Исправните претходници не спиеле поради страв од џехеннемскиот[1] оган
Кажува Есед б. Веда: „Кога Шедад б. Евс би легнал во постела не би можел да заспие и би говорел : „Господару мој кога и да се сетам на Џехеннемот ми се разбива сонот“, и потоа би станал и би почнал со молитва.“
Кажал Ебу Сулејман Ед Дарани: Кога Тавус би отишол во постела долго би се превртувал, потоа би ја собрал и би се свртел кон киблата останувајќи така се до утрото“ и при тоа би говорел: „навистина помислата на пеколот ги спречува побожните од спиење.“
Прераскажува Малик ибн Динар дека ќерката на Ер Ребија б. Хејсиме запрашала:
„Тато зошто ти не спиеш додека другите спијат? Тој одговорил:„Навистина пеколниот оган го спречува твојот татко од сон.“
Кога Сефван б. Хазрех би го прекрила ноќта тој би плачел и би се превртувал во постела говорејќи: „Стравот од огнот го отргнал мојот сон од мене.“
Амир б. Абдуллах би имал обичај да каже: „Се чудам на човекот кој го бара Џеннетот со спиење, а уште повеќе се чудам на човекот кој спие , и не се плаши од огнот. Кога би паднала ноќта би кажал на себеси. „Пеколниот оган го одалечуваат сонот“ и би чинел ибадет[2] се до зора.“ А кога би се разденило би кажал на себеси: „Пеколните жештини го одалечуваат сонот“ и не би спиел се до ноќта.“
Прераскажува Ел Хур б. Хусејн Ел Фезари : „Видов еден старец од племето Фезар на кој Халид б. Абдуллах испратил илјада златници. Тој одбил да ги прими, а потоа кажал: „Сеќавањето на џехеннем во моето срце ја изгасила желбата за овој свет.“
Ел фезари понатаму вели: „Кога луѓето би заспале тој би станувал и преку плач би говорел:
„Оган..оган..оган..!“
Вели Исмаил Ес Суди: „Во една прилика Јусуф Ел Хаџаџ му се обратил на Сеид б. Џубејр и му кажа: „Сум чул дека никогаш не си се насмеал.“ Сеид му кажал: „како да се смеам, а пеколот веќе е потпален, синџирите се подготвени, а зебаниите [3]спремни чекаат“
„Страв од оган“ Хафиз Ибн Реџеп Ел Димишки
[1] пекол
[2] Обожување, дело на покорност со кои сакаме да му се приближиме и задоволиме Создателот
[3] Ангели задолжени за пеколот
Comments