Актерот веќе неколку пати има објавувано силни пораки што ве погодуваат право во сржта.
Неговите мисли ги имаат натерано многумина да стават прст на чело и да размислат. Овој пат тој се огласи за парадоксот на денешното општество.
„Не можам да бидам дел од светот каде што мажите ги облекуваат своите жени како проститутки, прикажувајќи го она што во суштина треба да биде драгоцено. Каде не постои чест и достоинство и каде единствено можете да се потпрете на едноставно „Ветувам“. Каде жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејство. Каде будалите веруваат дека се успешни додека се кријат позади автомобилите на нивните татковци, а татковците кои имаат моќ се обидуваат да ве убедат дека сте никој и ништо. Каде луѓето лажно декларираат дека веруваат во Бог со чашка алкохол во рака и без никакво разбирање за својата религија. Каде љубомората се смета за срамна, а скромноста е мана. Каде луѓето забораваат на љубов, но бараат идеален партнер. Каде луѓето го поправаат секој шум на автомобилот, не штедат ни време ни пари, а тие самите изгледаат толку сиромашно што само скап автомобил може да ги направи вредни. Каде момчињата ги трошат парите на своите родители во ноќни клубови, имитирајќи примитивни звуци, а девојките поради тоа се вљубуваат во нив. Каде мажите и жените веќе со години не се разликуваат и каде сето тоа се нарекува слобода на избор, а за оние што одбираат друг пат се жигосани како ретардирани насилници. Јас си го одбирам мојот пат, но штета е што не наоѓам разбирање кај луѓето меѓу кои најмногу сакав да најдам разбирање“
.
Comments