top of page
Writer's pictureinfoislam

Како најдобро да се искористи времето

mosqueinabuja

Ако се обидуваш да ја постигнеш оваа величествена состојба, и ако сакаш да придонесеш и другите во твојата околина да бидат среќни, тогаш заборави на денгубење, а меѓу тебе и играта стави завеса.

Во само една минута може да се стори големо добро и заслужи голем севап. Само една минута може да ти го продолжи животот, да ја зголеми твојата продуктивност, да го зајакне помнењето, и да ги зголеми добрите дела. Во само една минута, во твојата книга на дела може да се запишат многу работи, само кога би знаел како да ја сочуваш.

Ова што ќе го наведам се само некои дела кои можат да се сторат во една минута:

1.Во само една минута можеш да ја прочиташ сурата Ел-Фатиха, полека и во себе. Со тоа заработуваш 1400 севапи-добри дела, како што пресметале некои учени луѓе. Ако ја проучиш седум пати, тогаш тоа се 9800 севапи, и сето тоа само во една минута.

2.Во само една минута можеш да ја проучиш сурата Ел-Ихлас, или нам попозната како Кул-хуваллаху, дваесет пати полека во себе. Учењето на сурата Ел-Ихлас е еднакво на третина од Кур’анот, а учењето на сурата 20 пати, исто е како да си го прочитал Кур’анот седум пати. Ако ја проучиш сурата дваесет пати, секој ден во рок од една минута, тогаш тоа за еден месец е 600 пати, за една година 7200 пати, што значи дека ќе бидеш награден како да си го прочитал Кур’анот 2400 пати.

3.Во една минута можеш да проучиш една цела страница од Кур’анот.

4.Во само една минута можеш да научиш напамет еден краток ајет.

5.Во една минута можеш дваесет пати да изговориш :”Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, лехул мулку ве лехул хамду ве хуве ала кулли шеј’ин кадир”. Наградата за ова учење е како да си ослободил 8 робови на Аллаховиот пат, и тоа потомци на Исмаил а.с.

6.Во една минута можеш да изговориш ”субханаллахи ве би хамдихи” 100 пати. Кој ќе го изговори тоа, ќе му бидат простени гревовите, па и да биле големи колку морска пена.

7.Во една минута можеш да изговориш 50 пати:”субханаллахи ве би хамдихи субханаллахил-азим”. Два збора лесни на јазик, тешки на вага, но драги на Милостивиот. (Бухари и Муслим).

8.Аллаховиот пратеник с.а.в.с.,кажал:”Помило ми е да кажам ‘субханаллахи вел хамдуллилах, ве ла илахе иллаллаху, валлаху екбер’, отколку она над што излегува сонцето”(Муслим). Овие зборови можат да се повторат 20 пати во минута. Истовремено, овие зборови му се најмили на Аллах с.в.т., додека нивната тежина на кантарот е огромна.

9.Во една минута повеќе од 40 пати можеш да изговориш “ла хавле ве ла кувете илла биллах”. Овие зборови преставуваат една од џеннетските ризници, како што пренесуваат Бухарија и Муслим, а истовремено му помагаат на човека да поднесе потешкотии и да заслужи големо дереџе.

10.Во една минута можеш да изговориш 50 пати “ла илахе иллаллах”. Ова е највеличествениот збор, збор на тевхидот. Оној кому ќе му бидат последни овие зборови, ќе влезе во Џеннет.

11.Во една минута можеш да изговориш 15 пати “субханаллахи ве би хамдихи адеде халкихи ве рида нефсихи зинете аршихи ве мидаде келиматихи”. Ова се зборови кои значат повеќе отколку самиот теспих и зикр, како што се пренесува од Пратеникот с.а.в.с.

12.Во една минута можеш да побараш прошка од Аллах с.в.т. повеќе од 100 пати со зборот“естагфируллах”. Непроценлива е вредноста на овие зборови: истигфарот е причина за влез во Џеннет, простување на гревови, причина за убаво живеење, зголемување на силата, отстранување на тешкотиите, олеснување во работата, спуштање на дождот, зголемување на имотот и дарување пород.

13.Во една минута можеш да донесеш 50 пати салават на Пратеникот с.а.в.с., со зборовите“Салаллаху алејхи ве селем”. Поради ова Аллах над тебе ќе донесе 500 салавати.

14.Во една минута можеш да изговориш зборови кои се вредни кај Аллах с.в.т., до тој степен што во еден момент пред смртта, наместо заслугата Џехенем, може да се заслужи Џеннет.

15.Во една минута можеш да размислуваш за настанокот на небесата и на Земјата, па да бидеш вброен во оние кои се обдарени со разум и кои Аллах с.в.т. ги пофалил во Својата Книга.

16.Во една минута срцето може да ти се исполни со благодарност кон Аллах, со љубов, страв, надеж и желба за Него. На тој начин можеш да постигнеш големо дереџе во покорноста на Аллах, и сето тоа додека се опушташ и одмараш во креветот или во својата соба.

17.Во една минута можеш да прочиташ две страници корисна книга.

18.Во една минута можеш да се јавиш по телефон кај некого од твојата фамилија.

19.Во една минута можеш да ги подигнеш рацете и да довиш со кренати раце.

20.Во една минута можеш да повикаш селам некому и да се ракуваш со голем број луѓе.

21.Во една минута можеш да наредиш да се прави добро или да спречиш некое зло.

22.Во една минута можеш да го посоветуваш својот брат.

23.Во една минута можеш да учествуваш во некое добро дело, т.е. да вложиш убав шефат за некого.

24.Во една минута можеш да го развеселиш тажниот и да му ги оттргнеш грижите.

25.Во една минута можеш да отстраниш нешто што е пречка на патот.

Една правилно искористена минута води кон друга правилно (целисходно) искористена минута, во која може да се направат добри дела за кои не е потребно вложување на посебен напор или дел од имотот. Значи, во секој миг: во автомобилот, при прошетка, седејќи, лежејќи, и во сите други позиции, можеш да правиш добри дела кои се причини за среќа, широкоградост и отстранување на неволјите.

Ти советувам да ги запомниш, да ги испечатиш или да ги препишеш овие точки. Да се потсетиш што сè можеш да сториш во една минута. Да видиш колку си го искористил своето време и колку си им помогнал на своите браќа муслимани. Ниту едно добро дело немојте да го заборавите или потцените.

Превземено од http://www.kaleemat.org

Превод од босански : Арслан К.

0 views0 comments

Comentários


bottom of page