Поедини сури од Куранот се посебно вредни и важни за учење во текот на период на анксиозност и депресија, бидејќи нивните пораки и значења можат да ги олеснат тешките психички состојби, со Аллахова помош…
Дуњалучкиот живот не е послан со ружи. Како луѓе, често страдаме поради скршено срце, тага и искушенија. Секоја од тие ситуации може да не одведе во депресија. Но, понекогаш и не ни треба некоја посебна причина за да бидеме депресивни, а кога тоа ќе ни се случи должност ни е да побараме помош. Аллах, џелле ше’нуху го објави Куранот како упатство на човечкиот род се до Судниот Ден, давајќи ни водич кој ќе ни помогне во депресивни состојби. Поедини сури од Куранот се посебно вредни и важни за учење во текот на период на анксионзост и депресија, бидејќи неговите пораки и значења можат да ги олеснат и оттргнат тешките психички состојби, со Аллахова помош.
Сура Ел Инширах – (Широкоградост)
Аллах џелле ше’нуху заедно со сурата Ед Духа – Утро ја објавил и сурата Ел-Инширах – Широкоградост. Во неа, Возвишениот му порачува на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, дека Тој ја оттргнал внатрешната болка и тага која Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем ја чувствувал поради Објавата на Куранот и тешкотиите со кои се среќавал. Возвишениот Аллах нагласува дека Тој ќе го издигне споменот на Својот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, ширум земјината топка,и денес не поминува ниту една секунда а да на некој дел од Земјата не се слушаат зборовите на езан. „Ешхеду енне Мухаммеден Ресулуллах!“. Во Сурата Инширах се споменува дека после секоја тешкотија колку и да е тешка, доаѓа олеснување, и дека тоа неминовно доаѓа после некој неволја. Како последен совет, Возвишениот Аллах му порачува на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, времето на чекањето до доаѓањето на олеснувањето да го скрати со ибадет кон Господарот, а тоа ни е и порака и на нас да во времиња на депресија настојуваме да го отстраниме својот здравствен проблем со потпирање и спомнување на Аллах.
Сура Јусуф
Една од најраните сури објавени на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем е сурата Јусуф. Се работи за единствено куранско поглавје, бидејќи речиси во целост е посветено на говор за еден Божји пратеник – Јусуф, алејхис-селам. Од оваа сура можат да се извлечат неброени пораки, а многу од нив се врзани за начините за надминување на тешки психички состојби. Да размислиме за начинот на кој Јакуб алејхис селам и Јусуф алејхис селам се бореле со душевните болки и овосветските страдањата, и како Аллах двајцата ги извишил поради нивниот сабур. Оваа сура е објавена и како утеха на нашиот Ресулуллах, алејхис селам, а и на секој од нас може да ни послужи како лек за депресија!
Сурите Ел Исра – Ноќното патување, Ел Кехф – Пештера, Мерјем, Таха, Ел Енбија – Пратеници
Угледниот асхаб Абдуллах ибн Месуд, радијаллаху анху, во поглед на наброените сури истакнал: „Тие се меѓу првите објавени сури и тие се мое богатство.“ Имам Бејхеки во коментарот на оваа изрека вели: „Ибн Месуд зборува за супериорноста на овие сури, поради тоа што тие содржат од кажувања за пратениците и нивните народи. Тие спаѓаат меѓу првите сури, објавени на почетокот на исламот, во мекканскиот период и се вбројуваат меѓу првите делови на Куранот кои се учени и памтени напамет.“ Сурите Ел Исра, Мејрем, Таха и Ел Енбија содржат многу кажувања за пратениците, древните народи а посебно за Бену Израел. Секое од тие кажувања може да помогне во лекување на депресија и да помогне да ја почуствуваме силата и величенственоста на Возвишениот Аллах.
Сурата Ер Рахман – Семилосниот
Сурата Ер Рахман содржи можеби и најречит и најубав опис како на Џеннетот така и на Џехеннемот. Таа ни зборува за многуте благодети со кои Аллах не опсипува. Тоа е сура која е смирување за ушите, лек за срце и храна за душата. Благодарение на преубавите слики и описот на Џеннетот, и поради спомнувањето на благодетите на нашиот Господар, сурата Ер Рахман е убав лек за депресија.
Сура Ен Нас – Луѓе
Често главни причини за депресија ни се слабото самопочитување и сомнежите во сопствените способности. Многу од тие работи се преувеличани со шејтановите дошепнувања, а тој се заколнал дека ќе се обидува да го заведе секој инсан на Земјата. Но, Аллах е најмилостив кон робовите и не ги оставил сами. Меѓу сурите кои се објавени како лек за шејтанските весвеси се истакнува последната куранска сура Ен Нас. Често учење на оваа сура може да ни помогне да ги отстраниме сомнежите и шејтански дошепнувања, со Аллахова помош, бидејќи се работи за сура која повикува Аллахова заштита. Извор: Акос.ба
Comments