top of page
Writer's pictureinfoislam

Како свеската на Тони Блер го прифати исламот

Сестрата на жената (свеската)  на Тони Блер го прифати Исламот

Денес, г-ѓа Л. Бат како муслиманка, верничка, секогаш кога излегува од својата куќа во Лондон излегува покриена, клања пет дневни намаза, не пие алкохол, не користи свинско месо како што правеше пред да премине во Ислам, го чита Куранот и ги посетува локалните џамии.

Според неа, Патувањето во Иран беше причина новинарката Лорен Бут да стане муслиманка и да ја стави шамијата.

Според лондонскиот весник „Дејлимејл“, напишано од Давид Вилкс на 25 октомври 2010-та година Исламот го прифати,свеската на Тони Блер, г-ѓа Лорен Бут.

Тони ( Антони Чарлс Линтон ) Блер роден на 6 мај 1953 кој беше премиер на Англија од 2 мај 1997 до 27 јуни 2007 од протестантско потекло, на 23 јуни 2007 му напиша на папата Бенедикт 16-ти дека сака да стане католик. На овој начин стана католик , но рече дека „Ова е приватно“.

По три години од „Ова приватно “, неговата свеска, г-ѓа Лорен Бут објави дека станала муслиманка.

Lauren-Booth--006

Која е г-ѓа Лорен Бат?

Г-ѓа Лорен Бот е родена на 22 јули 1667 во Ислингтон – Лондон. Таа е позната новинарка, спикерка. Пишувала за престижните весници „New Statesman“, „Mail on Sunday“, „Sunday Times“ и „Daily Mail“, пишувала колумни во телевизиите како „Sky News“, „BBC One“ и „BBC News 24“…

Денес работи во каналот Press TV на англиски јазик основана од Иран.

Г-ѓа Лорен Бут е сестра на Чери Блер, сопруга на Тони Блер, поранешниот премиер на Англија, таа е шеста ќерка на актерот Тони Бот. Сопруга е на актерот Крејг Дарби со кого има две деца, Александра и Холи.

Зошто го прифатив Исламот?

Г-ѓа Лорен го прифати Исламот кон половината од септември месец 2010-та година откако беше на посета на Иран како што ја нарече „свето искуство“. Таа одлучи да стане муслиманка откако ја посети Величествената џамија на Фатиме ел Ма’сумех изградена од Шах Аббас во 17-от век во градот Кум.

Г-ѓа Лорен вели :

„Беше вторник навечер, бев седната и ја чувствував таа доза на душевна морфина, целосна радост…“

И пред будењето на нејзиниот душевен „свет“ во џамијата Фатиме ел Ма’сумех во ирански Кум, таа имала симпатии за Исламот и поминала доста време дејствувајќи како новинарка во Палестина, вели таа додавајќи дека со прифаќање на исламската вера може да му помогне на Тони Блер да го промени својот став кон Исламот.

Денес, г-ѓа Л. Бут како муслиманка, верничка, секогаш кога излегува од својата куќа во Лондон излегува покриена, клања пет дневни намаза, не пие алкохол, не користи свинско месо како што правеше пред да премине во Ислам, го чита Куранот и ги посетува локалните џамии.

Благодарноста му припаѓа на Возвишениот Алах.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page