вера, за да би ја воздигнал над сите останати вери, дури да не им е по волја на многубошците. (Ет Тевба, 33 ; Ел Фетх, 28; Ес Сафф, 9)

  1. Зборовите на Возвишениот во сура Ел-Фетх, 16:

“Ќе бидете повикани да се борите против народ многу силен и моќен, се додека не се покори”, исто така се овистиниле.

  1. Аллаховите зборови во сура Ен-Наср, 1-2:

“Кога ќе дојдат Аллаховата помош и победа, и луѓето ги видиш групно во Аллаховата вера како пристапуваат…” исто така се овистиниле токму онака како и биле најавени, кога во осмата година по хиџрата се ослободи Мекка, луѓето групно пристапувале во Аллаховата вера.

  1. Аллаховото ветување на Пратеникот алејхи селам во сура Ел-Маиде, 67:

“… а Аллах ќе те брани од луѓето”, се оствари и покрај мноштвото на оние кои сакале да му наштетат. Возвишениот Аллах го штител од луѓето се до неговата преселба од овој свет.

6.Во тој контекст се зборовите на Аллах и во сура Ер – Рум, 2 – 6:

“(2) Византијците се победени, (3) во соседната земја, но тие, по нивниот пораз, сигурно ќе победат, (4) за неколку години – пред или по тоа, одлуката е на Аллах – и тогаш верниците ќе и се радуваат1 (5) на Аллаховата помош, – На кого сака Тој му помага, Тој е Силен и Сомилосен – , (6) ветувањето е Аллхово, а Аллах своето ветување ќе го исполни, но повеќето луѓе не знаат.” (Персијците ги победиле Римјаните во пределите блиски на арапите, т.е., во пределите на Шам (помеѓу Палестина и Јордан). Војската на персискиот цар Сабура го присилила византискиот цар Херакле да бара азил во Константинопол (денешен Истамбул), каде што бил долго под опсада. И тогаш, по тој пораз, во 622. г. Аллах му го објавува на Мухаммед алејхи селам овој ајет во кој ветува победа на византијците над персијците, и тоа во рок од 3-5 години. А Аллах своето ветување секогаш го исполнува. И во 627.г. Херакле ја добива големата битка против персијците во Нинива, на крајбрежјето на реката Тигар. Тие две земји тогаш во тоа време биле две најголеми светски сили. Персија на исток, а Византија на запад, и кој, освен Аллах, можел со сета сигурност да знае дека поразените Византијци ќе ги победат Персијците !? (Ет-Тефсирул Мунир, од Зухајли). Тогаш ќе се радуваат муслиманите: Персијците биле огнопоклонувачи, а Византијците христијани, па муслиманите ја посакувале победата на оние кои им биле поблиски во верата. А следбеникот на Книга на муслиманот му е секогаш поблизок отколку идолопоклоник. (Ет-Тефсирул Мунир, том 23-24. ,стр.49).) Аллаховото ветување се исполнило. Римјаните, после седум години по сопствениот пораз ги победиле Персијците.

7.Потоа, погледни го 9-от ајет на сура Ел-Хиџр:

“Ние, навистина го објавуваме Кур’анот и навистина над него ќе бдееме!” Т.е. Возвишениот Аллах го чува од искривување, додавање и одземање. Тоа, денес, јасно се отчитува. И нека е благодарност на Аллах за таа благодет.

Слично е и во 42-от ајет, во сура Фуссилет:

“Лагата му е туѓа, од било која страна, тој е Објава од Мудриот и за пофалба Достојниот”.

8.Во тоа спаѓаат и Аллаховите зборовите во сура Ел- Бекара 94 -95 кои се однесуваат на евреите:

“(94) Кажи: Ако е кај Аллах џеннетот2 осигурен само за вас, а не и за останатите луѓе, тогаш вие смрт посакајте, ако вистината ја кажувате. (95) А нема никогаш да ја посакате поради она што го правите! А Аллах добро ги познава неверниците.”

Во тоа влегуваат и зборовите на Возвишениот од сура Ел-Бекара, 23 – 24:

“(23) А ако се сомневате во она што му обајавуваме на Својот роб, направете вие една сура слична на нему објавена, а повикајте ги и вашите божества, сем Аллах, ако вистината ја кажувате. (24) Па ако не направите, а нема да направите, тогаш припазете се од огнот за неверниците подготвен, чие гориво, ќе бидат, луѓето и камењата.”

