Општопознати факти на кои се повикува
Бахаи е монотеистичка религија во која се нагласува духовното единство на целото човештво. Три основни принципи ја воспоставуваат основата за бахаи учењето и доктрина: едноштвото на Бога – дека постои само еден Бог, кој е извор на сето создание; единството на верата, дека сите големи религии имаат ист духовен извор и се од ист Бог; и единството на човештвото, дека сите луѓе се создадени еднакви, во комбинација со единство во разнообразност, на расата и културата. Според учењето на Бахаите човечката цел е да се научи и да се знае како да се љуби Бог, преку такви методи како што е молитвтаа и да се биде во служба на човештвото.
Бахаи религијата е основана од страна Бахаула / Bahá’u’lláh (1817-1892). Како син на благородник, персиски државен министер, тој согласно традицијата можел да води луксузен живот со статусна световна моќ, но тој се откажал од тоа. Во 1863 Бахаула ја објавил неговата порака, дека е гласник на Бога во тоа време. Поради ова тврдење и неговите учења, Бахаула и неговите приврзаници биле прогонувани како од секуларните и религиозните моќници. Bahá’u’lláh беше прогонет за неговите учења од Персија во Отоманската империја, а починал додека бил затвореник. По смртта на Bahá’u’lláh, под раководство на неговиот син, `Абдул -БАХА, религијата се шири од своите персиски и отомански корени(шиитско-суфиски), и се стекнала со база во Европа и Америка, додека во Иран и Египет е сеуште под интензивен прогон. По смртта на Абдул-БАХА, раководството на бахаи заедница влезе во нова фаза, се развива од поединечна во административна цел и со избрани тела и именувани лица. Постојат веројатно и повеќе од 5 милиони Бахаии во целиот свет во повеќе од 200 земји и територии.
Во Бахаи верата, религиозната историја се гледа да се одвиваат преку серија на божествената амбасадори, од кои според нив секоја религија била прилагодени на потребите на времето и на капацитетот на луѓето. Овие амбасадори за нив се личности како Авраам, Мојсеј, Исус, Мухамед, како и личности од индиски религии како Кришна, Буда, и други. За Бахаиите, најновата веровесници се Баб и Бахаулллах. Во бахаи верување, секој последователен гласник пророкуваа за гласниците кои треба да следат, и животот и учењата на Бахауллах се според тоа исполнување на ветувањата од претходните книги и најави. Човештвото со тоа би требало да биде во процес на колективно еволуција, како и потребата на сегашното време заради постепено воспоставување на мир, правда и единство на глобално ниво.
Критика кон Бахаите
Бахауллах иако тврди дека го наследил исламското учење ги укинал рамазанските пости и вовел некои нови свои пости кои трајат секоја година 19 дена. Потоа истиот ја укинал полигамијата додека самиот имал 3 жени со кои живеел истовремено. Светскиот центар на Бахаите се наоѓа во Хаифа, денешен Израел каде се врши огромна пропаганда на оваа вера во целиот свет. Многумина поради тоа ги обвинуваат дека со тоа го помагаат меѓународниот Ционизам. Бахаи верата е одделна од верата на Баб и двете секти при поделбата имале бројни контраверзи и политички мотивирани убиства.
Бахауллах и неговите придружници
Не може да не се критикува мисијата на соединување на сите религии во една вера а познато е дека истите имаат меѓусебно многу разлики. Секако Божјата вера е една единствена и не е подложна на измени од типот на соединување во име на човештвото, наместо на соединување на правилен начин а тоа е во име на Бог. Иако мисијата на Бахаите е духовна со морална содржина не може да не се забележи дека тие во своите учења земале и предисламски традиции како прославата на Невруз – персиската Нова Година, потоа повикување дека и Баб и Бахауллах се Божји последни гласници, па дури и Пратеници, со што истите се ставиле над сите пророштва, но за жал не ги исполниле очекувањата на ниедна позната религија. Ниту христијаните, ниту муслиманите, ниту евреите, па ни будистите не нашле ни малку сличност или наклонетост кон нивните тврдења, по што бахаите останале во сенка како некоја исламска секта, како што се кадијаниите и ахмедиите. И кадијаниите и ахмедиите и бахаиите, како и алевитите(бекташиите), сиките, се препознатливи по своето мешање на различни верски догми и учења и се прилагодувале за да бидат симпатични и поприфатливи за другите луѓе, криејќи се позади разни неисполнети пророштва и очекувања користејќи го периодот на слабост на некое време на војни и предизвици.
Ова особено е видливо во време на лажни мехдии и пророци кои секогаш се појавувале кога исламскиот народ и цивилизација доживувале порази и слбеење како на политички така и на верски-секташки план. Тогаш како печурки изникнувале учења кои посакувале да ја трансформираат верата на начин на кој би била најлесно прифатлива за обичниот народ. Голем број на студии го анализираат и се чудат како ваква религија како што се бахаиите која алудира со најпозитивистички и духовни закрила не успеала да го разгради исламот туку напросто слабеела и денеска луѓето кои ја водат оваа група едноставно се поединци кои се немоќни да влијаат на било каква политичка промена и се само неми сведоци на едно немо романтичарско време на будење од декаденцата која владеела во исламскиот свет.
Такви случаеви има и денеска и сектите кои се појавуваат се само процес на девијација и нереалното очекување дека Куранот и Верата Божја треба да се промени за добробит на сите луѓе. Бахаи заедница не постои во Македонија освен што е достапна на следниот сајт: http://www.bahai.mk/, додека солиден успех на планот на промоција и ширење засега покажува во Босна и Херцеговина во која што се преставени преку оваа страница: http://www.bahai.ba.
Commenti