top of page
Writer's pictureinfoislam

Колку е долго траењето на Денот кај Алах

1000 години или?

22:47

И бараат побрзо од тебе за казната, но Аллах не ќе го изневери ветувањето Свое. Еден ден кај Господарот твој е како илјада години кои вие ги броите.

32:5

И Тој управува со се она што е меѓу небесата и Земјата, а потоа, во Денот определен, кон Него ќе се извиши: на Денот кој трае илјада години, според она како што вие броите!

Постојат коментатори на Куранот (муфесири) кои се традиционалисти и должината на траењето на денот сметаа дека е 1000 дена , меѓу нив се Ибн Абас, Ибн Кесир, Муџахид, Дахак, Кааб ,како имам Ахмед и Ибн Џерир.

„ преку кои се качуваат мелеките и Џибрил до Него, за еден ден кој изнесува педесет илјади години;“ (70:4)

Односно денот и времето во кој се качуваат ангелите и Џибрил до Семоќниот, за еден ден кој изнесува педесет илјади години;

Исто така шејх Ел Мези вели дека над Џеннет фирдевс се наѓа Аршул Рахман од кого жителите на рајот ќе слушаат чкрипење , кое ќе потекнува од славењето на ангелите кои се наоѓаат под Божјиот Престол и заради нивната близина до него. Ова укажува дека жителите на Рајот се суштества во некое идно време, односно време кога веќе настапил Судниот ден или после него.

Тефсирот на Џалалајни ни кажува дека ова се однесува на Судниот ден, иако тоа може очигледно да се препознае со читање на ајетите по претходниот и по стихот за кој станува збор (70:4). Значи, во суштина сфаќаме дека овој ајет ни кажува дека Судниот ден се мери како 50.000 (педесет илјади) години. Тефсирот Џалалајни оди понатаму и спомнува дека е од перспективата на неверникот; оттука Денот ќе биде различен за неверникот (подолг) и верникот (пократок). Но, за целите на овој напис, доволно е да се знае овој ајет од Куранот (70:4) се однесува на Денот на Проживување и се однесува на различен настан (не на истите настани споменати во двата претходни стихови, 22:47 и 32:5)

Така, сфаќаме дека Куранот зборува за три различни настани кои траат одредено време (денови):

Ајетот 22:47 се однесува на ден во Ахирет (т.е. Пеколот) кој трае 1.000 години. Ајетот 32:5 се однесува на должината на времето (ден/долг период/епоха) за работите да одат до Алах, што се состои од 1.000 земјини години. Ајетот 70:4 се однесува на Судниот ден кој трае 50.000 земни години за неверникот. Сите три од овие настани бараат одредено време. Два од нив ни одземаат 1.000 години од нашата пресметка, додека на последната 50.000 години од нашата пресметка.

Значи, да резимираме, можеме да кажеме дека нема противречност бидејќи Куранот не зборува за истиот настан во секој ајет е посебен настан. Затоа избираме дека воопшто нема контрадикторност.

0 views0 comments

Comentários


bottom of page