Тој од небото спушта вода, па Ние потоа со нејзина помош правиме да никнат сите видови растенија и од него да израсне зеленило, а од него класје густо, и од палмите, од семките, гроздови лесни за берење, и градини со лоза засадени, особено маслинки и калинки, слични и различни. Набљудувајте ги, затоа, плодовите нивни, кога ќе се појават и кога зреат.(Ел Енам, 99) Исто се спомнува и во Куранските ајети во сура Ел Енам, 141 и Ер Рахман, 68.
Во хадисите за калинката ни пренесува Енес бин Малик(р.а.) преку Пратеникот алејхи селам дека кажал: „Не постои калинка која нема дел една од калинките во Рајот во неа. (Абу Нуаим)
Пратеникот алејхи селам кажал: „Калинката и нејзината кора го јакнее варењето (стомакот). (Пренесено од Алија р.а. и Нуаим)
Калинката ( Punika granatum) е грмушеста овошка со низок раст на листопадни дрвца кои растат до 5 метри височина. Потеклото е од Персија. Најодгледувана е во Турција, Тунис, Шпанија, Ирак, Кина, Калифорнија, Русија. Кај нас најмногу успева во потоплите делови на земјава, Валандово, Гевгелија, Дојран. Најмногу и одговара плодна и растресита почва, заштитена од ветрови. Зреењето, зависно од сортата е во првата декада на октомври до третата декада на октомври, бербата е во 2-3 наврати. Цветот е светло црвен, многу атрактивен и цвета во неколку фази.
Плодовите се со големина од 5-12 см во дијаметар со заоблена шестоаголна форма во кој се наоѓаат околу 600 водести семки кои се со црвена до виолетова боја. Калинките се богати со природни хранливи и лековити материи. Во исхраната калинката најчесто се конзумира како свеж сок, желе,ладни и топли сосови, густ сируп кој е засладен и е добар како додаток во коктели,за вкус во колачи.
Лековити својства: Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Калинката односно нејзиниот сок содржи големо количество на антиоксиданти, кои го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Богата е со витамини А, Ц, Е, Б5, калиум, фолна киселина и железо. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Многу студии докажале дека калинките го забавуваат развојот на ракот.
Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо. Може да помогне и кај лицата со срцеви заболувања. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Исто така, калинката помага и во намалувањето на симптомите поврзани со стареењето. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените.
Калинката содржи голема количина фенолна елагична киселина. Оваа фитохемикалија е силен антиоксидант и делува против ракот. Истражувањата покажаа дека делува во превенцијата на најраните хемиски реакции кои можат да доведат до рак.
Растителните хормони кои се наоѓаат во калинката го намалуваат ризикот за појава на рак на простата.
Една студија покажала дека калинката може да доведе до намалување на вредностите на ПСА во крвта. За подобрување на ПСА вредностите неопходно е да со месеци се пие секојдневно по 250 мл сок.
Photo by Trang Doan on Pexels.com
Сепак, има мал број на студии кои ја испитувале улогата на сокот од калинка во превенција и спречување на ширење на ракот на простатата, па затоа се потребни дополнителни испитувања, за да со сигурност се открие дали тој навистина дава одреден бенефит кај пациенти со рак на простата.
Во однос со другите сокови и зелениот чај, калинката односно нејзиниот сок, содржи најмногу антиоксиданти. Тие го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Слободните радикали го менуваат холестеролот во процесот на оксидацијата, за која се смета дека го забрзува процесот на задебелувањето на крвните садови и ја намалува нивната еластичност. Истражувањата покажаа дека сокот од калинка ја намалува оксидацијата на холестеролот.
Чај од кора од калинка многу помага при дијареа како што ни го спомнал и Пратеникот а.с., а препорачлив е и за многу мали дечиња. Се зоврива околу половина литар вода, се ставаат 3-4 парчиња кора од калинка, се намалува температурата се вари уште 5 минути, се трга од шпорет и се остава поклопено да отстои уште 15-тина минути. Се разладува и се пие во текот на денот.
Comments