top of page
Writer's pictureinfoislam

Колку ангели се бореле, 1000 или 3000?

Според сура 3:124-126 тоа биле 3000 ангели:

124. Кога ти им рече на верниците: „Зарем нема да ви биде доволно вашиот Господар да ви помогне со три илјади мелеци?

125. Секако! Ако бидете издржливи и послушни, и ако одеднаш ве нападнат, Господарот ваш ќе ви обезбеди помош од пет илјади обележани мелеци.“

126. Тоа Аллах го направи само за да ве израдува и со тоа срцата ваши да се успокојат, – а нема помош, освен од Аллах, Силниот и Мудриот! –

Додека според поглавје 8:9 биле 1000:

– И кога од Господарот свој помош побаравте, Тој ви се одѕва: „Ќе ви пратам на помош илјада мелеци кои едни по други ќе доаѓаат.“

Одговор:

Ајетите од поглавје 3 се однесуваат на битката на Бедр , но коментаторите во Куранот се поделени и некои велат дека се однесува за битката на Ухуд. Разликата во мислењето е баш поради бројот на ангели. Еден од добрите претходници Реби Ибн Енес вели:

„Аллах ги помогнал муслиманите испраќајќи им илјада боци, па потоа таа војска прераснала во 3 000 , па потоа во пет илјади.

Како и да е 1000-та ангели биле пратени оној момент кога Пратеникот а.с. Го замолил Аллах, со зборови во кои кажал дека оваа мала група на муслимани ќе бидат унишштени и ќе нема кој да Го обожува после нив. Аллах ветува дека ќе испрати војска од ангели кои се еден по друг ќе се спуштаат. Војската на ангелите е спуштана во три интервали(етапи) како е веќе кажано, и на начин на кој што муслиманите, иако три пати со помала бројност, ја добиле победата, но првин со своја верба , а потоа со помош Божја преку ангелите кои биле праќани зависно од нивната верба.

А Аллах најдобро знае.

0 views0 comments

Comments


bottom of page