top of page
Writer's pictureinfoislam

Книгата е сепак незаменлива


Оние кои редовно читаат, несомнено, имаат бројни предности во однос на оние кои читаат помалку или воопшто не читаат.

Со читањето, помеѓу останатото,  се зголемува интелигенцијата, вокабуларот и концентрацијата, се засилува самодовербата, се поттикнува креативноста, се одржува помнењето и се намалува стресот. Во современото време на технологијата, читањето е олеснето со достапност на литература преку разни електронски уреди.

Таков еден уред, наречен Amazon Kindle, стана достапен 2007 година. Како најзначајна предност на овој уред се наведува se E Ink Pearl екранот, кој во однос на класичниот LCD и CRT монитор, нема позадинско осветлување кое ги заморува очите, поради што е невозможно да се чита од овој уред во мрак. Kindle ги подржува повеќето светски алфабети, а можно е и да се внесуваат забелешки благодарение на вградената тастатура. За читање од овој уред, доволно е да се превземе фајл од соодветната интернет страница, што е покрај едноставноста и економско олеснување. Без разлика на сите предности на ваквите уреди, има такви кои го заговараат и преферираат класичниот начин на читање. Судејќи според научните испитувања, се чини дека се во право.

Во месец јули оваа година, истражувачите од норвешкиот Центар за читање при Универзитетот Стравангер, на чело со Ани Манген, ги представиле резултатите на своето истражување, изведено над 50 читатели. Испитаниците имале задача да прочитаат кратка сторија на писателката Елизабет Џорџ. Приказна напишана на 28 страници, 50% од испитаниците ја читале на електронскиот уред за читање Kindle, а другите 50% во формат на класична книга. Испитаниците потоа биле ставени на тест кој вклучувал проверка на разбирањето и памтењето на прочитаното. Резултатите биле приближно исти, освен кога се работи за хронологијата на настаните. Имено, испитаниците кои приказната ја прочитале преку Kindle, покажале многу полоши резултати кога требале д ги наредат 14 случки од приказната, во соодветен временски след.

„Кога читате книга, под прстите можете да осетите како страниците се натрупуваат на левата страна, а дека се се помалку на десната. Покрај визуелен, имате и тактичен напредок. Можно е, дека разликата во резултатите кај испитаниците, е поврзана со фактот дека цврстината на хартијата и постепеното прелистување на страниците е некој вид сетилно растеретување, покрај визуелниот впечаток за напредок при читањето.“- објаснила Менген за своите претпоставки за причините на ваквите резултати.

Во 2006.година, научниците откриле дека луѓето, текстот на екранот го читаат во таканаречен Ф образец, односно дека го читаат само целиот горен дел од текстот, а потоа само површно преоѓаат преку левата страна на остатокот на текстот. Ова многу се разликува од таканареченото линеарно читање, односно начинот на читање на целиот текст. Линеарното читање, помага и во визуелизирањето на поедини информации внатре текстот, со што подоцна полесно може да се присети на истите. Но, вештината на линеарно читање, ако не се практицира, може да биде изгубена. Имено, покажано и докажано е дека оние кои долго време не читале линеарно, имаат проблем со концентрација при повторно читање и дека им е потешко да влезат т.е., да се нурнат во јазикот на книгата.

Читањето книга во принтана форма го подобрува квалитетот на сонот. Иако, времето поминато пред екран, може да биде заморувачко, светлото на мониторот ја засилува будноста, одложувајќи го така нормалното време за спиење. За разлика од тоа, со читањето книга пред спиење мозокот влегува во нова зона, различна од онаа во која е во текот на читање од екранот.

Извор: Акос.ба

0 views0 comments

コメント


bottom of page