Чудно е и крајно индикативно дека многу христијански автори и покрај јасните историски факти кои зборуваат за личноста на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, злонамерно, на Пратеникот на милоста му припишувале грубост и насилство и кажале дека исламот се ширел со сабја. Но, поради вистината и објективноста, треба да се каже исто така дека многу западни т.е., христијански мислители и научници одговориле на тие клевети и измислици и со силата на историските аргументи ги демантирале и побиле сите лаги за Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем. Некои од тие одговори ќе ги споменеме во оваа студија. Клевети на Пратеникот и одговорите на христијанските научници на тие клевети Еден од попознатите историчари кои објективно и непристрасно пишувал за Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, секако е Французинот, Луис А. Седиллот. Во својот одговор на оние кои задоени со пагански жар пишувале негативно за Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, тој помеѓу останатото одговара: „Очигледното извртување на фактите и огромните лаги одат на душите на авторите кои го клеветеле Мухаммед за грубост и насилство. Му приговориле дека не вложил труд во искоренување на лошите обичаи наследени од предисламскиот период.
Тие писатели како никогаш да не ги читале куранските ајети преку кои Мухаммед еднаш за секогаш го укинал одвратниот пагански обичај на убивање на женски деца и како воопшто да не размислувале за простувањето и благородноста која ја покажал кон своите непријатели при освојувањето на Мекка, како и кон многубројните племиња кои војувале против него. Тие како да заборавиле дека Мухаммед го одбил предлогот на Омер да се убијат сите заробени идолопоклоници после Битката на Бедр и дека пресудата против еврејското племе Бену Курејз, кое го предало Мухаммед, го оставил на својот другар, а нивен некогашен сојузник, Сад ибн Муаз. Потоа, дека му простил на убиецот на својот чичко Хамза и дека никогаш не одбил прошка и благост кога за тоа му се укажала можност.“ (Исламот помеѓу објективноста и оспорувањето, 134 стр.)
Британската научничка, Карен Армстронг, во воведот на својата книга „Мухаммед – Пратеник за нашето време“, пишува: „Погрешно е да се мисли дека исламот во својата основа се одликува со суровост, насилство и пристрасност, како што тоа некои го мислат и зборуваат. Исламот е се-светска религија и никако не може да и се припише источната агресивност и нетрпеливост наспроти западот.“ (Карен Армстронг, Мухаммед – Пратеник за нашето време, 19 стр.)
После тоа, објаснувајќи ги причините за клевета на исламот и Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, таа вели: „Ние западњаците мораме да се ослободиме од нашата наследена пакост и омраза, а личноста каква што е Мухаммед, заслужува од неа да почнеме и презирот и омразата кои кон него ги носиме во целост да ги искорениме.
Тој бил многу чуствител човек и втемелувач на вера и цивилизација на која сабјата не е темел и потпирач. Таа вера се вика Ислам а тој збор во целото свое значење упатува на мир и толеранција.“ (Мухаммед – Пратеник за нашето време, 393 стр.)
Тврдењата дека исламот се ширел со сабја се апсурдни и малоумни
Холандскиот историчар и ориенталист, Реинхар Дози, објаснувајќи дека Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, никогаш никого не присилил да прими ислам, вели: „Не е забележен ниту еден единствен случај во неговиот живот дека некој бил присилен да прифати ислам, па макар да се работи за психолошки притисок, а камоли за употреба на сабја и примена на насилство.“ Познатиот христијански историчар Густав Лебон, за истата тема, вели: „Исламот не се ширел со сабја, туку со мисионерство. Преку мисионерство – давет, ислам прифатиле и оние народи кои ги поразиле Арапите, како Турците и Монголите. Куранското учење се прошири во Индија во која немало Арапи, освен оние кои ја посетувале Индија како трговци и патници.
Со ништо послаб интензитет исламот не се ширел ни во Кина која Арапите никогаш не ја освоиле. Силата и репресијата не играле никаква улога во ширењето на ислам. Арапите победените народи ги оставале слободни во нивната вера.“ (Густав Лебон, Арапска цивилизација, 128-129 стр.)
Италијанската писателка, Л. Вециа Ваглиери, објаснувајќи дека исламот не дозволува вадење меч од кориците освен во самоодбрана на животот и дека со јасни докази забранува насилство и агресија, кажува: „Шеријатот им дозволува на муслиманите борба поради одбрана на слободата на чувствата и верувањето, поради воспоставување мир, остварување безбедност и закон во општеството, како што се случило во битките на Бедр, Ухуд и на Хендек. А што се однесува до освојувањето на Хајбер и битката против Бену Курејз, тие биле последица на кршење на договорот и страшните предавства на евреите кои до тогаш биле сојузници на Мухаммед.“ (, Л. Вециа Ваглиери, Одбрана на исламот, 11-12. стр.)
Истакнатиот ориенталист Томас Карлајл дал исклучителен придонес во расветлувањето на историските факти поврзани со исламот и Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем и во раскринкувањето на безобѕирните лаги на поедини христијански автори. И никој од западните научници ништо да не напишал во одбрана на личноста Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем, освен она што го напишал Томас Карлајл, би било доволно. Во својот одговор на тие клевети тој помеѓу останатото напишал: „Тврдењата дека Мухаммед посегнувал по сабја за да луѓето ги натера и присили да примат ислам се апсурди и малоумни. Навистина се многу оние кои пишувале и зборувале дека Мухаммед својата вера ја ширел со сабја, и кој и да ги земе тие клевети и приказни за доказ за неавтентичноста на Мухаммедовата вера, ќе направи уште поголема грешка и ќе направи уште поголема неправда. На оние кои велат дека исламот не би се проширил без сабја, би требало да им се постави логично прашање. „Што е тоа што всушност и претходело на сабјата?“ А одговорот е: „Тоа е верата и уверението дека тоа во што повикува е вистината.“
Општо, секоја нова идеја се раѓа во главата на еден човек и на почеток, тој единствено верува во неа. Според тоа, тој тогаш бил сам наспроти цело човештво. Кога тој поединец би земал сабја и би се дигнал против човештвото, нема никакво сомнение дека би доживеал целосен пораз и неуспех. Поради тоа, јас сметам дека вистината сама на себе си направила пат, употребувајќи за тоа средства кои биле адекватни во дадена ситуација.“ ( Томас Карлајл, Аболиција, 76 стр.)