И ветувањето се исполнило.

Од времето на Аллаховиот Пратеник (с.а.в.с.), кога арапските идолопоклоници биле ревносни во обидот за уривање на неговата мисија па се до денес, наспроти многубројните предизвици, никој не напишал нешто слично како Куранот. И не само тоа, туку неможел да донесе ниту најкус текст сличен на кур’анската сура. Претходните вести, како и оние на нив слични, кои ги наоѓаме во Чесниот Кур’ан, јасно укажуваат дека тој е говор на Возвишениот Аллах, бидејќи Аллаховиот закон се спроведува, и кога некој би тврдел дека веровесникот лажел за Аллах, таа негова вест, на крајот не би се покажала вистинита. Напротив, Аллах би ја разоткрил и на луѓето би им ја обелоденил. Чесниот Кур’ан ни донесува вести за уништените древни цивилизации. А познато е дека Мухаммед алејхи селам незнаел ниту да чита ниту да пишува, ниту пак работел со научниците во училиштата, тој пораснал кај народот кој ги обожувал идолите, не владеел со никаква наука, а тој сам никогаш не излегол надвор од тој народ за да учи кај друг.

Токму затоа во Библијата се дава јасен критериум како да се разликува лажен од вистински пророк: И рече… Господ: …Кој, пак, пророк ќе се осмели да зборува од Мое име, она што не сум му заповедал да говори и оној што ќе зборува од името на други богови, таквиот пророк да биде погубен.

Па ете тоа е разликата. Мухаммед не бил погубен туку умрел со природна смрт. Исус според денешното христијанство бил погубен. Тоа не е вистина. Куранот ги разоткрил плановите на лицемерите кога во тајност ги подготвувале. Аллах џеле шенуху за се до подробности го известувал својот Пратеник. Во сето тоа наоѓале само чиста вистина. Куранските кажувања за нив, не можеле да ги спорат. Ист е и случајот со разоткривањето на скриените еврејски чувства и ситуации низ кои тие поминувале.

Раѓањето Христово, кога христијанството било гонето, а христијаните по бројност биле не многу голема група. Како да се говори за проповед по целиот свет, кога по сите човечки мерила, немало никаква гаранција дека дури ни Писмото воопшто ќе се сочува. Овој ајет го има дури во три поглавја во Куранот што јасно укажува на значењето на она што Аллах Племенитиот сака да го порача.

Зажал, муслиманите во период на декаденција и стагнирање заборавиле и ги занемариле добрите вести. Воглавном се кажувале ајети и хадиси кои зборат за фитна, анархија и предзнаците за Судниот ден. Со ваквата наклоност и безнадежност влевале песимизам во срцата на верниците.

Прашање: Во еден од хадисите, Мухамед тврди: „Никој не знае што ќе биде утре, што е сокриено во утробите, што ќе стекне тој утре, во која земја ќе умре и никој не знае кога ќе падне дожд“ (Бухари, 1039). И така, самиот тој нагласува дека не ја знае иднината, но тоа е, така да кажеме, половина од маката. Согласно со муслиманските извори, Мухамед сепак давал претскажувања, а тие пак – не се исполнувале!

Одговор: За претскажувањата веќе наведовме погоре дека многу од нив се исполниле и биле докажани. А за иднината јасно е дека ниеден човек не ја знае. Особено неможе да а знае иднината без Божја дозвола и вдахнување. Вушност иднината и настапуањето на Судниот ден не ја знае ниту Исус, а ни ангелите. Тоа е нормално да не го знаат Пратениците. Тие носат само вести, а вистинските најави и прецизноста кога што ќе се случи е во Куранот, а сигурно има и во некои места во Библијата кои не биле изменети. Всушност Библијата го најавила и Мухаммед а.с. како што објаснивме погоре.

Во евангелието според Марко (13:32) се вели:

“А за оној ден и час, никој не знае: ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Таткото.”

Оваа изјава не сао што ја побива Исусовата божественост, туку о го побива учењето за тројството, затоа што Исус го ограничува своето знаење за судниот ден со Аллах, исклучувајќи ја можноста дека тој или било кој од творенијата, поседува знаење за судниот ден. Всушност, тој се поистоветува со останатите творенија во незнаење. Ако Исус е Бог, тогаш би знаел кога ќе се случи судниот ден и не би си го демантирал своето знаење.

0 views0 comments

Comments


bottom of page