Шпекулациите околу ликвидирањето на племето Бену Курејз
Познато е врз основа на историски извори дека еврејското племе Бену Курејз ја населувало Медина, како што е познато дека тие со доаѓањето на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, во Медина, склопиле договор со него кој содржел општи одредби и регулативи за внатрешните и надворешните односи на Мединската заедница или држава. Помеѓу останатото, тој договор ги содржел и следниве точки: „Обврска е на сите граѓани на Медина, муслимани и евреи, да живеат во мир и соживот, а се забранува секој облик на насилство и непријателство на едни кон други. Потоа, сите жители на Медина се должни да го бранат градот во случај да биде нападнат од надворешен непријател.“
После тоа, 627 година, идолопоклониците заедно со своите сојузници, ја нападнале Медина со цел да го убијат Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем и во целост да го уништат семето на исламот. Во таа намера се собрале десет илјади, до заби вооружени борци. Бројката на муслимани кои можеле да носат оружје не преминувала повеќе од три илјади. Меѓутоа, било сосем природно и логично да во одбраната на градот да им се приклучат и евреите од племето Бену Курејз врз основа на договорот кој пред тоа го потпишале и на кого се обврзале. Наместо тоа тие постапиле сосем спротивно и во најтешкиот момент ги предале муслиманите, а на потпишаниот договор и неговата светост и неповредливост не придавале ни малку внимание. Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем, бил запрепастен од таквата постапка. За да спречи ширење на паника меѓу муслиманите, тој ги пратил асхабите Сад ибн Муаз, Сад ибн Убадет и Абдуллах ибн Ревах, уште еднаш да се обидат да ги вразумат евреите и да им ја објаснат погубноста на таквата постапка. Но се било залудно, евреите останале при својот став заедно со идолопоклониците од Мекка да учествуваат во рушење на младата исламска држава во Медина. Но, соништата не им се оствариле. Сојузниците безуспешно ја опколувале Медина и после тоа се вратиле поразени дома. Кога сè се завршило добро за муслиманите, Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем, не дозволил предавниците да поминат неказнето. Тој веднаш дал наредба на своите војници: „Никој од вас нека не клања икиндија – намаз додека не стигне во Бену Курејз!“
Не долго после тоа и Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, и се придружил на својата војска. Опсадата на тврдината на Бену Курејз траела месец дена. После тоа тие безусловно се предале. После освојувањето на тврдината, Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, го одредил Сад ибн Муаз да пресуди во случајот на Бену Курејз. Тоа била исклучително мудра и далековидна одлука, бидејќи Сад бил нивен познаник и некогашен сојузник. Евреите се израдувале на изборот на судијата и без исклучок се сложиле со таа одлука. Сад ибн Муаз, р.а., го простудирал предметот и го согледал од сите аспекти, а после тоа ја изрекол својата пресуда која гласела: „Сите полнолетни мажи од Бену Курејз да се убијат, а жените и децата да се запленат како робови и да се конфиксува нивниот имот.“ Кога ја слушнал пресудата, Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, извикнал: „Пресуди со пресуда на Господарот на световите над седумте неба!“
Казна за велепредавство
На оние кои поради таа случка константно му приговараат на Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем, и на исламот и му припишуваат насилство и бруталност, бидејќи немаат ниту еден друг доказ, им постапуваме прашање: „Што би се случило доколку сојузот на идолопоклоници влегол со својата армада во Медина?
Нема ниту малку сомнеж дека ќе ги убиеле сите муслимани, а пред се Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем. Потоа, не смее да се изгуби од предвид фактот дека евреите стапиле во антиисламски сојуз дури тогаш кога врз основа на своја пресметка, виделе дека тоа ќе биде сигурна победа и дека на тој начин за сите времиња ќе се ослободат од Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем и од исламот. Поради тоа ниту еден миг не се двоумеле во својата нечиста намера и одлука.
Второ, сите евреи а посебно тие од Бену Курејз за време додека траел договорот не доживеале од муслиманите ниту една непријатност, туку само добро, убав однос и почитување на договореното, што го потврдиле и еврејските водачи. Трето, зарем постои разлика во Садовата пресуда на државните предавници, од пресудите на судовите во современите држави, и зарем воопшто може поинаку да се однесува и да се пресуди за такво злодело и велепредавство? Имено, тоа злосторство во себе содржи четири аспекти и точки кои по сите закони и во сите држави се сметаат за велепредавство. Тоа се: 1. Побуна против легално избран владетел на држава. 2. Колаборирање со окупаторот, помагање и олеснување на непријателските сили да влезат на муслиманска територија. 3. Саботажа и шпиунирање против сопствената држава. 4.Ширење на забуна и неред и учество во информативно –психолошка војна против муслиманите. И нема сомнение дека секоја друга пресуда би била неправедна и би значела ново предавство и напад на државниот суверенитет и безбедност. Извор: Сафф.ба
Commentaires